Девојки гелот на афродита против целулит зелениот го земав јас со ефект на ладење и можам да кажам секоја чест ефекти има и тоа мн добри и телото се чувствува полесно ... само едина мана му е цената 500 и нешто е и не е мн големо пакувањето за недела максимум Ама тие што се мислат за него едно големо ЗА од мене
Девојки на мене една роднина ми кажа дека го пиела чајот Кирколина и дека за неколку недели го снемала целулитот.
Oд Сатвата сум презадоволна, за доста кус период целулитот значително ми се редуцираше. Го препорачувам!
нема врска, барем кај мене не е така. Сега почнав втора кутија од чајот ефекти има ама во смисла на слабеење, но за целулитот не.
Мене целулитот ми се намали со трчање и вежбање, скоро и да го нема, а имам користено и креми порано ама џабе
Со трчање вежбање и правилна исхрана ке има резултати ама пуста мрза не ми се станува од пред тв и ком. Него ги загледав капсуливе на ЕСИ, против целулит,45 капсули се во пакувањето, содржат витамини растителни екстракти, биофлавоноиди и незз таму уште што, еве ги на слика ме итересира дали ги има користено некоја?
лелееее значи и лето си дојде а моиве бутки абер си немаат.како шо читам овде слабо нешто ефекти да се пофалите.кај некој има подобрување некој од истото нема резултати. ја да си кажам дека еднаш пробав nivea goodbye cellulit и наместо goodbye беше wellcome.и сеа во еден каталог од еурофарм најдов некој производ за целуит.па дали на некоја и дошло до рака ова или не?впечатоци? SOMATOLINE COSMETICS????
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater што мислите за ова, дали некоја од вас го има употребувано?
Еден добар маркетинг. Ако имаш целулит мислиш една крема со која само ќе се намачкаш на плажа ќе делува? Барем со другиве креми долг период си се масираме дал со рака дал со масажер, ама ова да не ќе се гмечиш на плажа? Не ќе се намачкаш слојче и ќе си се тешиш дека си платил некоја стотка повеќе и дека божем има резултати. Јас би си купила обичен Блек Ап, не ми се дава вишок пари за нешто што сигурна сум дека нема да даде резултат. У секој случај ќе повторам, фантастичен маркетингшки трик за еден од најголемите женски летни проблеми. Крема за сончање + крема за целулит, совршена комбинација која само ќе не утеши, наместо пред одмор да превземеме вистински чекори против целулитот.
хахахах, не се користи крема за сончање само на одмор, секој викенд сме на базен или во река, па мислев за тие денови, да не се користи обична антицелулитна крема, туку дали може да се замени со оваа а далеку од тоа дека ке помогне за 10 - 20дена да се реши нешто, што со другите креми не сме успеале со месеци
Девојки да не случајно некоја има искуство со третманите во Бјути Лаб ? Ја гледам понудава и некако ефтино ми изгледа само дали дава стварно резултати ? http://wow.mk/deals/bautylab-body-wrapp ... ii_68.html
ммм да ви дадам јас предлог оставете ги сите креми и други помагала пробајте малку на природна база Па сите пиеме кафе, после кафете тологот зачувајте си го за пред туширање, пред да се туширате измасирајте ги местата опфатени со целулит потоа поминете со млака вода за да не се појави црвенило можете да земете масло од рузмарин и да го премачкате местото, инаку маслото од рузмарин е доста потребно во козметиката така да добро би било да си има секој дома по едно шишенце И да не заборавам да го спомнам лимонот, ицеден и помешан со еден филџан вода помага доста и околу целулитот , а и летово на овие горештини добредојден би бил
Фала му на Бога после толку трагање по препарати, терапии, масажи, таблети конечно го најдов вистинскиот гел и не се двојам од него. За неверојатно брзо време ми помогна мнооогу. Majка ми ми го порача (незнам точно од каде) но неверојатно е добар. За експресно време се гледаат резултатите... Вака изгледа
Досега не сум имала некој проблем со целулит, т.е воопшто не сум имала. Откако ја достигнав мојата идеална тежина, 10 кг плус, забележав дека ми се појавил и целулитот. Се испаничив, си викам лето е... Не посегнав по никакви креми. Се пуштив на вежбање малку и можам да кажам дека после 2 недели редовно вежбање наутро и навечер по 15 минути, и после вежбањето навечр една масажа на нозете околу 10 минути, целулитот речиси и да го нема. 2 пати во неделата ќе си направам пилинг од кафе( претходно се масиран со маслиново масло и не измивам, мачкам врз маслото од талогот кафе) и можам да кажам дека навистина делува, ама заедно со вежбање и масажа и многу вода. Баш овие вежби ги правам. http://www.youtube.com/watch?v=TeHSOuEW8l0&feature=related&fb_source=message Првиот ден не можев ни 5 минути да издржам а сега ми се чини и пола час би можела. Тое е се она што јас го практикувам и се надевам дека ќе помогнам некому во борбата против најголемиот женски непријател. Ајде женски, заедно сме посилни.
Ај и јас да кажам. Мене целулитот значително мноооогу ми се намали со вежбање на орбитрекот. Еве скоро месец ипол како редовно вежбам, и резултатите се повеќе од очигледни. Не викам дека го нема во целост , ама во скоро време се надевам и тоа ќе биде. Еве сега ги симнав вежбиве членката над мене што ги има објавено, плус секој ден ќе се мачкам со талог од кафе, па комбинацијава од овие три (орбитрек+талог од кафе+вежбичкиве) се надевам ќе биде успешна . Резултати ќе споделам повторно за месец/два.
И конецно Лек за стрии сам целулит.нарацајте си од Алтернативна медицина од кремата За стрии.јас ја користев ја купив 300 денари.стриите избледија сам себи за 10. израмнија Дена! Пробајте
Ај ти лепо опитај ја мајка ти од кај го земала,која цена и како се стигнува до него,па пиши ни тука, да зашмиргламе газиња.
Да не е ова од оние алое вера производи што се порачуваат преку каталог, Forever Living Products? Имам дома некој спреј од алое и го има истово знакче, тоа како тревка зеленото од десно на шишето. Ај прашај дома па кажи ни
Не е од ФЛП со сигурност. И јас ли да ве учам како се истражува ? Одиш на десен клик да ти ја прикаже сликата, го гледаш линкот и го наоѓаш производот. Руска е фирмата (мислам) В. Б. клинике collagena и алоэ профессиональной А еве го призводот http://livetopic.ru/product/360/antitseluliten-gel-anti-cellulite-gel-.html