Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Тинкербел колку пари е Нивеата и серумот? И колку долго отприлика ги користеше за резултати да има?
    Да ти кажам право и јас какви не креми користев, имам испробано се, ама од никоја за жал не видов резултат. :(
    Штом викаш дека Нивеава е добра, да ја купам..
     
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас постојано ги користам,може пауза правам месец два ама потоа пак почнувам.
    Нивеа бај бај е како гел и трае 1 месец со тоа што да се мачкаш сабајле и навечер а е околу 600 и нешто денари 200 мл мислам е. Серумот е мал и е за 10 дена ама мене ми траеше околу 15 тој е 700 и нешто.Најубаво користи прво бај бај месец дена и таман после 1 месец летово земи го серумот (многу е добар) па после пак можеш со бај бај да продолжиш.
    Само биди упорна и секој ден сабајле и навечер масирај се а можеш и да правиш дома лесни вежби за задник и нозе (јас ги правам) еве овие на пример по 3 серии од 10 пати http://www.youtube.com/watch?v=maOQbmigoqk
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Natalie.V

    Natalie.V Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки,

    досега ги читав вашите коментари поврзани со целулитот, и уште сум во бунило :) Ќе биде ли некоја љубезна да ми го пише точниот рецепт со талог од кафе бидејќи до сега прочитав повеќе начини на правење ( талог од кафе+морска сол+маслиново масло, талог од кафе+морска сол+ѓумбир итн) бидејќи незнам кои намирници конкретно да ги набавам.

    Ви благодарам однапред, поздрав! :hai: :)
     
  4. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    Повеќе вода и цедени сокови..., масажи со масажерот (копијата на relax and tone), антицелулитнава на fitogal и масажи со талог од кафе додека се туширам и ефект има :) ми се намали обемот на буткиве :) i'm so happy :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • fitogal.jpg
      fitogal.jpg
      Големина на фајлот:
      5,3 KB
      Прегледи:
      581
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    И таман кога мислев дека го отстранив на бутини (привремено значи, трајно отстранување се рачуна еднакво на научна фантастика, а демек жените не биле љубители на овој жанр), ми се јави на задник :( ... И да е трагедијата поголема, на бутини рефлексно веќе ми е да се гмечам (мислам на антицелулитна масажа), дури и кога читам или одмарам, па сега новава локација ми е уште поголем проблем, мислам дегутантна ми е сликата на самоиницијативно газогмечење, макар и во толку возвишени цели како отпор против агресорот - целулит |( ...

    *нервозна воздишка*
     
  6. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    od kade go kupi ovoj krem i po koja cena? Blagodaram
     
  7. invincible.06

    invincible.06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    21
    во жито маркетите имаше понуда 2 + 1 гратис за 245 денари ;) значи 3 туби од по 150 мл за 245ден = Џабе :D ;)
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Дали го има некој користено масажерчето како делфинче што е? Добро ли е? Помага ли? :?:
     
  9. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки
    Имам едно прашање ако може помош
    Во комбомација со УН диетата вежбам и пијам многу чаеви и вода за да се ослободам од целулитот .
    Користам антицелулитен крем од бршлен
    Е сега на фитнес ми кажаа дека за подобри резултати за слабеенје на нозете и целулитот требало да користам ТЕРМО КРЕМА таа го забрзувала овој процес , дали е ова исто со антицелулитна или не е????
    Дали имате искуство со ова и дали може да ми помогнете и да ми препорачате некоја ??
    Однапред Благодарам
     
  10. indian

    indian Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    5
    Za talogot od kafe jas licno go koristev i pomaga!!
    ke zemete talog i ke se masirate 5 min potoa se plaknete so ladna voda , em ke go snema celulitot em kozata ke vi bide mazna :)
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас да го пофалам дрматорон Relax & Spin Tone, во комбинација со било каков крем за антицелулитна масажа (моментално Avon Solutions [​IMG]).
    Буткиве ми се налик камуфлиран портокал. ^_^ Сериозно, се препородија запоставениве ноџиња за пача. Да видиш-да не веруваш дека ќе благословувам ТВ-препорачан производ, но промените се ширум забележливи. Абе ми доаѓа да си легнувам со дрматорон навечер. Сенаменско! ^_^
     
    На Trendafilka, ludoto19, od-samrak-do-zori и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Natalie.V

    Natalie.V Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3

    invincible.06

    каде може да се најде оваа крема на фитогал?! и дали има некој информација каде може да се најдат кремата и гелот од бонес груп кај нас во Скопјево?! ;)
     
  13. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Си го купив на Афродита новиот гел од Цекропиа(без хеланките, иако е препорачливо и нив да ги користите во комбинација ама мене ми се видеа соленки со цена па ќе ги оставам за некоја наредна прилика)...а прочитав дека некои девојки не се задоволни од производите на афродита за жал....Веќе две недели го користам гелот и имам екстра резултати, и во обем имам намалено и зацврстени ми се и ноџињата и задницата(а баш периодов слабо вежбав,така да не е дека сум правела некои комбинации па затоа да имам добри резултати) :D секаде каде што имав видлив ми е намален (потврдено и од вереникот :lol: ) и до крајот на користењето очекувам уште подобри резултати..зборам конкретно за цекропиа, за другите не можам да тврдам ;)
     
  14. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    MARILYN-MONROE (se izvinuvam za fondot ama ne znaev kako poinaku da oznacam)
    sakam da prasam za sto se raboti sto konkretno ti pomognalo osven kremata.(drmatoron? sto li e toa,kaj se najduva)go imam istiot problem so butovite pa ako ti pomognalo sakam da probam.poz i se najdobro
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^ за Pелакс н тон овој од тв што го нарачавме сите на форумов, а прашина ни фаќа :$ .
    Hего Mерлин, за колку време жено се појавија ефекти, да идам ја да се вооружам со креми. па да се дрмам
    .

    A читам на форумов, некои дури и за маструбирање го користеле :rofl: :rofl: :rofl: Aли нас ни е за друга намена да се разбереме :wasntme:
     
    На Natalie.V му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Natalie.V

    Natalie.V Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Прво искуство со талогот од кафе и морската сол - болно и проклето чеша а исто така при првото плакнење на талогот веднаш се забележува резултат за кожата- многу е мазна и мека!!! Мислам дека од ова чудо ќе има ефект!!! :)

    П.С: Најпрепорачливо е да се мачкате со талогот во када или на некој друг простор каде што лесно се мие, бидејќи јас се зезнав цела моја соба лом ја направив! Среќно! ;) :)
     
  17. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Јас немам толку целулит колку што имам стрии, мислам дека целулитот може да се излечи ама стриите тешко :tmi: :( ;(
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    По еднонеделна голгота точно,па и губење од факинг 3 саати ( и повеќе и повеќе)од денот,да пишам еден сублимат за салоните за убавина. Јас не сум јас ако не пробам нешто што ќе наумам. Нејсе...
    Си купив прво еден ваучер,па уште еден случајно,во два различни салони,различни третмани кои ги терав паралелно,но нема мука овај нали,повеќе ефект и приказната беше иста.
    Нема да ги именувам салоните,од многу причини.
    По проценка на дадите,имам тенка кожа,немам многу целулит,а и тој што го имам е мек и лесно се губи...ама пошо овај нали,гените не ме надариле со кожа гума,блазе вам со таква,капилари ми се познаваат не па целулит. Паралелно и на двете места ми дадоа иста диета од која ослабев 4-5 кг за една недела,жива гладна.
    Ќе почнам со најодвратното нешто - турбо капсула. Мало нешто,навистина налик на капсула,ако сте клаустрофобични како мене,ќе завршите со срцебиење,а ако мразите пареа,ќе се мрднете дополнително. Резултатот е препотување и наводно топење... Ако мене ме прашувате и тие тетките таму, јас немам што да слабеам,ама за целулитот добро било...аха.
    Електростимулации- имате слични направи од топ штоп кои пуштаат ниска и безопасна струја која ви го вежбаат телото додека вие лежите ко сом. Непријатно,страшно непријатно. Не ми беше сефте,впрочем дома си правев во далечното минато. Ако ме прашувате мене,тогаш немав целулит,можда и ради ова. Ама дома го користев 3-4 месеци,мала направа која правеше чудо со мојот мускул. Ова ОГРОМНА направа со еден куп октоподски пипки,мислиш ќе се мрднеш,како не бе...едвај ги осеќаш. За две години активно одење,може и ќе ти се намали целулитот.
    Гипсано одело...самиот назив ќе ви каже за што се работи... да,така страшно е,за големи и мрсни жени кои не се плашат од тоа да не мрдаат запечатено. Дали познавате дебела жена која не се плаши од онеспособени раце да не ги подаде по мрсна крофна?!
    Бодитерм- ужас,на двете места. Неисчистено,запотено,од секоја што ќе легне. Подзамирисуваше и на потче од други ете така,па цело време дигав мишка да се мириснам сама себе,ама не бе,јас на рексона котон си мирискам и на диња на пример. Ете така се вариш едно 60 минути,ти вадат вишок течности од телото,што секако со диетата ќе ги изгубиш,па некое време ќе почнеш да крахираш од дехидрација и покрај тоа што пиеш као 4 литри и оптеретуваш бубрези и мозок.
    Платформа-вибририририририририрачко нешто кое ќе ти ги истресе бубрезите,јајниците,желудникот, цревата и све можно,со наводен ефект на зацврствување на телото. Извини сестро,ти не си мрднала цела зима,лапаш што ти дојде,па треси се на тоа. Нешто најнездраво на цел свет.
    Кавитација-лежи лебу да те јадам. Ова не го направив,ама го правеа екстра дебели цуци, без да размислат дека АКО има ефект истото,ќе ги направи ко Донатела Версаче,читај свиснатата кожа ќе можат да си ја врзуваат како појас околу мешето,па чак и дупла машна да си заврзат. Чудотот е ок за луѓе кои активно слабеат и вежбаат за мускул,па ова чисто за вишокот масти што се малку да ги стопи и да се добие овај нали екстра ефект. Ама прашањето е дали има ефект?! Си ветив кога ќе се одлутам страшно ќе одам да го пробам ради мерак. Не трае долго процесот,те минува со едно оп,оп,оп и готов си за 30 минути. Ама по логика и разум,не е за луѓе со многу слоеви на масти и целулит,зошто природно кожата нема доволно време да се собере,па ќе се свиснете у пизду матер.
    Антицелулитна масажа - техника која ја научив само што гледав. Па ебате не сум фатена во рацеве. За 20 мин да ме цедиш ко лимон,ко да не знам јас така дома,па онда си зимам рилакс енд тоунот уште 20 минути,па да те видам цуца и пол.Значи не е поентата да се измачите,да се модросате,вцрвените и не знам што,друга е цаката што со збор не се објасува,туку се покажува. И немојте да си мислите дека ве масираат со антицелулитен гел,тоа е или восок или парафин,па сега видете.

    Сите ме изредија,па која како ме фатеше,леле ама си цврстааааа,сите ни доаѓаат мекички,ама да не вежбаш? Е да. Ееее епа сега нема да вежбаш,ние тука го разбиваме целулитот,го размекнуваме,а ти така ќе го стегаш. Молам?! Целулитот е во сврзното ткиво, што значи нема врска со мускулот. Тоа што по некое време се познава повеќе од вежбањето е затоа што се топат мастите над мускулот кои имаат помазен изглед од целулитот,па го пополнуваат од доле,па остава помазен ефект. А нема благе везе дека со вежбањето се стегал целулитот. Ондак како правите електростимулации кои симулираат движење на мускулот при кардио вежби за топење?!А?!

    И да не зборувам на (не)хигиената на салоните првенствено,а едниот е реномиран,другиот така-така. Ајде,барем се трудат,ама оди труди се кога ќе ти дојдат гнасни жени. Значи вака,си одев со два долни веша,депилирана,спастрена,избањата пред секое онаквоење. Меѓу сите што ги видов имаше и наводни маЛикенки и една селебретис и видов,недепилиран препон,нозе со црни гадни длаки,замирисани,па и нечист веш. Мислам жено,ако тебе не ти е проблем да те види јавност во салон вака,што ти е проблем што си целулитна и дебела?! А?! За мене е тоа исто! И не,не е ова салон и сите се жени па ти е гајле...одвратна си. И при сите млатења таму нечесто се дешаваше да се прислоши на некоја што не јадела со опаснава диета,некоја што не пиела вода,некоја што не трпи топло. Па после ај покриј ме, па ај смени ми музика,епа не ми се свиѓа вашата музика,јас слушалчиња ќе си ставам, па ај не ме мачкај со тоа,јас си донесов ова, па некои ГЛУПИ,значи ГЛУПИ муабети на наводни *интелектуалки* кои срам ми беше простум да ги слушам. У-жас!
    И така,по 3,па некад и 3 и пол саати,ма да и 4-5 во саботата, мојот резултат е нула,освен што сум послаба до моментот неразумност и неубавост. Ми здосади од реакции леле па ти си слаба,жено,не дојдов за слабеење,дојдов за целулит,ЦЕЛУЛИТ,а да,да,добро. И така неразумно трошење време со разумно знаење дека ризикувам да бидам мачката која ја убива љубопитството,да ви кажам дека рецептот за убавина се состои од не нејадење,туку од здрава храна, од активно и искомбинирано вежбање,не било какво или било што, од масажи по дома и вода.
    Мислам мене ум ми штукна кога видов колкави КРАВИ без срам и жал ќе речам крави,доаѓаат и очекуваат дека ќе станат Твиги од *активно* лежење на козметички кревет,а нивната големина е ко даблдекер на јсп. Мене тоа не ми е ни убаво,не знам како да ви објаснам. Не ми е,досадно ми е,ме фаќа сска, ме фаќа нервоза, ме јаде јанѕа што лежам тука и си губам убава количина на време за некоја си лепота,освен античка пошо само глуп коњ може да го направи тоа,друга не добив. А да не зборувам што иако е ова женски форум,ќе се пишеме,со чест на исклучоци, жените се одвратни и лажливи суштества зад илјадници креми и парфеми за пред народ,а вака се смрдли невидени,со испукани петици, излупен лак, недепилирани,со нечист веш.По моја слободна претпоставка, секоја втора е таква,ама кога ќе ти збори за истото,па со некој посебен жар,мислиш оваа во вода од роза се бања,кој знае колку е негувана,па ти си мислиш дека тоа што го правиш со себе е недоволно. Ок,не сум секогаш најсредена во свет,ама тоа е една недела дур чекам влакната да ми пораснат да се издепилирам,еве сега требаше да биде таа недела,ама јас уште сум мазна,пошо си се поминував да не одам таква да лежам по салони влакнеста.Ама и кога сум најсредена мојот разум ми вика можеш и уште подобро. Пазете ве молам,доаѓа една со мозолки на гзот,а им се бунеше дека од нешто од нив е исфрлана и цмиздреше половина час,се караше... Тоа сауна внатре,една излегува од бодитерм да прави стимулации,се очекува од неа да носи вишок веш да си се пресоблече, епа нема и вика,аа ладно ми е,пушти ми греење. Сакав да и речам,ти нормална си?! Лежам у ова се топам,главава барем ми дише,ти да ми топлиш и надвор,а е баш ок,ти ја шлакнам една. И верувајте ми,не беше ова ко 1-2 девојки,туку СИТЕ што влегоа беа такви,гнасни.

    Имам на платено да повеслам уште 2-3 дена и моето со салоните заврши. Арно ама,ко што сум си муабетчика,си се здружив со едно од вработените девојчиња,па и кафе ќе си пијам некој ден ми кажа домашна крема против целулит,си купив мирудии,сега ќе си ја правам,ми покажа и финта-две за масирање и одам така. Самата од добра воља ми кажа,со цел да не се лажам.А и рака на срце, убедена сум дека ќе биде подобра од било која купена,од причина што мирудивее се извори на состојките кои обично ги ставаат во антицелулитните креми кои пак прашање е дали и ги има во доволна количина таа активна состојка за да има ефект.

    И немојте да мислите дека вашиот целулит е најужасен. Немате поим што е УЖАСНО и не само целулит,туку и тело,а ти се понаша ко да е Бар Рафаели. Она доаѓа да се спрема за мис на светот,а она прошла покрај мене,ни до мис не прошла. Па си викам Лилит за овие си поим за лепота,а ги гледаш на телевизија или на кеј или на Ленинова кафе пијат,е сега знаеш дека се влакнести органгутанки со многу целулит,а кога ќе дојдат до стадиум до лето да немаат,од што ќе скапат таму ќе знаеш дека се мрзливи дембелки кои имаат вишок време да се чварат таму,место книга да прочитаат,па и по она што го зборуваа,им го виде и умот.


    И не,за стриите нема лек.Сфатете ги како лузни.
     
    На Divinebutterfly, Dragannah, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Natalie.V

    Natalie.V Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Лилит, секоја чест за постов, муабетов ти држи вода. Ако си љубезна и ако сакаш, би те замолила да ги споделиш информациите со нас во врска со мирудиите за крем против целулит што ти ги кажала девојката што си ја запознала во салонот за убавина. И друга работа, гледам дека си најактивна на оваа тема, скоро сите страни ги прочитав би сакала да те прашам дали доколку во моментот кога ќе ја правам смесата со талог од кафе немам маслиново масло,дали може да се додаде лосион за тело или нешто друго во замена за маслото?! Благодарам однапред! :* :)
     
    На Оленка* и LoOnyD им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    fitnes/relax-tone-t514/250.html
    Лудо, да не претерам ама месец и пол сигурно, се обидувам да е тоа наутро и навечер, но обично е еднаш, на средина на денот |( по 5 минутки на нога (само на бутини и задник користам). Во меѓувреме и вежбам, пијам многу вода и се контролирам во исхрана, па се си има удел.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.