УНИШТЕТЕ ГО ЦЕЛУЛИТОТ СО НАЈДОБРАТА ДИЕТА!!! Поентата на антицелулитната диета се состои во употребата на продукти богати со калиум. Имено таа супстанција ја активира размената на материи и ефикасно ги елиминира насобраните и излишни течности и токсини од организмот. Како резултат на оваа диета се подобрува работата на дигестивниот систем, се нормализира работата на бубрезите и црниот дроб и ќе се ослободите од хроничниот замор. Во текот на диетата секојдневно треба да пиете 6-8 чаши вода, а солта и шеќерот се сосема исклучени. Пред појадок испијте чаша вода во која ќе додадете сок од еден лимон. Појадокот ќе ви биде овошна салата – киви, јаболки, круши, ананас. Ручек: парче варена или печена соја, свежа сезонска салата – краставици, домати, зелка, морков, цвекло, магданос на што ќе додадете семки од тиква и лажичка маслиново масло. Вечера спанаќ, брокули или карфиол на пареа и чаша кисело млеко. Диетата може да трае се додека не сте задоволни со постигнатите резултати. Оваа диета ви гарантира слабеење во рекорден рок.
Да ви кажам искрено, вчера бев во огромно друштво, со млади, убави згодни девојчиња, поголемиот дел без апсолутно никаков вишок на килограми, ама кога се спруживме да се сончаме на сонце сфатив дека - сите до една имаме целулит, без оглед на годините, градбата и тежината. Што е секако поразителен факт. Не дека велам да кренеме раце од проблемов и да се откажеме, ама мислам дека 99% се соочуваат со проблемот целулит и секоја чест на оној мал процент чија генетика им е наклонета.
Трендафилка апсолутно се согласувам. Едноставно нема девојка без целулит, без разлика колку ти се чини згодна ....или во најмала рака , бројот е многу мал. Не треба да се откажеме од борбата за негово намалување ама животот е многу поубав кога едноставно ќе го прифатиш фактот дека скоро секоја девојка го има и не треба да дозволиш да ти го уништи расположението на плажа
Пишав и во друга тема за ова. Нели викаат за да ослободиш од целулитот треба многу вода да пиеш, епа јас пиев на ден по литар ипол, некогаш и два и стомакот ми стануваше огромен од водава. Како ке ослабам ако си го проширам желудникот од водата?
дали некој има да сподели искуство со стимулации ? слушнав дека се ефикасни дека со 10 третмани намалуваат во обем и малку целулитот се губи вистина или лага?
Најди ми го постот тука,прочитај,јас бев. Благе везе нема. Не си ги трошете парите на такви глупости. Тие стимулации таму,се мачкина кашлица за некои стимулатори кои дома можат да се користат,само со нив е проблемот што е едно и мора да го преместуваш,а во салониве сто пипки ти ставаат и од еднаш оди,ама џабе! Немаат сила,само печат. Симулираат физичка активност. Па поарно ти е да одиш да џогираш,барем кондиција набиваш и е добро за срцето,него да лежиш како сом и да чекаш да се случи чудо. Ете не бев јас на кавитација,другарка моја беше. Врска нема ни тоа,онаа Станија нека каже кој ја фотошопира! Ако морам да го споредам моето искуство со чмаење во салон е... евнух. Стварно се чувствував како кастриран маж,иако не сум маж и не знам како изгледа тоа. Сериозно се осеќав како дебил или како човек без муда! Ужас!
тууууу а баш мислев тоа ми е спасот трчам на кеј секое сабајле и секоја вечер ама незнам какви резултати ке имам до 20 јули со тоа темпо сигурно ке се стегнам малку и некое кило ке изгубам ама се знае нема преку леб погача
http://www.youtube.com/watch?v=osM65YL4 ... re=related Еве како изгледа. Се користи и во медицината,ама за пациенти со проблеми,скинати мускули,атрофирани мускули,постари луѓе кои не се движат,итн итн. Значи нема врска со целулитот,туку со мускулите. А мене ми викаа,немој да вежбаш дур си на третманиве,ко демек го стегаш целулитот. Па иронично е! И на ова бев. http://www.youtube.com/watch?v=hbxf4Obu ... re=related Ова е толку лоша ствар за сите внатрешни органи,не можам да ви опишам. Е за кавитацијата сакав да кажам. За слабички,со малце салце,можда да има резултат, ама за попунички,никако. Кожата што сакаат нека зборат,свиснува,ужасни приказни има низ Скопјево за жени кои се издеформирани,со спуштени задници,кожа и стомаци,а по козметичкиве салони никој ништо не ти гарантира во таков случај. И делува на салото,не на целулитот. Целулитот е во сврзното ткиво и се меури полни со масти,токсини и вода,а не чисти масти,па како сакаат нека го рекламираат,не успева на целулит. Е вакви да најдеме тука. http://massage4you.yolasite.com/online-store.php
не треба да пиеш вода кога било , треба да пиеш кога ке станеш 1,2 чаши, обавезно пред ручек една чаша и навечер не се опивај премногу , вероватно пиеш ти пред после за време на оброци и затоа е така, исто така и вода после овошје несмееш да пиеш, се дуеш ако пиеш после јадење и после овошје
Феминки...јас сум ужасната... Помагајте! Имам 24 години, и до пред неколку месеци бев мноогу слабичка, и немав -ама баш- никаков проблем со целулитот. И таман си помислив дека -ете, јас сум една од малкуте среќнички на планетава чив метаболизам не е склон на создавање целулит- пред еден месец открив дека ми се случил ужас и тоа преку ноќ. Пред скоро една година почнав пополека да се пополнувам, и бев навистина многу задоволна бидејќи цел живот ми се префрлуваше за тоа дека сум многу слаба. Градите ми пораснаа, задникот исто, нозете ми добија волумен, а и се заоблив во лицето. И се тоа делуваше слатко и убаво, кога пред еден месец се свртев да си го видам задникот во огледало. Вака опуштен изгледаше во ред, но штом ги стегнав мускулите доживеав шок, паднав во депресија... Сега сум тотално демотивирана, скоро и да неможам да облечам кратки суќнички или шорцеви бидејќи кога ќе седнам и ќе ги притиснам нозеве го гледам целулитот...Гледката е очајна! Ме убива... Покрај се` , почнав да се плашам да не ми се случува некој хормонален дисбаланс, (читав дека главна улога во појавувањето на целулитот има естрогенот) . Јас од пубертетот навака пак, патев од покачен тестостерон...но последниве 6 месеци нешто ми се случува опасно со метаболизмот
вода пиј многу и лимони цеди пол кило пиј, а јас користев од докторс еден гел за туширање многу ми помогна за две недели ми се намалија дупките од целулитот розево е шишенцето
Почни да пиеш многу вода, регулирај ја исхраната и вежбај. Земи некоја антицелулитна крема/гел(било каква сите исто делуваат) и најважното ако можеш купи масажер. Од оној на струја што е, како Relax and Tone од Тоp Shop(мислам дека може да се најдат и копии негови што супер функционираат). Биди редовна во масирањето и набрзо се забележуваат резултати. За секој случај оди и на лекар штом мислиш дека имаш промени во организмот.
Сте го виделе новиот производ на Алкалоид? Black Up 2 во 1 и млеко за заштита од сончање и антицелулитно дејство. Не е ни скап, околу 270 ден. Да не го пробал некој?
Девојки,незнаев каде точно да го сместам прашањето, но ве молам некој совет да ми дадете. Ако знаете нешто околу тоа како да го отстранам вишокот кој што ми се наоѓа под брадата,веднаш над вратот.. неможам веќе да го поднесам тоа. Не сум дебела стварно, онака просечна тежина имам, можда малку стомаче, но сепак, не сум дебела.. а тоа над вратот незнам како би го отстранила.. ве молам за некој совет
Наминав на темава само за да кажам дека од кремава имам одлични резултати. Целулитче-АШ! Сум пробувала све и свашта ама ова е нешто најдобро кое сум го употребувала до сега. Така што ако некоја од вас се двоуми за производов, нека го порача, нема да зажали!
Феминкии се спремам за одмор и се пренесов со возење точок, масирање и триење со кафе,морска сол и сатва,ЖАР се направив! Арно ама од вчера почнав да се масирам со тоа делфинчето,па денес целите нозе ми се шарено модри!!!!!!! Нормално ли е ова?Дали вистина се распаѓа целулитот или ич да не арчам време со делфинот,да не се напраам пуздер во нозете,зш за 2недели одам на одмор ,а дома мајка ми ја плашам Пиште ми ако сте имале ваково искуство. Мерси