исто и мене ми с енаправи еднаш на раката како плик а нозете кај шо ке се намачкав ептееееен многу ми беа црвени и се уплашив решив веке да не ја користам , а мислам дека и капилари ми испоиспукаа од неа
Повеќе ставам Сеси, по 15 минутки на нога си трошам, кога ќе се упие пак ставам. Не за друго, побрзо да потрошам затоа што и мене ми пречи мирисот, па да ја сменам.
А да ставиме некое масло внатре, дали нема да мириса поубаво? Еве на пример кокос. Или би се уништиле активните состојки ? Арно што не го купив пакувањето од 1000мл.
Другарка ми пие чај од магдонос за целолитот, и презадоволна е, па не знам што да правам, има некоја некакво искуство со чајов? И некако неубав вкус има
Јас имам пиено чај од магданос, директно во грклан со затворен нос , од што е одвратен морав да се откажам сериозно се би праела само да не го пијам тоа
Другарка ми порано пиеше чај од магдонос, и навистина ослабе за брзо време, ама и крвта и ослабна. Докторката и забрани да го пие, наводно бил штетен. Не знам вие како го пиете, она знам дека го сушеше прво, па потоа го вареше.
^ Kaко тој чај од магдонос. Мислиш само вода и магдонос сушен, нели? Инаку да прашам, има ефекти од многу вода?
Со пиење многу вода има, ама вклучи и вежбање , една моја другарка го користи ова 2 недели и е премногу задоволна во обем 4цм смалила со плус вежбање http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... -celulitot
Мене воопшто не ми пречи мирисот на Сатвата, не знам што ви е толку одбивно? Црвенилото е од забрзаната циркулација и не е ништо срашно, се губи после некое време. Токму тоа е и поентата на антицелулитните гелови. Подбро тоа, отколку да ми мириса убаво, да нема црвенило, ама ни резултати
Прееска ама се нашлапкав, па кога влегов во филм- месам, гмечам, вртам, кружам- лудило брате Потоа нозете жар. А богами и рацете. Мислам дека и бицепсите ќе ги стегнам од толку интензивно мачкање. Отпнав на мирисот и веќе потрошив пола пакување. Морам да кажам дека има големи резултати
Добро, дали е можно Сатвата да предизвика алергија? На другарка ми не само што и се вцрвениле нозете, туку и и отекле! И сега, од една страна читам на сајтот на алкалоид дека можно е да дојде до печење и црвенило, ама оток? Не знам што да и препорачам, дали да продолжи да ја користи, или не.
Сега не знам за какви отоци станува збор, ама спомнав претходно дека ми капна долу на ногата и ми се појави како црвен плик, нешто слично како кога си каснат од комарец и си се чешал и како последица на тоа појавило огромно црвенило. Тоа ме исплаши многу, ама и јас прочитав на сајтот дека тие последици се нормални, и продолжив да се мачкам.
Како се стопли, се вкучи мојот аларм дека мора веќе еднаш да ослабам па почнав да си вежбам секој ден вежбички и орбитрек и веднаш има резултати и секако додаток е Сатвата . Мојот целулит веднаш реагира на Орбитрекот како и минатото лето видно е намален ама секако внимавам на исхраната денеска просто сум изненадена како сум сита без лепче кое е вечна мука моја
а како се прави таа семеса од кафе, како се нанесува? ми требаат информаци бидеки сакам да се соасам од целулит...
Јас за моја среќа немам проблеми со целулит, но за тие кои имаатслушнав дека сега Алкалоид ќе изваделе некое средство за сончање кое покрај заштитата која ќе ја давало при сончањето, ќе се борело и против целулитот, и би рекла само дека им е добра идејата, ако е успешно, побарајте го
а како се прави таа семеса од кафе, како се нанесува? ми требаат информаци бидеки сакам да се соасам од целулит...[/quote кога ќе го испиеш кафето останува талог и со него масираш таму каде што имаш целулит]
Сега испив една шоља чај од магдонос, па и не е толку лош како што го опишавте. Инаку колку шољи на ден највеќе бива?
Утре ми е четврта недела како сум на диета, пијам многу вода и редовно вежбам( колку ми дозволуваат горештиниве ) и ослабев така некое кило, ги намалив спојлерите и се гледам како да ми е намален и целулитов. Не знам дали си фантазирами се тешам вака пред одмор,ама добро ми дојде