Има различни ролони, јас барем имам видено три различни. Го купив овој и да, има ефект самата масажа, може да се масираш со обичен крем. Кожата е видливо поцврста, и тоа јас што се масирам еднаш на два дена А цената му е од 480-540 ден, зависи кај го купуваш
Ја немам,а се мислев дали да ја земам,а се мислам и за ању колекцијата од авон,има две различни...При крај ми е солушанс-от,брзо треба да се решам.Инаку најдов план за детоксикација и против целулит,па од среда ќе пробам да се придржувам кон истово... -Наутро една чаша глина -Пред спиење чаша млака вода -Дневно 2 чаши зелен чај -Дневно 1 литар чај од магдонос -Дневно 1-2 литри вода -Секојдневно ,вежби за растегнување,15 мин загревање на орбитрек,лесен отпор,половина час пилатес вежби и 15 мин.повторно орбитрек вртење на најлесен отпор. -Секојдневно два пати дневно по 15 мин масажа со антицелулитна крема или уље од бршлен -Првиот ден два литри јогурт,можност и да се разреди со вода -Вториот два литри млеко,можност и да се разреди со вода -Останатите денови се јаде нормално и умерено,поголемо количество на салати и супи,храната да биде варена или печена,пет пати дневно,со три главни оброци и две ужинки. Јас би вментнала и два пати неделно вакуум масажа со чашите и секојдневен пилинг со кафето...Инаку,две до три недели се практивкува чудово,ама мислам дека ако се исклучи глината,може и повеќе.
последно што пробав cell-gel од ECI итаљанска козметика и е ненормално добар, а што е најдобро 320 денари
Луѓе што ми направивте со муабетиве Ме натеравте и јас да се замислам за целулитот. Немам голем проблем со целулитот, не ми се познава онака, само под притисок на раката. Ама сепак... нели сме перфекционисти ние жените Па бев до маркет и си купив ѓумбир и чили (дома веќе имав уље од бршлен од Меи лаб - си го имав купено претходно) И... ги имав сите состојки на секоја добра антицелулитна крема – јес да ме фати приближно исто колку и да си ја купев кремата, ама вака е природно Па си земав еден сад голем и си ги измешав ѓумбирот, уљето од бршлен, кафе и чили - ама само една лажичка ми беше страв да ставам многу да не ме испопече. Си се намачкав со тоа по цели бутини и си се качив на орбитрек. Леле колку почна да ме пецка, загрева и чеша... Аууу ама ај си викам делува, се подобрува така циркулацијата. И после пола саат со благо триење го изммив и стварно мислам дека делува. Кожата ми беше мазна и мека. А аи како да осетив дека се подобрува циркулацијата Ова поише си го умислив, ама има вистина во тоа. Ѓумбирот е многу добро средство за циркулација, за забрзување на метаболизмот на мастите а со тоа нели и побрзо ќе се чистат токсините и ќе се ослободиме од целулитот. Е сега неможам да кажам каков ефект ќе има после подолга употреба, ама како за прв пат сум ептен задоволна. Па кој сака нека проба слободно, јас топло препорачувам
Кога прочитав дека сапунот од Божен е ефтин, искрено не очекував дека ќе биде 260 ден. !!! ??? Па уште 100 ден. ќе си купиш пристоен антицелулитен крем.
Ццццц, сега по дождот треба да одам и да ја истепам таа продавачката? 260 ден беа во комплет сапунот и она ми рече имате и гратис мало сапунче, веројатно тоа е "малото". Ама, само малото како опција не ми го понуди Шмизла, сега ќе и се вратам, ќе види она убаво!
Да не звучи малку смешно тоа што не сум информирана ама подобро да си прашам Кога се пие глина тој ден не смее да се јаде така ли, туку само течности се внесуваат во организмот?
Само едно ке кажам. Се зависи од храната со човек ја јаде на пример јас немав целулите бидејки не јадев мајонез, избегавав сол, шекер пиев мн вода и навистина немав, ама сега баш пред летото се опуштив со јадење, се си дозволив и сега ми се појави гледам малку
Jас мислам дека се работи и за гени.јас имам мн подебели другарки од мене кои немаат целулит а јас и кога бев послаба имав мн целулит го имам уште од мала...има влијание и исхраната но и голема улога ГЕНИТЕ..за жал
Не бива ние што имаме цел. којзнае каква штетна храна јадеме, си мислиш јас се пренатрупувам со храна па затоа имам. По 4 лит. течности на ден пијам, колку салата јадам, месо само пилешко чат пат ама ретко речиси никогаш, така да не е само од јадењето. А гените што ги спомнавте, мајка ми има 45 год. и не знае што е целулит, буквално нема ни грам цел. а па нема ни стрии, а нели обично по рагање скоро сите жени имаат стрии.Е она нема ни стрии ни цел. па ако беше ген и јас сеа немаше да имам. А ни тежината нема голема улога, затоа што јас имам другарка што е претерано многу слаба а има повеќе цел. од мене. Физичката активност исто има улога, јас не сум некоја спортистка ама па не сум ни без вежбање, секој ден по еден саат дома правам аеробик вежби и плус имам некои справи за вежбање. Затоа не се согласувам со претходниот пост дека се зависи од храната. За да немаш цел. треба и здрава храна, многу течности, секојдневни масажи, трчање, вежбање...
Не бе,можеш да си јадеш се,само пола саат да почекаш откако ќе ја испиеш.Јас ја имам пиено онака,без план за детоксикација или диета,така ја пиев. Инаку,пробав во вакуумот и чашите,модрици си направив и тоа една до друга густи,се плашам да ги избројам и се плашам мајка ми да не ме види,ќотек ќе ми удри! Дечкото ми вика,добро ти нормална си,па знаеш како се прават шливки?!Ист е принципот само што не те шмука друг,те шмука чашата,па и со рабовите притисок ти прави,што не кажа јас ќе те шмукав!
Ах Лилит, ме изнасмеа со дечко ти искрено, ми се свиѓа неговиот предлог - нели ќе трпиме се за отстранување на пустиот целулит?! Како и да е, јас денес си купив нов гел, од Бонес - Белград и почнав со виткање со фолија, покрај масажата. Од Гарние гелот со рол он го потрошив (задоволна сум, затоа што има напредок, иако мал, колку толку, се забележува), сега си го земав овој друг гел со бршлен, папаја, кофеин и мултивитамини, па да видиме. Масажата продолжува!
Фер ли е ова, свртев 5 аптеки, а гелот против целулит на МеиЛаб никаде А го потрошив за една недела првото пакување, нормално, што со 200мл? Па земав нов антицелулитен гел, од Фитогал - Форте (из Београд ). Го пробал некој? Само еден Господ знае што се случува во моите масни перничиња! Инаку туширањето најизменично со топла и ладна вода навистина помага многу. Дали некој се витка во фолија пред спиење?
За една недела?? Па ти колку мачкаше? Јас од Фитогал имам од бршлен и тоа 150мл за две недели може го користев..и деновиве почнав со втората туба...не се мачка тоа толку многу..Добри се од Фитогал.
Паааа... 2 пати дневно и си ставам на бутовите и напред и назад и кај колената, па и на листовите, а богами и на половината! Ама очигледно треба да намалам, ептен му се навртев Фала