Таа е за затегнување на стара кожа, со брчки, а не за затегнување од целулит. Искористи ја, кога веќе си ја купила, ама друг пат не купубај такви кремови. Јас Нивеата ја купив околу 600ден. Убаво мирисаше, убаво се размачкуваше, ама не ми беше нешто посебно ефикасна.
Мерлинке каде може да се најде ваков масажер како на сликата и колку чини? И ако може некој да ми даде одговор/информација околу масирањето бидејќи гледам дека пред мене има многу жени со искуство поврзано со тоа, јас веќе неколку дена се масирам (прв пат во мој живот сега се освестив за тоа дека треба да превземам нешто ) со талогот и со кремата на Бонес Груп, модрици немам а ме боли ме кине...дали тоа е некаков резултат дека целулитот се раздробува/разложува при масажата? Однапред Ви благодарам. До следно читање
Имам 15 години, и си имам голем проблем со целулидот веќе подолго време. Многу ми смета и ми е срам од него! Пред некој месец почнав да се мачкам само со бекутан-павловичева при скоро секое туширање и до некаде имаше резултати, но многу малку за кратко време. Може задникот ми стана ко бебе,но сепак остана доста од целулидот. Веќе од следната недела ќе почнам со пливање, се договоривме со другарките да трчаме на кеј и веројатно ќе помогне и тоа. Сакам да ве прашам за совет и да ми помогнете, што е најдобро за да се отстрани целулидот? Ако може некоја антицелулидна крема да ми препорачате,што ќе ми помогне. Но,сепак од порано се двоумев дали да пробам и со тоа бидејќи кожата ми е сеуште млада и ми беше страв да не има некои негативни ефекти? Ќе ве молам за помош,многу ќе ви бидам благодарна!
Јас не ги сакам антицелулитните креми, за мене се бескорисни затоа што само го маскираат целулитот. Мој совет ти е да почнеш да трчаш, а и пливањето одлично ќе ти помогне со отстранувањето на целулитот. Секојдневно масирај се со талог од кафе, ако имаш и масажер уште подобро. Намали со солта во исхраната и со благите работи, исфрли го белиот леб и тестенините. За брзо време ќе имаш резултати ако се предржуваш до редот.
После толку вежбање као свиња, јас уште си имам целулитче и тоа само на десниот заден образ. Умречууу!
Почнав да читам на темава и богами тоа потрае хаха. Едно 90 страни ги свртев,и вака има и задоволни и незадоволни, но во главно слични препарати се вртат. Со кафето од талог одма се откажав, сеа реновиравме дома каај да пожолтувам кадата нема шанси ќе ме убијат од дома. Е сега да си купам некој гел или масло,па да прашам тука за сигурно и утре да одам до аптека. Велам аптека бидејќи најголем дел од козметика ( а верувајте за се и сешто сум пробала многу фирми *познати* и од ништо не сум задоволна) купувам од аптека и гледам да се некој вака наши произведувачи зашо искрено ми одговараат, па и за ова се понадевав ќе послужи дај боже. Се двоумам меѓу маслото од бршлен Меилаб-(Меифарм) и помеѓу гелот од бршлен на Фитофарм. Е сега решите ми ја недоумицата и помогнете ми да се одлучам и утре дефинитивно да го купам зашто веќе две недели сум на диета, интензивно вежбам и се забележуваат резултати,па зашто како мечка се разбудив од зимски сон сеа да се средам малку пред одмориве да почнат, а имам време околу месец.
луѓе ги бива ли тие хеланките на Tанана или не знам таму на која фирма беа, тие некои гумени, мада покрај жешково, јас и така се потам ко луда Cе канам да одам да ги купам, абре никако да мрднам, и креми сакам да си земам, имам и Cауна белт тие викаат не ги бивало, греат мнооогу те потат, на струја се, ама не сум ги користела Tака стојат, сега да се печам овде, за нешто што сум чула дека не го бива, слабо. Mасажите ми пропаднаа во вода, кога лилит кажа дека не е задоволна, а мислев да одам, ама ајде тие пари за солариум ќе си ги дадам
Не е апаратчето на нивеа, анабела прашуваше за кремата . Иначе мајка ми ми зема апаратче, копија на Рилекс енд Тоун, за некои 500-600 денари кога беше во Кочани. Дома имам некоја крема против целулит на Орифлејм ама се сомневам дека е ефикасна. Ако може совет каква да земам, која е најефикасна според вас?
Дали кремите на Афродита се ефективни ??? Видов дека има неколку врсти, дали некој ги користел и која има најдобар ефект??
кажав неколку пати..сум користела повеќе креми за целулит ама презадоволна сум од таа на фитогал....има резултати, а луѓе само 90 тина денари ќе му дојде пакување од 150 мл. ......пробајте, јас во комбинација со масажерон(копијата од релакс анд тоне) си имам супер резултати
Стриите немаат врска со целулитот, тие се белези на кожата, имаш посебна тема за стрии погледни таму. Мислам дека има некоја крема.
не не уф сега ме збунивте со другата тема јас така ги викам овие дупчиња од целулит или тоа се стрии?