здраво...случајно го видов на youtube сеусте немам пробано,но мислам дека ке помогне затоа што изгледа природно..инаку јас имам пробано повеќе препарати за отстрануванје на целулитот..пробајте со мед,намачкајте го оној дел каде што имате целулит и со цела рака удирајте се.има одлични резултати,пиете зелен чај со секој оброк а во текот на денот само вода и јогрут со среќа
И мене ми стоеше како масло, ама ти спомна нешто за мед и затоа помислив случајно да не е мед тоа на клипот А инаку какво дејство има медот врз целулитот, на кој начин придонесува за негово отстранување? Можеби ја забрзува циркулацијата
епа не сум многу сигурна но од она што го пробав знам дека ја прави кожата многу нежна.најпрвин пецка и потоа кога ке се истушираш со ладна вода кожата е прекрасна
Абе и јас имам читано за ова медот,ама некако скапа инвестиција ми е.За мојов целулит пчелите треба да работат три лета за да ми обезбедат доволно количини.А и малце ми е глупо да фатам со мед да се мачкам при толку други покорисни ефекти што ги дава!Некако ќе се чувствувам виновно да го арчам за вакви работи!
ЛИЛИТ а го виде ли тој клипот? Во еден сад се става масло, кафе ( не талог туку директно од пакетче го истура) и овошно масло или 2-3 капки лимон или портокал и го меша тоа, и со таа смеса вика дека треба да се масира со некоја тврда четка или сунгер со такви вдлабнатини, а во текот на масажата со една стоплена чаша да се поминува низ нозете и да се влече силно ( како вакум).
Ауууууу ѓавол и пол! И колку пати неделно вака?!За еднаш,до два пати неделно,не би ме мрзело,ама за повеќе...тешко...
После не знам колку месеци товење, од пред 5 дена како да се разбудив од зимски сон и сега од мече, сакам да станам маче! Некако го усогласив режимот на исхрана (сметам дека автосугестивно може да се постигне се') му наредив на мозокот да не ми бара храна, и еве 6ти ден на повидок навистина помалку јадам. Јадам исклучиво храна наменета за мојата крвна група, тоа лани многу ми помогна и сега повторно се враќам на "моите јадења". Идејата е да се вежба 2 дена и 1 ден пауза, па пак два дена итн, итн... Имам одлични пилатес вежби во три дела и траат околу 15 мин. значи за со топка, тоа ми е загревање на мускулите и потоа се качувам на орбитрек, но не претерувам, како за прва недела од 15-20 мин. сметам дека е доволно (засега). Два пати во денот се масирам со талог од кафе + морска сол, го нанесувам и го оставам точно 7 минути, го масирам со една четка со боцки со кружни движења и го оставам малку. Се туширам најизменично , прво со пожешка, а на крајот со сосема ладна вода, посебно на бутовите и задникот. И јас имам целулит кај коленото и ми ги кине сите живци Земав и крема од МеиЛаб со бршлен, ја ставам веднаш после туширањето со талогот, исто 2 пати дневно. Од денеска почнав да се мотам и со фолија - додека вртам на орбитрекот, значи прво мачкам сосема малку од кремата и се виткам како лудача во проѕирна фолија, и потоа се потам како свинче! Немам вага (среќа, страв ќе ми биде да се качам) ама си имам такво метро што го употребуваат шивачките и се мерам во половината и бутовите. За 5 дена изгубив 1 цм во обем. Се извинувам ако постот е предолг, ама веројатно треба да се удри на сите можни фронтови, од исхрана, до вежбање, физичка активност (пешачам на стаза секој ден по 45 мин) и мнооогу вода, некаде околу 3-4 л дневно.
ЛИЛИТ на клипот не кажува колку пати неделно, само покажува како се прави смесата. Кој колку може, толку ТРЕНДАФИЛКА браво за тебе, упорноста се исплатува.
леле луѓе ова со кафето навистина е wow ефект штубаво е мазна кожата одпосле а и се заруменува тоа значи дека дејствува.. јас од вчера еве го почнав третманов па ке гледам секој ден да се масирам само да не ме фати некоја мрза па да се откажам
Браво Трендафилка!Јас немам толку воља и живци,а бога ми и време да му се посветам. Мене надколениците ме убиваат во поим...секаде имам промени и сум стопена (до душа сега имам кг и пол качено,ама тоа друга причина и приказна),а надколениците се тие,не се менуваат!!!Уууууф....
Многу помагаат тие масажите со вакум. Јас еднаш лани бев на масажа за грбот и видов на девојката што беше пред мене и правеа антицелулитна масажа и една стаклена чаша ја стават врз свеќа за да се стопли и после по нозете се поминува со чашата и се извлекува силно чашата. Тоа ненормално многу го забрзувало метаболизмот и два саата после масажата цело време ќе ти се оди во тоалет Во салоните можеби со некои специјални апарати ги прават овие масажи, ама јас што гледав кај оваа масерката тоа не беше во салон туку жената дома си работи и затоа на стар начин со чаша и свеќа, ама имало многу ефект.
Еееееех...па ќе пробам да ти кажам ова со вакуумот,ама само во делот на надколениците,за поише ќе ме мрзи...претпоставувам дното на чашата се загрева и треба да е средно длабока и мааалце поширока од стандардните... Златно тоа од топ шоп со вакуумот што си пропуштив да го купам.... E ова заборавив,една колешка моја,видела на тв некој антицелулитен третман со завои натопени во минерална вода,намоткани на критичните делови,а потоа намотано со фолија и така да вртиш на статичен точак или орбитрек.Наводно почнала да го употребува и имало ефект,целулитот видно и се изгубил.Претпоставувам дека детоксицира,ама оваа ептен го испофали,е дали навистина се толку супер ефектите или ме лажеше...друг е муабетот.На ум сум една недела да го пробам,па ако го бива супер,ама се немам време.
Чашата ќе ја свртиш наопаку, дното да дојде надолу и внатре во отворот ќе ја мушнеш свеќата ( не до крај за да не пукне стаклото) така за неколку секунди одма ќе се згрее и кога ќе ја ставиш на кожата, чашата се влече по нозете оти претходно нели и масло ќе имаш ставено и од него чашата се лизга и на крај кога ќе ја повлечеш она тешко се одлепува и така создава вакум.
девојки имам среќна вест.веке 1 недела заедно со мојата другарка се масираме со ролонот на Garnier на задникот и нозете.има одлични резултати.користеме било каков лосион за тело (најдобро е со млекото Bekutan) и ги масираме нозете од колената нагоре но никако во обратен правец бидејќи така побргу циркулира крвта.пробајте и вие
ЛИЛИТ тоа со завоите го имам јас гледано на VH1 како им прават таков третман на холивудските ѕвезди и пејачките ги топат во некаква минерална вода, ги мотаат и вежбаат некој пола саат на статичен точак и на лента за трчање и после кога ќе ги одмотаат ги мерат и стварно многу центиметри губат во обем. Ама тоа не е некоја обична минерална вода, туку они којзнае колку пари плаќаат таму за тој третман и тоа е некоја специјална течност. Да беше така со обична вода, немаше да постои целулитот хаха Ама ти си пробај ако сакаш, па пиши после дали имало резултати. Знам дека со антицелулитно масло да се намачкаш па во прозирна фолија да се замоташ и да вежбаш има ефекти за слабеење. Инаку ЛИЛИТ ај кажи ми дали ја имаш користено таа кремата од Афродита што била 1000 ден. некој беше напишал дека била многу ефикасна