Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Целулитот е еден од најголемите непријатели на жената која се бори со него речиси целиот живот. Оваа појава е еден од најголемите виновници за лошата естетика на телото. Сепак борбата со него не е толку безнадежна бидејќи постојат начини кои овозможуваат тој да се намали или целосно да се отстрани.



    Јаболков оцет

    Во два децилитри вода додајте две лажици јаболков оцет и пијте ја истата смеса секое утро. Во случај да не ви се допаѓа вкусот можете да направите смеса за која ќе помешате три чаши јаболков оцет и една чаша масло за тело со која ќе се масирате два пати дневно.

    Кафе

    Кафето е богато со антиоксиданти и ја подобрува циркулацијата, што помага во намалувањето на масните наслаги. Помешајте половина чаша мелено кафе со ¼ кафеав шеќер, а потоа намачкајте ја кожата со маслиново масло. Со смесата од кафето и шеќерот масирајте ги критичните точки на кожата.

    Кокосово масло

    Во еден сад ставете шест чаши кокосово масло, две чаши бадемово масло и една чаша сок од грејпфрут. Со таа мешавина масирајте ги критичните точки секој ден.

    Лимон и мед

    Измешајте пет лажички мед со половина чаша сок од лимон и две лажички сол. Смесата нанесете ја на кожата, а потоа завиткајте се во фолија и останете така 20-тина минути. Потоа измијте се со млака вода. Постапката повторете ја неколку пати во денот.
     
  2. nekoja85

    nekoja85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    216
    Го имав и јас ова со модрициве од делфинот, не е добро да знаеш.. јас кога се видов наредниот ден уплав, модрици огромни, едвај поминаа.. го земав она копијата од релакс енд тон, ама го цркнав :lol: се прегреа пустото.. а не прави такви модрици.. и сега со рачен масажер. Иначе го земав пред некој ден она Cellugel од Реплек и ми делува ок, ја вцрвенува кожата и мислиш топлина искача од нозете.. ама рано е за да кажам колку делува :)
    Иначе сум ги користела оние најлон хеланките од танана и добри се, со возење точак, претходно намачкани нозете со гел и стварно многу поти.. ама не е за времево.. ќе цркнеш :devil:
     
  3. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    мене од памет ме извадија модринките,за жалење сум :)
    толку веќе од масирањето со делфинот,само да ми поминат за на одмор,да не идам ко шарена крава :D :D
    Амин!!!!
     
  4. sandricka1

    sandricka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    [mod-reklama:2ntixtdn][/mod-reklama:2ntixtdn]
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.298
    ^ Сандра,те памтам со капсулите кои се испостави дека се опасни по здравје,ќе те замолам да не се рекламираш.
    Кажи ја баснословната сума,а потоа ќе одиме на нотар каде ќе потпишеш дека за таа цена нема да имам грам целулит и дека ќе смалам во обем,дека гарантираш за резултатите,е тогаш фино лепо ќе ти платам и ќе се мачкам.
     
    На LivingGlam и pamelche им се допаѓа ова.
  6. sandricka1

    sandricka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    информирајте се на кој нацин се испостави
     
  7. sandricka1

    sandricka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    10
    sorry za reklamata :) nigde ne postaviv ni ime ni telefon ni link JAVNO :) a mislam deka toa ne e zabraneto popravete me ako gresam
     
  8. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ништо не е совршено и уште еден доказ дека дебелината нема врска со целулитот..
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.763
    Пол:
    Женски
    Добар дел и од овие имаат целулитче :wasntme:
    [​IMG]
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.298
    Добро,но сепак повика да ти се обратат во лична порака,што е на еден начин реклама/трговија која е забранета на форумов.
    А што се однесува до гаранцијата,баш би сакала некој да ми гарантира за производот кој го купувам ќе има сто процени ефект доколку правилно го користам. Но бидејќи денес особено за козметички препарати и лекови нема такво нешто, значи дека се е ветер и магла. Не сакам да ги донесуваш форумџиките во заблуда дека нешто е некако,кога реално не е,а чини пари.
    Според моите размислувања,сметам дека се што оди со голема сума на пари (еве во случајов кремчево и да е 1000 денари,реално не зависи живот од целулит,па да се фрлаат толку пари) задолжително треба да оди и со гаранција дека нештото со сигурност функционира и во кои услови функционира,а во кои не.
    Останувам на истото. Секој со својата совест и своите гледишта. Јасен ми е концептот на капитализмот и во добар дел се согласувам,но не и по цена некој да е во заблуда,а некој да се богати на истото. Доволно ни е од надмоќните што го добиваме тоа бесплатно *сексање*,па нема потреба меѓусебно да го правиме истото или пак да бидеме *поданици* на некој голем газда кој наводно открил чудо.
    Еве ти ветувам,ако сето ова го потпишеме во кое ти ми гарантираш дека има ефект, ќе купам три туби и ќе платам БАНЕР на фемина кој ќе стои три недели.

    Нека си продолжи темата во насока од претходно.
     
    На AhThatFemaleProblems и sandricka1 им се допаѓа ова.
  11. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Лилит...твоето убаво лице не треба да се замара со вакви работи па не дај боже брчки да добиеш...тогаш сигурно ќе ти гарантира и маст за брчки :lol:

    шала на страна да се вратам на темава


    Јас значи увек кога ќе си приметам дека имам целулит а го имам богами..
    послем секое испиено убаво турско кафе се мачкам на местото каде имам целулит со талогот
    значи буквално се штипам го масирам го месам :rofl: тоа нормално го правам додека сум во бања и потоа од коа убаво ќе си се намачкам и средам све си се туширам/бањам најнормално :)
    Морам да ви кажам дека навистина делува...ем кожата ми е мазна ;)
     
  12. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    девојки ај ве молам кажете ми дали некоја од вас го има користено антицелулитниот гел танана...сакам да знам дали има резултати или подобар е сатвата????
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено,и нечини!Леплив гаден без никаков ефект.
    Не го купувај :)
     
    На Nastjaaa4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Вака сега... :D Имам дома два препарати против целулит и неможам да се одлучам кој да го користам исто така го имам рилекс и тоун од топшоп во комбинација со еден од овие... :)
    Значи, едниот препарат е од ФИТОФАРМ некоја си крема од бршлен во зелена кутија како од помада.Овој го добивме како подарок со медобилот на мајка ми кој го има порачено од пред 5-6 месеци. Другата крема е во сива туба а бојата на кремата е портокаловка се вика ANEW Clinical...
    Па девојки... Предлог... :D
     
  15. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    Имав и јас мало кутивче од Фито фарм и не забележав некој резултат...можам да ти дадам препорака за Сатва од алкалоид на база на бршлен е и не е скап,кај мене лично има ефект :)
     
  16. ice.woman

    ice.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    46
    Па ај да пробам со сатвата ако не. А колку пари е и колкава количина. :D
     
  17. Gossip-B

    Gossip-B Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    мало пакување од 280мл е околу 250ден, а големото 1000мл околу 650ден :) Среќно
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Го немам или барем воопшто не се гледа. Ни мачкање, ни многу активност ... Многу вода, многу ... вежби онака повремено степ во место или чучњеви. И исхрана се знае помали оброци почесто и тоа јадам се немам проблем за тоа нити сум имала некогаш. Но мислам дека сепак се зависи од организмот колку е спремен да се бори против овие наслаги. Плус виткоста, мислам на конструкција, тежина и генот.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Немам целулит освен кога ќе се стегнам со рака на бутовите се познава малку, тоа се рачуна?
    Ве читам пишувате за талог од кафе, јас одамна си правам пилинг на нозе со него, од стапала па до препони, не знаев дека е за целулит, ете може од тоа немам :D
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А да прашам има нели антицелулитни гелови, се мачкаш и не се измиваш.
    А имаш и пилинзи се масираш и миеш.
    Кои се поефикасни?
    Мене логично ми е првиве, не се измиваш оставаш да делува. Ама гледам и скапи пилинзи кои се измиваат, дури и поскапи од геловиве доаѓаат.
    А јас му имав ептен мерак на Балеа пилингот, ама некако измивањето ме копка.
    А таман можев и тегличето за ајвар да си го користам после тоа :rofl:
    [​IMG]

    Јас овоа си го земав, имам и сатва, добра е, ама сакав да сменам а за 100 денари на акција во ДМ таман ми беше :D
    [​IMG]