Јок, не ги бива. Јас имам на Афродита, па и гелот за целулит го купив, и џабе пак ми е ридки, долки и планини. Вежбај, пиј вода и моли се дека ќе го снема.
Јас ги имам, ама не да не се за времево Вежбав со нив додека беше поладно и ми се намалија ноџињава и мешето некој сантим во обем, ама немаш поима како потат, жива вода. За целулит, шо знам... нема некоја голема разлика, али резултати за тоа претпоставувам треба после подолго време, а ние сакаме за 2-3 месеца се да снема.
^ За потење, да, и за слабеење. Доколку вежбате, можете и во нив. Јас за еден месец вежбање со нив ослабев 5 кг, а не бев на диета. Ама вежбав на 40 степени и на крај дехидрирав, па морав на инфузија . Значи внимавајте со вежбањето, чекајте да залади. А целулитот си остана, може само малце се поднамали, ама ништо значајно.
Значи дупчињата, кожата како кора од портокал и кога ќе притиснеш ако има како грутки и топчиња тоа е целулит, а стриите се како линии како белези на кожата. За отстранување на целулитот прочитај ја цела тема и избери си што сметаш дека е најдобро за тебе
колку се радувам вака кога ќе дојде некој после 167 страни и ќе не просветли. како не ни текна порано, пу бе btw веќе оддамна заклучивме дека целулитот не иде заедно со дебелината него јас дојдов да споделам информација го пробав антигелулитниот гел на фитогал. Си се пофалив порано дека се изборив со целулитот ама уште си се одржавам со масажи и креми. Ми е страв да баталам се наеднаш. Само си барам вакви ефтинки варијанти И да кажам дека ми се свиѓа гелов, за целулитот не верувам во креми ама многу ми ја стегна и измазни кожата. На тој дел на бутовите и газот каде што се мачкам во оваа е мнооогу помазна кожата, и стегната, цврста некако е. Инаку 3 тубички потрошив додека го забележав ова. Масирање сабајле и вечер со неа само на мојот пишува со екстракт од бршлен, а не морски алги како на сликава Го зедов на некаква си акција, 3 за 250 денари. Од некој поголем маркет беше ама незнам кој
целулитот благе везе нема са дебелином женска, има дебелки девојчиња ни ц од целулит немаат,јас имам 53 кг пијам повеќе од 2 литра вода на ден ,и благо и пржено не јадам па пак имам ,и тоа по цело тело ,не пушам цигари нит водам нездрав живот,али стресот си го прави своето,колку слаби девојки сум видела со целулит,охо ,и сатва веќе 1 година користам и ништо
Ослабев, ама не успеав да се оттарасам од него! Сега си вежбам, па ќе видиме до кај ќе стасам.. Ако некој има дефицит на целулит и желба за истиот, јас продавам по многу ниска цена!
Јас пак почнав редовно да се масирам, ама си правам финти. Ги масирам засегнатите делови стоејќи, едната нога ја поткревам на подлога за да се опушти мускулот, благо се наведнувам и ги стегам стомачните мускули и мускулите на рацете додека ја масирам ногата. Половина час вежбање ти е тоа, зошто да не се искористи. После масирањето на целулитот се осеќам ко да сум вежбала. Секако, не го испуштам и редовното (вистинско) вежбање па очекувам мазни ефекти, иначе стварно нема да е фер. Сатвата ја користам, патем.
Колку пари е еден ваков гел и дали може по аптеките да се најде? ај и ја да пробам, чим толку го фалите
Само мене ли ми мириса неубаво Сатвата? 3 пати мијам раце после мачкање и уште ми мирисаат на неа Веќе не ме пече кога се мачкам, мислев дека немам веќе ни црвенило, се додека не ме виде прееска мајка ми и цела избезумена ме прашува што ми се такви страшно црвени нозете, кога се видов и јас останав зачудена, се прашувам дали е ова добро или лошо. А каде што ми капнало малку од неа долу на листот на ногата, ми се направило како црвен плик, еве веќе 3 часа не сака да исчезне. Што има во чудово жити се? И Душе, како се масираш пола саат, не ли ти се упива брзо гелот ? Или пак ставаш?
И на мене ми мириса лошо, јас пред спиење ја ставав и наутро, ама после тоа се туширав, не одма, после 3-4 часа. И кај мене имаше црвенило, не знам зошто, ете сега имам еден друг и нема црвенило. Исто и од Фитогелот на Реплек, само првиот пат, а потоа немаше. Јас се масирам грубо, да ме боли, абе што не правам, ама сакам да си најдам некое апаратче за масирање, така поефтинко да е. Некој предлог?