Леле ме смеете жими се, епа каде ми е грешката- не јадам сол воопшто, и врз пуканките ставам малку вегета или друг зачин, чипс преретко јадам, вежбам, пијам вода, и сега лудило. Ајде се тешам можеби е до светлината, дома кога се гледам не ми е толку страшно, затоа кренав узбина кога се видов кај шивачката, ми се одмили и фустан и се Сега пак се масирав, па ќе видам што ќе се случува понатаму- стегната сум од вежбањето, ама ете, се запоставив некој период, не се мачкав и ситуацијата станала алармантна во меѓувреме. Фала ви на сите за советите и пуштајте ми среќа да го снема
Луѓе,целулитот не избива на површина.Како може да избие побогу?! 4-5 мм е под кожата,тој си е каков што си е. Кога се губат масти,останува само целулитот и тогаш повеќе се познава,а инаку не избива. Ти лепотице,вежбаш пилатес,си изгубила масно тикиво кое е под целулитот и му ги пополнувал дупчињата,пошто нели,нема конзистентна структура,па изгледал позамазнет. Јас го имам генетски и се помирив,иако го третирам барем да биде поблаг.Таква ми е градбата на телото,па повеќе складирам во гзот и бутовите,така што и масти и целулитче,таму си оди.Не сум опасен јадач на фаст фуд,а и не обожувам грицки,благо,исклучиво во пмс и тоа малку,претежно јадам варена храна,ама што си го има,има си го. Шта ќеш,интелигентна сум!
Кога и да ја отворам темава никогаш не можам да најдам решение за целулитот. Сите кажувате различни масти,креми,серуми...И стварно не знам што е најдобро. Во последно многу ми го фалат серумот од НИВЕА,околу 600 денари е...А имало баги разлика по 20тина дена. Сепак јас да си прашам и тука. Која од вас го има користено и колку е задоволна? Колку пати на ден го користите,и дали е подобро крем или серум? p.s. мене ми фалеа серум од нивеа купен од сранство,можеби поради тоа е толку корисен.
Да де. Јас незнам како стучно да си го објаснам па си велам дека избива Него зашто пред да исчезне повеќе се познава од предходно? ова повеќе форумџирки спомнаа дека им се случило....Ај за тие што вежбаат ми е јасно, ама оние само со масажа, м? ма не е ни битно, во глобала се си има објаснето низ темава, ама кој има газ да се води според правила е друго сите го знаеме решението, ама наместо тоа пак бараме магични креми...
Епа избивање во смисла на се познава без стискање ама намален од претходно т.е не колку што бил за време на стискање е вака ја стручно го објаснува избиен на површина, не су стручњак по анатомоија што да правам. Не го масирав, ама многу ми се намали скоро и го снема, е сега се гледа без стискање ама многу малку уште ми излегол пак или воопшто не исчезнал само бил скриен под кожа, има да го средам-ви кажав со вежбање и ништо друго, што дека ќе масирам, ногава или стомаков не ни се тесто, па ај со стискање, плескање ќе го измазнам, камо така да можеше со сукалка имаше да се меса Се имам масирано ама ми здосадува и прстиве ме заболуваат и си вика поарно 5 минути ќе правам чучњеви него да се масира пет минути, барем зна дека од другово имат сигурен ефект, ама не вика ни дека масирањето немат ефект, ама кај првото ефектот побрзо се познават. Пазете, едно е наше масирање, штипкање, да не реча шлакање со креми, друго е да те фатат професионални раце на масажери, па нежно, па меко, па техники на масирање, поарно дај 1000 денари ќе зема пример не зна колку е за масажа против целулит ќе се опуштиш и релаксираш ако ништо друго, него да даваш толку пари за три креми што ќе ги купиш по 300 денари и да и пружаш на кожата непрофесионален третман, абе и на целулитот му требат убав третман, нема да си замине само АКО НЕ Е ТРЕТИРАН. Толку.
Ако е целулитот подолго време тешко дека ќе може да се отстрани со крема, па каква сака нека биде. Мислам дека целулитот најефикасно се отс транува професионално со масажи,вежбање и сл... Лесно се наталожува,но многу тешко се отстранува....
Некаде имам прочитано дека целулит се ствара од носење тесна облека(тесни фармерки и сл.) и штикли. Не знам само колку е ова точно Некаде погоре прочитав дека целулитот девојката го има и и бил генетски, да се разбереме, ова не е можно. Составот на целулитот е сол и вода врзани. Оттука заклучокот дека НЕ може генетски да се пренесе. А кога збориме за конструкција на тело е тогаш пеки. Широки колкови, спуштен задник, големи колкови и бутови, големи гради или стомак, да тоа е генетски преносливо. Поздрав девојки и само вежбање за сузбивање на ова зло. И ќе заборавев, исто така за побрзо избивање(како што некои го нарекуваат) премачкување и втријување на талог од сварено црно кафе+вежбање
Здраво девојки! Јас сум го користела на Гарниер и е многу ефикасно ви го препорачуваm....исто така и го затегнува телото! Поздрав!
Многу ефикасен е и чајот Целулит микс од Алкалоид,мислам дека е 60 денари го има во аптеките а може да се најде и по маркетите.
http://toptan.mk/index.php?p=54 не е лоша понудава а да речеме ако го купите купонот, кога сакаш може да се искористи?? или мора веднаш ?
Лудо,јас го бендисувам,можеби ќе се решам за чудово! Не друго,вчера ми рекоа гзот ми е да го пипнеш ќе се повредиш,па се мотивирав уште да го заглетувам малце! Само...убаво ја составиле понуданав,као види мајката за 1300,ама тие од 6500 вклучува се по 5,а не 2+2+4!
абе гајле ти е, за 1300 денари ајде де, ќе ги дадеш- ќе ги прежалиш и да не е ефентивно, ама 6500 многу е, и замисли да не го бива чудово после, од целулитот ќе си грицнеш а може ли да се искористи кога сака? или има рок? Јас ќе го нарачам (ако го нарачувам, да се решам ) преку телефон +60 денари достава, зашто со картички сум дудук
Леле Лудо,после газето писта до нова година! Каде ќе ти биде крајот мор! Ме намами,седам и си мислам...ќе смислам веројатно до утре! Ама само ако не ме стискаат доволно,одма ќе се тепам таму! Немам нешто многу за средување,ваљда и ова ќе му е доста. Со 1 сантим ихиииии...огномет ќе правам за прослава! Може ќе те сретнам на соседниот кревет,па паралелно ќе не сомесат! Ќе биде Марија меси кифлиња!
Нивеа мене ми се најдобри,навистина дава видливи резултати.Јас само тие ги користам,имам пробано и многу други но никакво подобрување немам осетено.Ставам 2 пати дневно,насабајле и навечер.Користам бај бај целулит (плавата туба) а го имам користено и серумот.И двете се одлични.
Последниов месец ама со ништо не го тинтрам целулитчето и денес си викам да видам до каде е Се имам и здебелено, а целулитов речиси го нема. Само позади кај колената имам. Од што, како појма немам.