Дали некој од вас френдици го пробал ролон-от на Гарниер против целулит? Се мислам дали да го пробам?
Не дека е некаква си еурека, ама физичка активност многу придонесува за топење целулит! Веќе два месеци активно пливам, и навистина има резултати. Не користам ни креми за целулит, ниту се масирам. Не дека цел целулит ми исчезна, таман работа, има минат труд во него, со години е создаван ама резултативе просто ме збунија!
Точно, скоро месец дена како одиме 2 пати неделно на зумба, а во деновите кога одмараме, вртам по 20 минути на орбитрек дневно, ништо посебно, без особен напор и веднаш се забележува разлика. Кренав раце од креми, немам моментално пари да фрлам на такви работи, барем засега. Го користам тоа масажерчето некогаш, со обичен лосион за тело. Ама физичката активност е пресудна според мене и помалку кофеин и сол.
Јас вчера правев кавитација на нозете и сум презадоволна од само еден третман, а ќе направам уште 3-4. За само 20 минути симнав по 2,5 цм од едната и 2,5 од другата нога. Додека ти го прават третманот, осеќаш мала болка ( издржлива ) од што целулитот почнува да се разградува. Летово ми се создаде целулит од американската trash храна ( никогаш не сум се исхранувала толку не здраво како за овие 4 месеци поминати во америка ) и од недоволна физичка активност. Имав и порано целулит ама помалку, не беше ништо страшно. Сега кога разбрав за овој третман, стрина ми го правела и има многу добри резултати, решив и јас да го направам иако е малку скап, но јас ќе си го комбинирам и со здрава исхрана и возење велосипед или трчање, и ќе имам побрзи резултати. Стрина ми го правела во Скин Солушн, па и јас го направив таму, 2400 ден е еден третман, а препорачливо е да се направат околу 5-6 третмани за видливи резултати зависи од тоа колку е стар целулитот, ако е новодобиен побрзо ќе се разградува. Со еден третман најчесто се губи од 1 до 2 цм на нозете и докторката беше многу зачудена од моите резултати - 2,5 цм од нога. Инаку овој третман може да се прави на секој дел од телото, не само на нозе. Го прават на стомак, раце, половина.. кој каде има потреба и каде сака да симне во обем. На нозе се симнува најбавно затоа што е потешко да се разгради целулитот. Една моја познаничка ми кажа дека го правела кај Д-р Анчевски и ја коштало 80 евра од третман, не знам дали ми ја кажала точната сума или малку преувеличила ама во секој случај се работи за голема разлика, мене ме кошташе 2400. Еве линк од страната на ординацијата и нивниот FB профил, па може да си прочитате повеќе за кавитација http://www.skinsolutionmk.com/ info@www.skinsolutionmk.com/ http://www.facebook.com/profile.php?id=100002270924008
http://kajgana.com/moda-i-ubavina/farme ... sonishtata Фармерки од соништата? Сте ги сонувале некогаш? Јас , а би ги носеле? Не сфаќам само како би испуштале кофеин и др. работи во носење од материјалот и како би се полнеле, мислам слични глупости се како оние работи што се продаваат во топ-шоп или има нешто вистина.
Пффф не верувам јас во ова, само пари да се земе. Целулитот скоро сите жени го имаат, го имам и јас, јесте да е тешко да се ослободиме од него, но со правилна исхрана и редовно вежбање ќе се намали или ќе го снема скрос. Е лесно е да напишиме сите, ама ајде де, зар толку лесно е што секој ден внимаваме и вежбаме?! Свака част на исклучоците! Јас, купував разни креми, дури и одев на третмани, ама ако си јадиш нормално сестро нема ефект, а да ви кажам, со третманите, со кремите на афродита, имаше голем ефект, и пазев на исхраната тогаш. Но, за кратко време си се опуштив пак, не се масирав сама, и ете го, одма тропна на врата, пак! И сега, одново се, и следниот пат ќе се запрашам дали ќе прекинам да внимавам.
eve vi lesen i eftin nacin za otstranuvanje na celuliti se namackas navecer so kafe i cimet(za polesno da ti se prilepi za predelot koj go tretiras mozes da si koristis ulje-obicno bebesko i si se umotas u onaa prodzirnana folija.obleces helakni za da ne ti se mrda u tek na nokjta i si legnes da spies .polesen nacin zdravje
Освен со мачкање на талог од кафе на местата прочитав дека можело да се мачка и глина па да се завитка со алуминиумска фолија и после некое време од ко ќе се исуши веројатно да се измие. Има ефекти ова?
Леле луѓе сега бев кај шивачката и шијам еден фустан припиен за телото ама материјалот проѕирен некако, абе кога видов колку целулит имам ми се слоши- и тоа дури до задниот дел на коленото, никогаш не сум имала толку, никогаш Дали бидејќи 2 дена се масирам како луда излегол на виделина пред да се разгради, или да не се тешам, така ќе си остане ? Џабе ми убава силуета, кога целулитот расипува впечаток
Нема да остане само и само ако ти превземаш мерки, ако го оставиш, тогаш ќе си остане. Се отстранува целулит, само што треба упорност, а ние сакаме за една недела џам кожа, епа нема. Не знам што точно правиш, дали вежбаш, дали мачкаш нешто, ама потребни се месеци за да го снема, кај мене беа 2, 2 и пол.
Вежбам, се немав мачкано некој период и сега 2 дена се мачкам како луда со масло од бршлен, дури ме боли кога одам од масирањето, ама за жал, стана многу полошо од претходно
Различно е кај секој, но ако ти помага, или на било кој друг - мене ми заврши работа пилатес 3 пати неделно, мнооогу вода и ич леб, и Сатва.
Ништо ќе продолжам да се масирам со маслото, па се надевам ќе се подобри до понеделник, кога ќе одам на проба, оти вака ми се изгуби меракот од фустанот, а вежбам и јас пилатес, леб ретко јадам, и вода си пијам многу, стално сум со шишенце во ташна Уф бре, ајде одам да се масирам, пак
Сеси јас сепак мислам дека е до лошото светло таму кај што си го забележала, сигурна сум дека не се гледа воопшто толку Но знаеш некаде осветлувањето е толку лошо, што покажува се што треба и не треба, сериозно! Инаку да Лукс, масирање со талог ептен помага. Не се секирај бе Сеси ќе го снема, само не претерувај со масирањето, немој модрици да си направиш! Полека. И пробај со талогот, намачкај и завиткај со фолија за храна. Помага
Не верувам дека за 2 дена излегол на површина. Мене ми требаа 4 месеци масирање и вежбање за да избие, па после уште месец за да го снема И после пак си треба редовно третирање зашто се враќа со брзина на светлина. Две недели спремав испит и немав активности и се врати Ама за жал зависи и од генот, и тука нема помош. Ама баре можеш да го сведеш на минимално ниво, незабалежително без стискање А најмногу влијание за целутитот има солта. Прекумерно консумирање. Јас ради него си се откажав од чипс и солени пуканки