Може, може Дополнителен ефект би дало ако ги облечеш тие панталоните за екстра потење или поефтино ако ставиш кеси на нозете додека трчаш.
И јас сум една од мноооогуте што имаат...сеа не е она кора од портокал, ама има, има... Инаку јас имам слушнато дека пешачење/трчање и пиење мн течности го разбивале, ама кај мене тоа слабо помага така што се помирив и си живееме сложно и неразделно...
Еве се пријавувам и јас како "сопственичка" на целулит . Ама затоа си купив Сатва гел пред 2 недели и упорно се мачкам со него. Искрено не знам дали ми делува, ама јас сум упорна . Се мачкам секој ден после туширање.... ама секако не очекувам брзи резултати. Па и како може нешто што се таложело со години да го снема за две недели . Резултати ќе ви пишам за две недели (таман 1 месец да биде). П.С имам многу целулит, не станува збор за целулит кој се гледа само кога ќе ја притиснете кожата
Јас имам целулит на задникот .. За намалување на целулитот пијам 2 литри вода дневно,а еве поточно,тоа се 4 шишиња Ladna Вода од по 0,5 литри И не јадам благо,тренирам кошарка,си праам вежбички.. И кажав на мајка ми да ми купи анти целулитен гел,ама почна да ми дроби мала си ваму таму и ај чао пријатно.Ќе си вежбам и ќе си пијам вода
Ако ова ти се вистински години:не си мала...секоја мајка нешто пробува да ја разубеди ќерка си Иако мислам штом вежбаш, спортуваш ...ќе биде ок!
каков целулит.мазна сум си.вежбам скоро секој ден.а тука е и мојот дерматолог.морам да си го пофалам.
Во седмо оделение имав многу малку на бутчињата и незнам како беше можно, одеднаш се изгуби. Фала богу сега веќе немам. Сега, на крајот на секој месец секогаш ставам талог од кафе на задникот и копанчињата и веќе немам. Редовно вежбам исто така.
Видливо намален за 1 месец со вежбање бразил бат лифт, пиење многу вода и секојдневни масажи со талог од кафе во времетраење од 10тина минути. Трчање два пати неделно по 3км. Ете така Уште малку и ќе го снема целосно.
10 мин правиш масажа или после масажа 10 мин оставаш на себе ?? Оти ја 20 до 30 мин го држам талогов на мене . Нормално и кога го ставам и вадам талогот иде првин масажа .
а го користел ли некој гелот против целулит на авон што е 890 ден? не е солушан, туку другиот што е крем+гел? има ли ефект? една моја другарка и сестра и го користеле и им се намалил целулитот и јас го купив и се мачкам еве веќе 3 дена, ме интересира дали џабе ги фрлиф парите или .. ?