Ах, од кога ги меркам овие Aqua destock и Cellu destock на Vichy што ги постирала Miss Independent... Решена сум да фрлам малку повеќе пари за таков добар препарат, пошто и други ми го пофалија и ќе го купам деновиве. Сигурна сум дека дава одлични резултати. Имам користено други производи на Vichy и нема утка со нив. Е сега, доста време читав на нет и ги проучував и двата производи и сакам да појаснам дека Aqua destock е против оној ’мек’ целулит што настанува како резултат на задржувањето на вода во организмот, додека Cellu destock е против секаков вид на целулит, па дури и тврдокорен. Сепак, јас лично мислам дека ќе го земам Aqua destock, зошто лани кога одев на антицелулитни масажи, козметичарката ми кажа дека мојот целулит е мек, т.е. ми се задржува вода во организмот. Инаку, го има во Зегин (за тие што прашале погоре) и не сум сигурна, ама мислам дека е околу 1.300 денари. Ако грешам, нека ме поправи некој
Според мене најдобро за целулитот се антицелулитните масажи по салониве за убавина. Ако треба да дадам 1.300 денари за крема, да се малтретирам со масирање секој ден и можеби пак на крај да нема ефект, подобро ќе додадам уште некој денар ама ќе знам дека има ефект...Јас така мислам
Па јас би рекла дека најдобро е антицелулитни масажи во салон во комбинација со добра антицелулитна крема и секако, многу вода, овошје и редуцирана исхрана. Антицелулитните масажи сами по себе не се доволни. Прво се прави серија масажи (10 на пример), но потоа е потребно редовно месечно одржување. Јас лани одев, направив 10, и козметичарката ми рече дека треба после тоа секој месец да се оди барем 2 пати на масажа, ама јас немав пари и ништо, пак ми се појави после некое време. А дека има ефект од масажите, има. Барем кај мене беше феноменален ефектот Ама, како што кажав, треба и самостојно одржување со креми, исхрана, вода и слично
Лек против целулит Во шолја чај додадете половина кафена лажичка свежо изрендан корен од ѓумбир. Пијте го овој напиток секој ден и значително ќе го подобрите излачувањето на течностите. Уште еден напиток кој можете да го пробате е микс од 2 лажици оцет и мед, помешани во чаша со млака вода. Овој напиток консумирајте го секое утро на празен стомак, за да ја поттикнете циркулацијата на крвта, да ги разградите мастите и да го подобрите излачувањето на штетните материи надвор од организмот. Антицелулитен лосион Загрејте зрна кафе и нанесете ги на местата на вашето тело каде што сакате да го отстраните целулитот. Замотајте се со најлонска ќеса и седете така 15-20 минути, а потоа измијте се. Овој метод можете да го практикувате 2 пати неделно.
Луѓе помагајте Немав многу видлив целулит, освен малку под бутовите, а на другиот дел од нозете ми се познаваше само кога ќе се стиснам. И си почнав со антицелулитни масажи, направив 10 и целиот целулит ми стана видлив кога стојам, ми изби на површина И што е најчудно ми се познава само на јако сонце, онака на дневна светлина, во соба или надвор, не ми се познава, но на сонце е одвратно. Обемот на нозете ми се намали за 2-3 цм. И сега девојката што ме масираше ми рече дека тоа било нормално и дека така требало да биде, дека било позитивен знак тоа што целулитот излегол. Ми рече да правам пауза од масажите 4-5 дена па да одам пак. Е сега сум збунета. Дали пак ќе треба да правам масажи за да ми се отстрани ова што ми е видливо или како? Ај некој што бил нека каже, ме фаќа паника. Си направив беља пред одмор
И јас така знам, дека после масажите целулитот избива на површина и дека треба да се продолжи со масажи се додека не се отстрани. Јас лани пред одмор исто одев на масажи, ама мене ми се повлече, стана скоро невидлив, воопшто не ми изби на површина. Пред да почнам со масажите, ја прашав масерката дали ќе ми избие, зошто и јас се плашев од тоа, и ми рече дека нема, зошто сум имала ’водест’ целулит, како резултат на задржување на течности во организмот. Со масажата се прави еден вид дренажа и тоа помага да се исфрлаат течностите од организмот (мене ми правеа антицелулитни масажи во комбинација со масажи против задржување на течности). Јас после секоја масажа буквално трчав во WC, ќе се помочав Масерката ми кажа дека тоа било добар знак. Многу добри резултати имав, но после неколку месеци пак ми се појави Ми кажа и дека после серијата масажи, треба да одам секој месец на барем 2-3 масажи за да се одржувам, ама јас не бев во можност и на крај испадна дека џабе ми беа масажите кога целулитот се врати. Мој совет ти е, кога веќе си почнала, продолжи со масажите за 4-5 дена па види каков ќе биде резултатот. Земи си и некоја подобра антицелулитна крема (ако можеш да си дозволиш, многумина ги фалат Vichy Cellu Destock и Aqua Destock) и мачкај се наутро и навечер. Давале резултати дури и по 7 дена, така имам слушнато од другарки што ги користат. Јас не сум ги пробала, па не сакам да тврдам дека се добри, ама во план ми е да ја пробам Aqua Destock. Се надевам дека ќе имаш добри резултати и дека ќе ти се повлече сосема
Леле жени , се изнервирав многу. Веќе скоро месец дена ,секој ден по саат ипол се масирав со Релакс анд Тоне во комбинација со Сатва антицелулитен гел. Целулитот никогаш не ми се познавал кој знае колку ама онака додека се масирав супер ми беа нозете, немаше грутчиња целулит ни кога ептен ќе ја притиснев кожата. Пазев истовремено и на вода и исхрана. И се уште пазам. Паузирав две недели од масажите и целулитот е пак тука и тоа поизразен од кога било. Значи сега се познава и кога ќе ги прекрстам нозете. А, никогаш не ми бил така видлив. Знае ли некој што е проблемот? Можно ли е да се работи за тоа дека дури сега излегува на површина? Или телото засилено складира масти откако агресивно се масирав? Чаре некое?
Мислам дека така треба, да излезе на површина, па да исчезне. Ете и членката погоре пишала дека така треба.
Јас пред некој баш прашав во Зегин за кремиве на Виши и Cellu destock е 1800 денари. Информација од прва рака, а за Aqua destock не прашав, незнам Боа и кај мене е истата ситуација, јас се масирав дома со антицелулитна крема и после 2 недели наместо да се повлекува, целулитот излегува на површина. Вие што имате искуство колку време треба да се масирам за да почне да изчезнува?
Целулитот ко прво не излегува на површина и е една од причините кои ме наведоа да го донесам заклучокот дека тие козметичарки поим немаат. Целулитот и онака Е под површината,во сврзното ткиво на кожата,но сите знаеме каков му е составот. Неконзистентен и неправилен изглед формиран од топчиња полни со масти и токсини. Е кога едно по едно тие се топат и ги снемува,уште повеќе станува неправилен по изглед и затоа почнува да се познава повеќе. Или кога ќе ослабете повеќе се познава од причина што се топат мастите под целулитот (а целулитот не се топи со диета овај нали или незначително малку) кои до тогаш го пополнувале од доле и го правеле помазен на површината. Инаку да,еднаш ако се започнат тие антицелулитни масажи кои патем и дома можете да ги правите,не треба да се запре никогаш,зошто кожата омлитавува... Една девојка коа се маткав по салониве го збореше од нејзино искуство. Паузирала една година од масажи и и беа смкнати нозете од позади... Јас се масирам слично како во салоните по дома,повеќе сум на течности и чаеви, сол избегнувам и за 10тина дена значително помазно изгледа.Правам и пилинзи и купки и това би било това,само што има уште верглање до снемување,само знам дека ќе се врати пак. Ама како беше - интелигентните жени имаат целулит!
Значи ја си направив беља И сега што ми препорачувате? Да продолжам ли да одам на масажи? И после колку масажи мислите дека би имала ефект? А што е најтаргично на 10 август поаѓам на одмор, па немам многу време Ма требаше да си почнам со масажите после одмор, не вака
чувајте си ги парите, да ве спасам од банкрот, не ја бива оваа забегана крема и оваа на сликата и тие што се во мали паќетчиња за дневно-ноќно ги имам користено не ги бива вака нешто изгледаа Mене свеќи ми ги даде, таа вакви глупости користи, јас да дадам толку пари за газот мој, ахам да да
Ау, скапи биле бе И јас ги барав тука кај мене во населба во Зегин, и чудно ме изгледаа, никад чуле за двете креми од Vichy Ги немаа. Како и да е, кога ќе бидам при пари ќе купам. И штом целулитот излегува на површина, треба уште малку упорност и ќе го снема Исто како и со акните. Прво е поткожна, потоа ја мачкаш со лосиони да излезе на површина и откако ќе излезе, можеш да ја истиснеш ќе исчезне Споредбава малку е глупава, ама истото е и со целулитот. Позз Едит: Баш како што пишала Лилит погоре, значи не е дека буквално целулитот избива на површина, туку станува неправилен од што се третира, стиска и масира, се разградува, па затоа повеќе се познава
Боа пробај некои креми што покажуваат резултати после 10 дена. Нивеа goodbye cellulite 10 day серумот или кремиве на Виши. Валјда ќе има резултат Едит: Сеа видов што пишало Лудото. Не е секоја кожа иста, не мора да значи, ама кој може да си дозволи нека проба па нека каже искуство. Јас си се држам за мојата крема од 200 денари
Лудо стварно ли не ти помогнала CelluDestock-от? E сеа у мисла ме стави дал оваа или пак АquaDestick да ја купам,пошто мене ептен ми помогна она,ептен. Другарка ми се реши да ја купи оваа CelluDestock па ќе почекам прво да видам како ќе биде она задоволна. Сеа секој целулит е различен,можно е на некои да им помага на некои не. Иначе цена кај нас не знам колку е девојки,мајка ми од Грчка ја купила,а што е најтрагично не знае ни таму колку ја купила . А видливи резултати мене после две недели негде максимум ми се покажаа.Ама баш ептен воочлива разлика.
Кремава е одамна излезена, ова што го пишува е скроз застарено од пред 3 години и ја има и кај нас преку топ шоп www.adonialegtone.com.mk. И мене ме интересираше дали некој ја има пробано ама никој не се пофалил, ниту се пожалил.