Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Ок tnx Лилит :) Ќе продолжам да го користам.
     
  2. secret

    secret Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Може ли малку подетално за пилингот со талогот од кафе и едрата сол? Колку талог е потребно и дали талогот се меша потоа со солта? :)
     
  3. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    161
    Da i jas bi sakala da znam kolku sol e potrbno da se stavi zaedno so talogot + bi sakala da prasam ( do Maca-mk ) za kolku vreme pominuvaat modrinkite od masazata bidejki i mene mi ispadnaa i toa mnogu :worried: ??? Vi blagodaram odnapred :)
     
  4. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    па зависи елена мене за 4-5 дена ми поминаа модринките а може и помалку ама мене дека многу ми е чувствителна кожата и на мал допир одма има реакции некој да ме стегне јако за рака одма ке ми се појави модринка :lol: :lol:
    така да не се секирајте за модринките тоа ви се резултат од масажата- зашто сте го затегнале мускулот и + јакото стискање = на модрца :lol:
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Па нема одредено колку талог треба да ставиш, ќе се измачкаш со талогот од еден фулџан, ако не ти стигне наредниот пат два фулџани ќе земеш. Дома кога ќе пијат кафе ќе ги собереш фулџаните и после ќе се масираш пред туширање. Јас не пијам кафе никако,а и мајка ми едвај едно ќе испие во денот и само ја терам да пие повеќе за да го соберам талогот :) А и за солта нема одредена мерка, од прилика ќе ставиш, колку повеќе има толку посилна ќе биде масажата.
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    76
    Баш ќе ги пробам советите за талогот од кафе, се надевам ќе ми помогнат. Но еве и еден совет од мене. Пред некое време го купив масажерот Relax & Tone од топ шоп. Не верував баш дека би можел да ми помогне во отстранувањето на целулитот и највеќе го купив да ми служи за релаксирање, но, бев многу позитивно изненадена. Не го користам многу долго, некои 2 недели, но веќе забележувам дека целулитот полека полека го снемува. Дополнително се мачкам со антицелулитната крема од Solutions на Avon и сум многу задоволна до сега. Доколку сеуште можете да го најдете овој масажер, јас би ви препорачала да си го купите, воопшто не е скап (2990 ден) а ќе бидете многу задоволни. Хаха ова звучеше како екстра реклама, но мене навистина многу ми помага. Се надевам сега целулитот целосно ќе го снема во комбинација со мојот масажер и вашите совети за талогот од кафе :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Абе и јас се мислев за релакс ен тоун,отидов да го видам во рамстор доле...и кога го видов една педа направа од крута пластика се откажав...ама ете имало ефект...штета што го нема веќе тоа со вакуум,затоа што една другарка си го зема тогаш и стварно и помага,особено надколениците сосема и се измазнија и речиси и да и го снема целулитот од таму,се јадам од мака што се мислев толку и не го земав...
    А инаку,пилингот со талог,земам од две шољи кафе,две големи лажици сол и две мали ѓумбир.
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    А и тоа со вакум ли беше од топ шоп?
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Да,ама кога се јавив да порачам ми рекоа дека нема веќе да го продаваат и после некое време излезе ова масажеров како замена...Ама тоа со вакуумот некако ми е делува поефикасно затоа што буквално го одлепува целулитот,го шмука и ненормално многу вцрвенува.Нели дури и по салониве користат вакуум методи како најефикасни против целулитот,а и антицелулитните масажи се така,го поткренуваат целулитот со прстите паралелно со стискање.Јас на јутјуб најдов некои туторијали за масажи против целулит,треба да седнам да ги изгледам па да почнам да ги применувам барем еднаш дневно пред спиење...пишете антицелулитни масажи има милион да ви извади,ако имате трпение може ќе ви помогнат.
     
  10. natasa69

    natasa69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    5
    да кремата од авон е преубава јас ја користам
     
  11. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    39
    За почеток купете квалитетно млеко за остранување целулит. Нанесувајте го на местата зафатени со целулит преку масажа. Почнете полека и се повеќе засилувајте, тријте ја површината до степен да ви се појави црвенило. Штипете , тегнете ја кожата и префрлајте го месото низ прстите како да виткате ролат. На крај завршете со нежни потези за местото да се смири. Масажата е добра за циркулацијата и лимфата. Можете да ја практикувате и додека се туширате со помош на купката. Купката не упива, мазна е и ќе ви овозможи подолготрајна масажа.

    Започнете со третман пред спиње. На нозете, стомакот и секаде каде што имате целулит ставете од антицелулитната крема и обвиткајте се со кујнската проѕирна фолија. Седете така колку што можете повеќе, но и еден час ќе ви заврши работа. Топлината ќе ги отвори порите, а преку потењето ќе се ослободите постепено од целулитот. Доколку ви се брза засилете го ефектот со инфрацрвена ламба. Можете секаде да ја најдете и не чини многу.

    Освен домашната нега можете да посетите и салон. Таму се служат со најразлични методи како електро стимулациите. Распрашајте се убаво за секоја метода и дополнително консултирајте се во врска со советите кои ги добивате од салонот. Денес постојат толку многу салони и сите даваат спротивни совети. Некои ќе ве стават на диета, вежби и стимулации, други ќе ве тераат да пиете по 3 литри вода и на крај ќе завршите со расипани бубрези.
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Масирање со талог од кафе. Успева. 60% мене ми го снема.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    А да ве прашам,некој случајно да не има користено од авон антицелулитен,ама од ању колекцијата?...и јас користам од солушнс...ама некако...што знам,има ефект до одреден степен и после рамно е макар и кожата да си ја помодрам од штипење.
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    јас почнав да си правам третмани со кафе па ќе видиме забележав само дека пецка и дека кожата по миењето е многу мазна
     
  15. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    мене ме мрзи секој ден да се масирам со талогот а сакам :worried: |(
     
  16. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    па јас не се масирам само го ставам и чекам :D но сепак мислам дека има мали резултати ај од утре ке почнам да се масирам
     
  17. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    А каков третман со кафе? Со талогот од кафето и се масираш со тоа?
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    да ќе го собереш талогот од кафето ќе се намачкаш и масираш.Јас до сега само се мачкав и чекав околу 5мин па го миев ама сега ќе почнам да го масирам
     
  19. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    леле само што ги измив филџаните и ич не ми текна да го соберам талогот да се намачкам :@ ајјј у пм :@ :lol: :lol:
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас три дена не сум се масирала со кафе нешто ме мрзеше :$ А само од една недела што ставав талог забележав дека кожата ми е многу постегната (ама плус и вежбам). Инаку уљето од бршлен веќе ми е при крај, еден месец дали има како го користам и нешто многу брзо го потрошив. Ај кажете ми сега дали пак да земам од уљето или од тој лосионот на Авон што го фалите дека бил добар? Ако некој ги има користено и од Авон и од бршлен, нека пише од кој има подобри резултати. :hai: