Хеј...се испораспрашав јас па ај да апдејтувам =) Колешка на мајка ми е дистрибутер за производиве. Не се од форевер ливинг, и јас мислам дека се руски ама не сум сигурна. Пакувањето е 230мл а го купила околу 1000 ден не знае ни таа точно бидејќи повеќе работи нарачала. Ако сакате ќе земам број од жената да си прашате директно што е и како, бидејќи јас не сум баш информирана, знам само дека го добив производов и сум презадоволна Кој е заинтересиран нека ми пише ПМ да му го пратам бројот =)
јас вчера од аптека си го земав овој гел.и аптекарката сама ми го препорача пошто и таа го користела а и вели повекето го фалат.мојата состојба е критична веке па ќе видиме.... SO WISH ME LUCK
Јас имам едно прашање за мојот задник Пред 3 години се држев до здрава исхрана и доста ослабнав. Битното тука е дека воопшто немав газ. Бев како сплескана одзади, мислиш некој со тава ме удрил Е сега сум доста поправена, формата на задникот ми е точно каква што сакам, ама имам и целулит на бутовите, не многу ама се познава. Сега сакам да почнам да вежбам, ама не знам дали е можно пак да ми се сплеска или пак ке си ја задржи формата и само ке се зацврсти. Или пак да користам креми иако не верувам многу во нив
Ах, јас имам на најглупи можни места. Не е многу, за среќа, ама одвратен е. Имам на внатрешната страна на бутовите, и сега откако го изгубив вишокот беше малку поизразен кога ќе стегнев на тоа место. Глупото е тука што поради интензивните вежби, мускулите ми се цврсти ко камен, а таа внатрешна страна ко да е одделена од мускулната маса и комотно можам да си ја боксирам ко вреќичка. Не е сега дотолку, ама јас си ја приметувам и ме нервира. И најглупото - имам и на рацете бре горе, баш кај што треба мускулчиња демек да имам. А од вежбите ко боксер станав. Е сега полека полека се регулирам, среќа моја не се некои критични места. Сама знам да си правам масажи и тоа со најобичен гел, битно да лизга. Масажата е битна, тоа ве лажат со ваков гел, со онаков гел, чисто ко демек по профи да изгледа, мене лично ми призна козметичарка дека користеле поевтини и без врска лосиони. Единствено од бршлен сакам да си земам оти ја тонира кожата. Сега сум презадоволна. Пиев апчиња Зарсена мислам дека се викаа, го регулираат метаболизмот и спречуваат натрупување на масни наслаги кои се баш смртоносните за целулит, те тераат да пиеш течности и имаат лаксативи, така да сметајте на чести посети во WC. Посебно во комбинација со секојдневно вежбање и масажи. Е сега, малку имам модринки од што се напрегам ко да орам ниви по нозеве, ама се исплати се’. Другарка ми пак има доста целулит и пиела од Кирколино чајон по 2-3 литри дневно и вели помагал. Планирам и тоа да пробам, од повеќе глава не боли. Само упорност треба за чудово.
Јас морам да го пофалам талогот од кафе, кожата ми ја прави така мааааааазна и мека . Ептен е добар. Инаку денеска се ,,дрмав'' со масажер по 20 минути на едната нога, и 20 минути на другата. Ептен добро ми дојде. За месец дена се надевм дека ќе има резултати .
Џабе се и креми и гелови и масажи и вежбање, се е во храната. Не внесувајте производи кои се состојат од ШЕЌЕР и БРАПНО за да има видливи резултати.
Дали го има некој користено ова за целулит?Јас го земав денес и го пробав..жар црвена ме направи како изгорена сум од сонце Страв ми е да го ставам да не ми направи некоја алергиска реакција.Знам дека пишува дека е со ефект на затоплување ама ова многу некако. Да не го користел некој да ми каже како функционира?
Ѕвончице,од каде ја зема и која цена?! Туку,ете неколку дена под режимче,оп,оп,целулитчето намалено. Ама солца нема, многу работи нема, чајче,ово-оно,вежбање, масажи,купки,пилинзи и намалено. Ох што се израдував! Ама не се мачкам со ништо антицелулитно.
Од ДМ ја земав околу 400 ден ама оваа дефинитивно не е за мене.А и арно ми текна да прочитам дека не е за осетлива кожа Од Евелин да не има користено некој?Ја има во ДМ исто
Ехеее па ти кај ја најде со ефект на затоплување у сред лето,и најотрпната кожа да имаш ќе се осипеш.Ова за у зима,под хулахопки пред да идеш да се грудваш на снег . Шала на страна,пишував за кремата на Виши на некоја тема,ама не е оваа,па тука ќе ја пофалам. Јас ја користев AquaDestock која не е само за целулит предодредена,туку за подобрување на целата текстура на кожата и шта ти ја знам...Ама значи е чудо!Јас не знам како да ви опишам а да ми верувате,пошто стварно за неверување е. До сега мене најдобра ми беше Nivea Goodbye Cellulite,али ова е х3 подобра од неа. Е сеа ко што напоменав оваа не е само за целулит,ама има и една строго за целулит што е CelluDestock,можам да замислам каква е.Оваа мене мајка ми ја купила по грешка,ама ако оваа помога тек таа...Следна таа ја зимам. Цена не знам колку е,ама колку и да е вреди.
Каде може да се најде и од прилика кога може да се видат резултатите по 2 недели ли или така нешто зошто на 3 август идам на одмор
По милион совети прочитани на форумиве на фемина, еве што одбрав јас за мене: од 15.07 наваму секој ден масажа со антицелулитен гел на Фитогал (некоја од вас го имаше постирано со слика (во ДМ е 99 ден од 150 мл, а од 250 мл е 175 ден) и виткање со најлон (оној кујнски за свежа храна), врз него хеланките на Афродита (за потење) и така вежбање 20 мин. Некогаш и без вежбање, само седам 20 мин со сето тоа на мене. ефект-намалување на целулит и намалување на тежина Потоа, пред туширање задолжително - масажа со талог од кафе, маслиново масло и морска сол. И секој ден вака... По два месеци на УН диета и еден месец упорно масирање на деловите со целулит, веќе имам видливи резултати. Планирам цело лето вака и се надевам дека ќе исчезне во голема мера ПС вода пијам колку што ми се пие, не се оптеретувам но сепак достасувам и до 2.5 литра на ден
Цурки сум нашла Сатва гелче против целулит. Туку што се намачкав и се масирав со Relax&Tone, станав црвена ко рак и пече штипе ко лудо, значи делува. Аптекарката ми го препорача, помеѓу три поскапи она ова ми го препорача. Ај да видиме, рече за две недели се јавуваат резултати, па ќе видиме
^ АрхитеТке, колку го купи гелот на Сатва? И ме интересира, дали мора да се масирам со масажер или можам и онака класика, со раце? Имам брзи и спретни раце. Гледам ми се појавил малку целулит, ептен е во почетна фаза, ама го намирисав, па да го спречам. Море какво спречување, има да го збришам ко со магична крпа, мамицата негова.
Мишелка, од Зегин го купив 260 денари 280 мл, се исплати и богами се гледа дека делува пошто кожата ми поцрвене скроз и почна да жежи. Ми кажа една пријателка дека сестра и го користела за масирање во сопсвениот салон, била доста задоволна. Јас ќе почекам до одмор, би требало да проделува Ех ќе заборавев, може да се мачка со раце, убаво да се втрие гелот и готово
Што мислите за оваа? јас имам премногу целулит на нозете Наместо скапите креми, лосиони и третмани кои знаат многу да чинат, а резултатот е сомнително видлив, во борбата против целулитот може да го искористите талогот од кафето кој сигурно ќе ви овозможи видливи резултати... Рецепт 1 Соберете го талогот од кафе или пак сомелете неколку зрна и помешајте ги со маслиново масло за да добиете компактна маса. Потоа смесата втријте ја на местата со целулит, замотајте ги деловите со фолија и оставете да делува десетина минути. За дополнителен ефект загрејте ја фолијата со фен, но претпазливо за да не си ја изгорете кожата. После третманот остатокот од кафето измијте го со топла вода со кружни движења. Природен пилинг за тело ќе добиете ако помешате талог од кафе со крупна морска сол и со смесата го истриете телото, кое после третманот ќе биде глатко и сјајно. Рецепт 2 240 мл топло сварено кафе 1 белка од јајце 1 супена лажица маслиново или ему масло Постапка: Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете. За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно. Рецепт 3 топол талог од кафе 1 супена лажица маслиново масло Постапка: Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете. Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата. Рецепт 4 мелено кафе лосион или гел за тело Постапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе
Можеш талог од кафе, природно е... А другото баш и незнам ама не ми е баш баш, од кај знаеш може свашта да се случи, немој да експериментрираш да не останеш после цела изнафрлана, почекај има време.