Па целулитот не е нешто за кое што може да се фати, и преслабите девојки имаат целулит. Тоа не е мевце па да се фати
Не е,не е,ама пандорина кутија сигурно е. Извор на сите фрустрации на една жена. И да е задоволена скроз,речи и за целулитот и чекај чудо,а ако нејќеш или бегај или мижи зошто очи ќе ти ископа.
искрено да ти кажам една недела го користев и прекинав зошто ми го снема целулитот. Многу се чудев оти даваше пребрзо резултати,сепак позитивни ) Порачај го,нема да згрешиш
Фала што се потруди да ми одговориш и да сподиш искуство ама само повеќе ме убеди да не го зимам. Не верувам во вакви брзи решенија и речиси сум убедена дека не постојат (а ако постојат тогаш сигурно не се достапни за нас обичните смртници за 200-300 денари ) Мене откако ми го снема си се одржувам со ставата, дали има конкретно ефект од неа или само џабе се шлапам немам намера да дознаам Ама какви маки видов додека почна да го снемува, а и додека го снема тоа беше упорен процес од година дена....и сега некој да ми вели дека за недела дена со мачкање го снемувало.....извини, ама само смајливо ми е соодветно
AlicaInWonderlandнНе треба да се мачкаш,треба да се масираш со гелот двапати дневно,јас тоа го правев наутро и навечер и се масираш по 5-10 мин ( колку подолго,подобро) и го набавив за 399 ден сепак ти си знаеш најдобро.
5 главни причини кои водат до појава на целулит Целулитот е еден од најголемите проблеми со кои се соочува современата жената во потрагата по совршениот изглед! Појавата на целулит доаѓа како резултат на влијанието на различни фактори, како што е исхраната, за која сме зборувале многупати досега, но и некои други помалку познати фактори. Еве ги главните причинители кои со сигурност го зголемуваат ризикот од појава на целулит. Зголемена телесна тежина. Ова веќе сигурно го знаете, зголемената телесна тежина е број еден причинител за појава на целулитот. Зголемената телесна тежина влијае врз протокот на нормалните биохемиски реакции кои се случуваат во телото и несомнено го зголемуваат ризикот од појава на целулит. Чести варијации во тежината – честото и драстично слабеење и дебелеење исто така, претставува голем ризик фактор за формирање на целулит. Поткожните слоеви на кожата се оние кои први реагираат на промената на килограмите што секако води до појава на целулит. Нездрава и неправилна исхрана е следната причина која води до создавање на целулит. Станува збор за исхрана во која доминираат продукти богати со масти и јаглехидрати на сметка на свежото овошје и зеленчук, како и на рибата која е богата со корисни масти. Честото седење е голем ризик фактор за појава на целулит. Според бројни истражувања, луѓето кои скоро целиот ден го поминуваат во седење се особено склони кон појава на целулит. Од друга страна пак, луѓето кои се движат го применуваат лекот број еден против целулитните наслаги. Стресот е вреден да се спомне и во оваа категорија бидејќи освен штетите кои ги нанесува на другите органи и системи во телото, исто така влијае и на физиологијата на кожата и поткожните функции, односно влијае на зголемување на ризикот од појава на целулит.
Сите досегашни уверувања и совети дека редовното внесување на вода во организмот, здравата исхрана и напорното вежбање може да го искоренат целулитот од вашето тело се невистини. Затоа помирете се и научете да живеете со него... Голема количина на вода го намалува целулитот - неточно Самата помисла дека консумирањето на голема количина вода може да доведе до било каква промена на кожата е сосема погрешна, освен во случај на дехидрација. Факт е дека колку и да внесувате вода не можете да се ослободите од токсините кои се одговорни за појавата на целулитот. Липосукцијата помага - неточно Липосукцијата е естетски зафат со кој се отстрануваат непосакуваните масни наслаги кои се сместени по кожата. Поради тоа телото кое има целулит по зафатот изгледа многу полошо, бидејќи настануваат дупки на местата каде што бил целулитот. Поголемиот број на хирурзи никогаш не би препорачале липосукција за остранување на ноќната мора наречена целулит. Вежбањето како превенција - неточно Погледнете ги само и телата на најдобрите спортисти и тие имаат целулит. Иако е докажано дека што помалку масти имате помали се шансите за ширење на целулитот по вашето тело. Но, ова не е причина да заборавите на вежбањето. Со вежбањето ги согорувате нездравите маснотии и ја зголемувате масата на мускулите. Здравата исхрана го спречува појавувањето на целулитот - неточно Квалитетната и здрава исхрана е задолжителна и никогаш не може да биде лоша идеја, но морате да бидете свесни дека одредени намирници нема да делуваат во мисијата за уништувањето на целулитот. Затоа не верувајте им на анти-целулитните додатоци во исхраната, не постојат докази дека тие ќе ви помогнат во борбата. Целулитот е резервиран само за жени - неточно Ако е за утеха и мажите го имаат овој проблем. Шест илјади Американци учестувале на разни анти-целулитни третмани, на кои е докажано дека и тие имаат целулит. Но, ја имаат среќата да не им се забележува на телото, нивното поткожно ткиво е сосема различно од она на жените.
Во ова дека вежбањето не помага воопшто не верувам, од лично искуство. Зборам конкретно за пливање. Тренирав долго време и периодите кога не тренирав по неколку месеци се појавуваше затоа што и не практикував друго вежбање, а штом почнев со тренинзи се повлекуваше. Одкако се откажав од пливање продолжив со други вежби и ми се немаше појавено целулит се до сега. Зошто? Затоа што од Септември па до пред 2 месеци јас немав станато од кревет да се занимавам со било каква физичка активност. Сега водам војни со него. НЕ! Нема да се помирам и да научам да живеам со целулитот!!! Ќе се откажам од се (освен од мрсната храна ) и ќе направам се да го снема.
ne se slozuvam so toa deka vezbanjeto i zdravata hrana ne pomagaat vo borbata protiv celulit.vezbanjeto e mn korisno kako i zdravata hrana.
dali nivea kremata protiv celulit pomaga????? imam okolu kolenata lele ke umram koga odam mi se poznava aaaaaaaaaaaaaa
сонувај дека ако јадес мрсна храна, ке го остранис селулитот никогас, само ке го натрупас повеке како малтер има да се лепи на тебе. хехеххеех
Како не бееее, немала водата влијание на кожата, ЛОЛ. Не само што има на целулитот, има и на тенот и на сите можни флеки и импефрекции. Ни крема ни бутур, добар сон и вода за еднаков тен. За вежбањето уште поголема глупост, баш кога не вежбам и лежам се појавува, и обратно, кога ќе пешачам по километри на ден и вежбам, го снемува. Најбрз ефект има барем за мене, затегање и опуштање на мускулите на задникот кога било во текот на денот, што и да правам друго паралелно. Чучњеви воопшто не ми се по мерак, ама други вежби многу ми помагаат. На лакти и колена на под, едната нога наназад во вис исправена и туркање кратки нагоре-надолу, па смена другата нога. И уште една, на грб на под, рацете покрај тело, нозете свиткани во колена и на прсти стоење, затегање на задникот исто кратки нагоре-надолу, 3 пати по 90 од секоја вежба. Пред спиење масажерот игра, нема леб и благо и тоа е тоа, кое учење да живеам со целулитот, комедии. Веќе десетина дена правам се горенаведено и се повлекува.
девојки не знам каде да поставам ова прашајне.. вака кај нозеве горе од внатрешен дел имам едни мали црвени лини,малце се али ме нервират и тие што се некоја крема нешто?? сега не знам што поточно е ова ај помогнете..
искрено од зимава навака ги забележав..е сега некоја крема нешто дали има некој пробано па да ми препорача...
Безвезе ќе фрлаш пари,а на крајот ќе нема никаков ефект.Тоа со сигурност ти го кажувам. Сите го имаат тој проблем.Отвори ја темата за Стрии и ќе видиш што и како.