Малото пакување е околу 200-250 ден, а големото мислам околу 500 ден. еве ти линк за повеќе информации http://www.alkaloid.com.mk/sattwa-balsa ... 00-ml.nspx
Како издржуваш човече ...јас еден ден ќе вежбам( едвај го следам темпото, значи умирам во мегувреме ) и после наредниот ден не можам да МРДАМ ...ќе пробам пак со вежби да се опуштам пополека ама не ми помага ...после 3-4 дена не ми паѓа на памет да вежбам...иако искрено и тие 1 или 2 пати во неделата даваат многу добри резултати,не во поглед на целулитот , туку на "тонирање" на телото
Ги вежбам секој ден и кардио вежбите, односно го вежбам она за дебел газ (ако немам дебел газ ) и секој ден имам кардио вежби, тие ги топат мастите и нормално се одлични за отстранување на целулитот. Издржувам затоа што имам кондиција, плус ми се премногу интересни вежбите и забавни па така не чувствувам никаков напор додека ги вежбам Обиди се барем преку еден ден да ги правиш за да набиеш кондиција
Девојки..колку брзо се познаваат првите дејствувања на сатва? немам многу целулит сеа прв пат ми се појавува и тоа во пределот кај нозете и гзето. малце почнува да ме нервира..па решив да го купам па ме интересира за колку време да очекувам промени??
Ако само се мачкаш без физичка активност, без масажи и без внимавање на исхраната не очекувај многу многу резултати
леле луѓе сатвава јас ја користев искрено откако ќе се намачкав целата бев црвена...ама намалување на целулитот не видов некое видно....јас немам мн ама користев талог од кафе и тоа ми помогна...сега треба пак....
Целулит ... Дел што го мразам кога ќе го видам кај некоја давојка, но такви сме Неможеме против природата ... Инаку немам целулит но затоа редовно вежбам, трчам со мидер и на тој начин го одржувам моето тело во форма
Лелее, женски немојте да користите бе антицелулитни креми! Тие ќе треба цел живот да ги користиш,ако веќе си почнал. Доколку престанеш кожата ќе почне да ти се суши и целилитот повторно ќе се појави. Најдобро решение ви е Бекутан-павловичева! Јас веќе подолго време си го мачкам и масирам задниот со павловичева, и скоро и да немам целулит. Само треба да бидете упорни и да не се откажувате. Од самата масажа, што ја правиме на задникот додека ја мачкаме павловиќевата,целулитот полека исчезнува. Не само што ќе немате ни целулит, туку и ќе си имате мазно газе Можете да пробате и со талог од кафе,како што гледам доста жени го пробале и викаат задоволни дека се. Како и да е,мене павловиќевата ме спреми за летово
Може ли да ни кажеш на која павловичева бакутан крема точно ја користиш? Може ли и слика да ставиш? Фала ти однапред ! Поздрав
Со пантолоните за потење (или поефтината варијанта - кеси, целофан, нешто такво), нозете многу се потат при вежбање, јас имам пробано, ама не е препорачливо. Мене татко ми ми ги забрани да ги носам веќе Кожата не може да дише и сите токсини и штетни материи што ги лачи, и се враќаат назад. Мене дури првите пати почна многу да ме чеша кожата, па ги баталив. За повеќе да се потам при вежбање, облекувам хулахопки, па одозгора хеланки. Е сега нормално, ефектот не е ист, ама барем нема да имам штетни последици. Инаку, си ја купив Сатвата пред 2 недели и се мачкам со неа 3 пати дневно. Одвреме навреме ставам и од кремата од Авон - Солушнс. Од Сатвата не осеќам никакво печење, ама забележувам разлика. Сепак, краток е периодот за да има којзнае какви резултати. Исхраната веќе одамна ја променив, пијам по 4 литри чај дневно, па ќе видиме како ќе оди
Феминки, ве молам ако видите негде антицелулитна крема на NEUTROGENA да пишете каде. Презадоволна сум од сите креми нивни, а прочитав и за антицелулитната дека била добра.
Мимс, ги имаш симнато вежбите од нет или одиш некаде вежбаш?( зборам за brazil butt lift ) Ај те молам, ако ги имаш симнато дади ми линкче и јас да ги симнам.. После диетиве, целулит имам ненормално многу на задниот дел на нозете, поточно под задникот. За креми сум скептик, затоа што и порано кога имав сосем малце - ама доволно целулит за да преземам нешто во врска со тоа, користев една на афродита, и ништо не ми помогна. Резултат нула.
6 антицелулитни масажи 6 електро стимулации 6 лимфни дренажи 3 радио frequency или пак на сето ова додадено плус 3 hot body wrapping и 2 cold body wrapping Има некој искуство со некое од овие? Ме интересире секое конкретно за што е, оти мене највеќе за отстранување на целулит ми треба
за целулитот треба промена на исхрана и вежбање а исто така и масажа.јас имам на нозете целулит и искрено сум идиот,ме мрзи да вежбам а дома имам ORBITREK и RELAX AND TONE.јас не пијам вода многу,дневно можда 1 литар и помалку,а треба и за целулитот и за се е добро да се пие.размислував да одам на третмани ама џабе ке трошам пари кога не можам да се контролирам во јадењето инаку сега зедов антицелулитен лосион од DOCTORS и се масирам па ке видиме резултат
Кремите за целулит од Афродита за ништо не ги бива и јас користев па никаков резултат,џабе 900 ден. Единстевни што вистина имаат резултат се Нивеа бај бај и нивеа серумот.Ги имам користено долго време и се приметува разлика.Ништо друго ми нема дадено резултат како нив. Дебора,Афродита,Гош,Авон,онаа од Бршлен,Та на на,Гарниер сите ги имам користено и никаков резултат немав забележано,како што забележав од нивеа.Секојдневно мачкање 2 пати во денот.