Имам пишано поназад, кремата ја има во Жито маркетите како понуда 2 + 1 гратис за 245 денари, значи 3 туби од по 150 мл за 245ден = Џабе
Лилит да те израдувам, за стриите најдов лек, медицински, подобар здравје, се вика Контратубекс, маст или крема не ми тенува што беше, против лузни, проверено, испробано и делува. Порано имаше астрономска цена, сега е поефтин, околу 400-500 денари е тубиче а се мачка помалку пошто лесно се топи и има ефект, верувајте, моите бразди ги снема за месец дена редовна употреба, потрошив две пакувања ама напоредно мачкав и на лузна голема ко 100 грамска милка Трк по аптеки и да си набавите додека не дошло време за море и бикини
Ме интересира дали некој ја користел оваа крема и дали е задоволен? Воедно каде ја најдовте? Се продава козметиката на Бонес во аптеките или маркетиве? позз
Кити, ја има во аптеките Еурофарм и во аптеките Фарма Вива (која се наоѓа негде позади кафаната „Кај Маршалот“. Антицелулитниот гел на Бонес груп е 188 денари = 200мл, додека кремата е околу 260 денари исто 200мл. Поздрав
Да ти кажам искрено, уште неможам да зборам за резултатите бидејќи од денес почнувам со гелот а вчера почнав да се масирам со талог од кафе и морска сол. Со талогот гледам минимални резултати на кожата т.е. кожата ми беше и сеуште ми е помека за разлика од предходно. Сега ќе зголемам масажа со кремата од Бонес Груп па ќе видиме како ќе се одвиваат работите па ќе бидеш известена. Мислам дека не е голема инвестиција и можеш да ја набавиш бидејќи е ефтина, пробај и биди упорна. Гуд лак!
Да ти кажам искрено, уште неможам да зборам за резултатите бидејќи од денес почнувам со гелот а вчера почнав да се масирам со талог од кафе и морска сол. Со талогот гледам минимални резултати на кожата т.е. кожата ми беше и сеуште ми е помека за разлика од предходно. Сега ќе зголемам масажа со кремата од Бонес Груп па ќе видиме како ќе се одвиваат работите па ќе бидеш известена. Мислам дека не е голема инвестиција и можеш да ја набавиш бидејќи е ефтина, пробај и биди упорна. Гуд лак! [/quote] Да,да. Ќе набавам во секој случај само да се одлучам дали кремот или гелот. А тебе исто така со среќа и чекаме резултати
@Liliт____Постот ти грми... одамна не се осмелила некоја форумџика толку да го отвори срцето и се убаво да објасни нали понесена од сопственото искуство ...те поздравувам и не знам што си по професија ама лично мислам дека ако имаш слободно време (или си невработена (не дај Боже) у случајов уште подобро) под итно Femina.mk да ти отстапи место за колумна...те бива за пишување брате ...за народски сленгови и сл. па и уште со доза хумор WOW Се извинувам за офтопик ама еве емоција ме пукна П.С. ЖАЛ ми е искрено што не си имала резултат од сето потрошено време ... и шо само си ослабела без потреба ама ете барем си ја нахранила твојата љубопитност и си научила една лекција за понатака дека: БЕЗ ПОТ нема мазно дупе
дали некој се справувал со целулит на рацете мислам надлактицата многу неубаво изгледа и ако мозе некој совет?
Ја земав најновата антицелулитна крема на Nivea со Q10( наводно ја затегнува кожата) и од денес почнувам со масажи по 2 пати на ден.Пишува дека првите видливи резултати се после 2 недели.Се надевам дека и кај мене ќе има таков ефект
Q10 е за зрела кожа од 40 години, ако не си возрасна немаш потреба. Јас ја имам обичната Нивеа и повеќе од солидно си ја врши работата, на крај планирам само уште серумот да го искористам последните десетина дена.
А јас пак го земав серумот од Нивеа,еве веќе 2 дена ставам има лом да го направам Стварно се предобри,сега кога ќе го потрошам ќе продолжам со гелот бај бај како и секогаш
Женски да не барам многу наназад, да ми каже некој цена на сатвата од алкалоид колку чини, мало и големо пакување, хм? Ме мрзи да одам да гледам цени, вака спремна за купување да одам... Си држам дисциплина со вежбање, а полека почнав и со храната, сега ми остана уште добра масажичка да мавам секој ден за целулитов. Па се решив за сатвата, ем наша си е, ем мислам нема многу глупости додавани хемикалии, него баш најпотребното -вода, бршлен и кофеин, а за цената добивам и дупло него ли овие што ќе ги плаќам ради името ( а ги имам пробано ништо посебно). А ми се чини дека и ќе има ефикасност ради состојките... Некој да каже понови искуства со неа, сега од пролетва, кога се фрливме на обликување на бикини-телото ?
Антицелулитни масажи во козметички салон-Шије ми га Ѓуро са свилене конце. Се мачкам Хепатромбин два дена, не можам да се опоравам. Модрица до модрица... А само што почнав... Среќа ваучерите беа прилично ефтини, иначе срце ќе ме болеше. Го прочитав и постот на Лилит, се си е кажано таму. Сеа јас не очекувам чудо, ама не очекував ни да искочам од таму толку осакатена. Али добро, колку толку, ќе си продужам сама. Имам една комшика, профи масер е, ми вети едно-неделно масирање да ме опорави, штом завршам ваму, а на тоа поише се надевам.. И муабетот-Ау па тебе површен ти е, немаш гајле, демек таму колку слоја?-Море, целулит е целулит, ми се гледа, срамота е.. А и крупна сум си јас,но прилично стегната за мојава тежна.. Се трудам, пијам вода,многу пијам вода..внимавам што јадам, еве сега и на режим на исхрана сум. Само нека сум мазна.. Ќе почнам да трчам на кеј.. уствари да не се лажам, ќе почнам да пешачам, кроце-кроце... А имам користено, од Нивеа, од Медобил (дури и термокрем), од што-знам-ти-јас какви не креми.. Ова ми беше последна надеж. Ајде ќе видиме имам време да ги искористам сите масажи, само се надевам дека нема да сум ко да ме претепал некој. Али козметичко студио за таква ствар, никад више. Гроз.
Девојки јас планирам да почнам да ги правам тие вежбите што ги ставате во темите вежби за задник и нозе...ќе ми се намали ли целулитот од вежбите што ќе ги правам?
ЦИА подобро трчај или скокај на јаже или пак најди на јутуб кардио вежби. Обичните вежби само го оформуваат мускулот и немаат некој голем удел во топењето на целулитот. Пиј многу вода и зелен чај, цитрони навечер и наутро по еден и прави масажи со талог од кафе, ќе видиш значајни промени за месец дена. Но мораш и храната да ја регулираш, намали сол и шеќер
Една другарка ми кажа нашла видео со вежби за намалување на целулитот па ќе пробам од тие да правам. И по скали ќе трчам,еве сега се подобри времево,па ете и тоа може ќе ми помогне
Малото пакување е околу 200-250 ден., а големото 600 ден. (1000мл.) Веќе неколку пати имам пишано колку сум презадоволна од Сатвата, всушност тоа е единствен производ од кој сум видела резултат, а сум пробала разни, од познати до слабо познати брендови.
Утре ќе го купам Нивеа бај бај за целулит и ќе почнам да ги поминувам местата со масажер. Имам еден ист каков, како трактор е и ги има додатоците што се прикажани на сликата. Е сега, кои да ги употребувам за да има резултат или сеедно е? Некако тие најгоре што се како четкичка ми изгледаат најделотворно . И уште едно прашање . Ставам крема се масирам, или небитно кога сум ставила и сум се масирала? Леле знам, досадна сум, ај чао.