Значи, Сатвата, ем е како вода, ем не ме вцревни и вжешти, ем ми се лепи цел гз и бутови и е бљак... Претходно користев Целугел на Реплек и имасе далеку повеќе црвенило, печење, ефекти, и беше гел во вистинска смисла на зборот.
Honesty а проба да се истушираш после нанесувањето од Сатвата? Кажано е веќе дека после нејзинито нанесување треба да се истушираш. Спојлер Се извинувам, но морав. Да не испадне како ова? Во овој случај сатвата не ја бива
јас ја користам сатва,и ме вцрвенува не ме пече многу ама ми седе црвенилто може 30 мин,мора да се истушираш после мачкањето,ама јас на пример на вечер кога ке си ставав после сабајлето се туширав
имам користено секакви креми , лосиони и никаков ефект и почнав со бабини рецепти;измешав 3;1 јаболков оцет и маслиново масло се меша убаво и се масира на местата со целулит и се остава едно 10 мин и се мие ем се мазни ногата ем има чудесни резултати.пробајте нема да се покаете.Поздравче
не 3 лажици јаболков оцет и 1 лажица маслиново масло се меса убаво и масирај сто можеш посилно да се разбие масното ткиво
Ти благодарам, ќе пробам па ќе пренесам импресии Едит:а може секој ден да се користи, да не е штетно или пак нема врска тоа?
Значи целиот напор и труд од цела зима пропадна Два месеци се запоставив и господин Целулит пак се појави. Е не си добродојден така да си знаеш!
Никад не сум имала целулит (збориме за видлив со голо око не коа ќе стиснеш со два прста) ама откако почнав да вежбам на десната нога ми искочи И тоа само на десната скапаниот!! Не е страшен 2-3 другарки што ги замарам со темава ми викаат дека уопште не се ни гледа пошто е ептен почетна фаза ама сакам да го спречам! Само ич незнам шо да праам. Да масирам? едната нога само таа целулитната? двете? или ич да не чепкам да не ми искочи и на левата? Малце сум како потресена со целулитоц али сварно не можам да си помогнам!
според мене спортувањето му е мајката иначе летово се разочарав кога на одмор видов дека 90% од младниава наша имаат целулит
Девојки јас отворив пожестока борба со целулитов- освен што се мачкам крем против целулит и порано се масирав кружно при туширање, сега употребувам и сапун од оваа линија од Рефан што е како сунѓер Го земам сапунот кој е предобар и за пилинг и почнувам кружно да се масирам по критичните места се додека имам сила. Верувајте мислам сета негативна енергија ми излегува, плус квалитетот и изгледот на кожата ми е подобрен. Сакав да споделам, можеби и кај вас ќе има ефект, јас ќе продолжам сигурно и онака имам нов сапун на залиха од чоколадо директно од Бугарија
сум пробала апсолутнно се и се е залудно... :/ најголем проблем е тоа што сакаме да се средиме непосредно пред летото а тоа така не иде... најдобар лек за целулитот е константно (во текот на цела година) нанесување на кремите и нивно втривање и масирање... имав другарка што работеше во едно прилично елитно козметичко студио во ск, и таа само ми призна дека единствен спас за целулитот е само мазажата а сите други третмани се гола вода (или не дејствуваат или имаат краткотрајно дејство)... мој совет девојки, одвојте 15тина мин во денот, и со некоја од досега наведените креми масирајте си ги критичните делово секој ден...
Феминки вака да ви кажам јас, ништо не помага толку добро колку вежбањето. Лани од септември до јуни одев на фитнес, три пати неделно по околку час и половина..кога тргнав бев преполна со целулит и имав стомаче (не големо, ама имав салце малку). Во јуни, кога престанав да одам зошто беше многу жешко, јас немав никакви траги од целулит и останатите бакрачи, едноставно ми беше мило да отидам на базен. И напомена, не користев никакви креми, ни препарати, исто така јадев се што ми душа сака. Затоа, топло ви препорачувам да почнете да вежбате, не мора конкретно во сала за фитнес, можете и дома. На јутуб имате вежби, па и на самово наше сајтче фемина имате добро одбрани вежби, само труд и без откажување!
Мор Алисо,пиши рецептот и ќе бидеме сите упорни! Абе и јас вежбам и не јадам(добро де,не дека гладувам,ама пошто правам пропуст еден ден,неколку наредни,пост,исусов пост бре!),еве сега со линија сум си супер,а не можам ни да се пожалам со мускулатура,ама целулитецов,ќе се замазни,ама никако да го снема скроз.Лани ова време му писнав,го снема,само на силен стисок се јавуваше,ама тоа ти е човече,аскетски живот и тестирање на психа.Не можам така секогаш и не можам да речам од утре,зошто...не можам едноставно.Премногу лишување и премногу посветеност,а животов не ми се содржи баш само од борба со целулит за да го третирам на долги стази.
Море колку имам пишувано во темава ехеее, дури и првиот пост на феминава ми е тука Јас цела година борба си водев и сега се фалам дека го нема, мазна сум си и горда на себе рецепт: - сабајле и вечер мачкање со крема и масажа со релакс енд тон по 10 мин - секој ден поручек по еден саат зумба, аеробик, тае бо, пилатес.... - утрото го почнувам со зелен чај - навечер 45мин - 1час на орбитрекот - пешачење секој ден по 40мин (коа идам на вежбање 20мин до таму, 20мин назад, мада забушавам со пшањето на горештиниве, ама пак навечер по некогаш си правам прошетки) - режим на исхрана немам некој строг ама избегнувам џанк фуд (си дизволувам еднаш во 2 недели) и навечер после вежбањето обритрек не вечерам ништо, може само мала салатка, чаша јогур или житно чоколадце тоа е тоа, не е малку, ама е сигурна добивка и имајте во предвид дека првите резултати ги забележав после 4 месеци, а скроз ми го снема после 7-8 месеци Магични напивки и лекови нема, само мрдање на газот и нема откажување