Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    За колку време има видливи резултати од Сатва гелот против целулит? Тие што го имаат користено, ве молам да ми одговорите.
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Е претерале со ценава значи. Па не знам каква да е, никогаш не би дала 5.000 денари за антицелулитна крема што за неполн месец ќе ја потрошам. Апсурд.
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Aко стварно е ефикасна до толку можда и вреди ама бидејќи и по 3 години не се актуелизира како ефикасно решение, и како што реков никој не ја спомнува и не ја фали (ни се жали) тогаш сомнително ми е чудотворното дејство.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Сега читав на нет и едни ја фалат, други викаат врска нема... Којзнае. Верувам дека ретки се оние кај нас што ја пробале. Инаку, на нет може да се најде и за 50 долари, што кај нас е 2.000 денари :^) Не, што е многу, многу е. 5.000 е стварно многу. Можда би ја купила ако гарантира доживотни резултати, се мачкаш еднаш, после 9 минути целулитот го снемува и никад више не се појавува :rofl: :rofl: :rofl:
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Чим цената толку паднала (мада што можно е да се појавени и неоригинали со пониска цена) и има такви што викаат дека врска нема значи ништо :D , уште ќе чекаме за делотворно решение за тврдокорниот непријател на женската кожа :D
     
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Што не измислат некое magic pill? Го пиеш и оп, во рок од 10 мин. нема веќе целулит :lol: Поедноставно здравје, а науката денес е доволно напредна да создаде вакво нешто :D И да ти кажам, за ова би дала не 5, туку 15.000 :D
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.232
    http://www.preventus.mk/index.php?optio ... &Itemid=70

    Се прашувам колку ќе кошта само, а сум на ум да го набавам.
    Ми изгледа малце нереално и магично, ама веќе преку глава ми е од целулитот :whew: .
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    За тоа коментираме погоре...престарена е статијата, касни превентус.мк добри 3 години откако е излезена кремата и од тогаш е достапна дури и кај нас ама никој кај нас не се има огласено да каже дали е вистинит муабетот за 9те минути :D ама по се изгледа не е, зошто до сега веројатно ќе дознаевме и сите ќе бевме без целулит :D
     
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Ќе ја парафразирам Лилит тука за еден пост во темата за слимлајн :) Да се јавиме во Адонија или Топ Шоп (кај и да е) и да се договориме на нотар еден договор да потпишиме дека навистина ќе дејствува. :)
    Знаете што ми падна чудно во рекламава? Не викаат како порано ако не сте задоволни од резултатот ние ќе ви ги вратиме парите :) :D
    А баш пред некој ден кога го извадив од плахар Vibroaction слатко си се изнасмеав зошто имаше гаранција за рефундирање - па придружен е со строга диета која ако не ја држиш не ти важи гарантниот лист :)
    Дај боже во иднина нешто вакво да смислат... или дај боже да ни се покачат платите за едно 300% па да си одиме по салони на тинтрање цело време :)
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересираат кавитациите.Дали некој има правено кавитација?Има ли резултати и дали после извесно време дупло се враќа целулитот?
    Страв ми е некако да пробам да не си направам беља па после бетер да ми се создаде целулит. :?:Барем малку од малку со помош на овој третман да го снема па после јас да си продолжам дома со креми и вежбање.
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    Именце јас не би ти препорачала кавитации. Кај сите што ги знам што правеле немало некои резултати. Сакаше дечко на моја другарка да прави и му кажале од салонот дека не му гарантираат ништо, а по некое време и да има видливи резултати исчезнуваат ако третманите не се прават постојано.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Tinkerbelll, јас лично немам правено кавитација, ама кога одев на масажи, баш ја прашував за кавитација таа што ме масираше, зошто бев на ум да пробам. Ми кажа дека демек кавитацијата повеќе била за намалување во обем отколку за целулит, а радиофреквенцијата била баш против целулит. Јас сакав да пробам радиофреквенција (некои си радиофреквентни бранови било тоа :?: ), ама во тој салон немаа апарат, туку имале во другиот нивни салон. Далеку ми беше мене да одам секој ден, па се откажав, инаку да имаше, сигурно ќе пробав. А од кавитацијата се откажав зошто мене не ми треба да намалам цм во обем, туку да ми се отстрани колку-толку целулитот.

    И да напоменам, видов неколку жени што доаѓаа на кавитација и сите беа бајаги крупнички, да не речам дебели :!: Сега, не тврдам ништо со сигурност, не знам колку е вистина ова што ми го кажа козметичарката, па не сакам да ти сугерирам ништо :) Ако сакаш, види, пробај, па кажи импресии :)
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Абе кавитација не се препорачува за дебели жени,само што кај нас за пари се ќе направат.Не им ни кажуваат на жените што може што не.
    На страната на Др.Анчевски убаво си има нагласено дека е за кожа која што е затегната сеуште(значи не за постари жени) и не е за жени со голема тежина.
    Друга работа јас читам таму дека 1 третман таре 1 час а по другиве салончиња по 20 минути.Па сега види колку се стручни...
    Јас мислам дека многу е важно и каде се прави.За вакви работи не се фрлаат пари било каде.

    Кои особи се најпогодни за третман?

    Најдобри кандидати се особи кои не се екстремно дебели и кои сè уште имаат затегната кожа, но видливи се масни перничиња на одредени делови од телото
     
    На sunfemina и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Катастрофа, можат да им го нарушат здравјето на жените за пусти пари :x Инаку, во салонов кај што одев јас, 1 третман кавитација трае исто 20 минути :^) Па 1 саат и 20 мин. богами не е исто, а плаќаш дебело :^)
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Еве бе
    Третманите се апсолутно безболни, а се чувствува благо загревање на третираните површини. Третманот се надополнува со ендодермална вакуум процедура.

    Третманот трае околу еден час, а резултатите се видливи и се проценуваат со мерење веднаш по третманот.
    Сите клиенти досега искажаа воодушевување од новиот апарат.

    Значи те мерат пред и потоа и сам ќе видиш дали има резултат или не.А и што викаш скапо е(јас уште немам прашано колку е) а и плус си има тоа начин на кој се прави.Чим вика 1 час значи ти нема шанси истото да го постигнеш со 20 мин.Друга работа е што имам читано дека ако се нестручни можат спротивен ефект да постигнат :^) Кај нас козметичаркиве се се приучени,1 работи 100 работи универзална е.
    Сепак не ми се верува дека овде кај Анчевски е аматерско нешто,што знам...
     
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас прашав, 2.500 ден е една кавитација. Па сеа рачунај за 10, 25.000 денари :^) Премногу е, а реално, за да има некој ефект, не ти се доволни 3-4 третмани. Имаат нон стоп салониве пакет-понуди, на пример 3 масажи+3 микрокомпјутер+3 кавитации+3 бодиврапинг и тие им се да кажеме со прифатливи цени, ама така ништо не правиш. Од се’ по малку ќе пробаш, а ефект пак нема да има. Јас сум за тоа кога веќе се прави некаков третман, да се сконцентрираш само на едно нешто и да направиш серија третмани (пр. масажи).

    А за Анчевски јас имам слушнато пофални зборови, ама не за кавитација, туку за третман на лице. Сепак, мислам дека се постручни од како што викаш приучените козметичарки. Ваму кај што одев, сите се’ прават. Депилираат, прават нокти, масираат, прават третмани и сл. Не може сите да се стручни за се’ :!:
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Јас ја користев сатвата, ама некако не ми имаше резултати, односно прво мислев дека има резултати ама после се разочарав некако, па сакам да ми сугерирате која од овие две да си ја купам [​IMG] или [​IMG] која е подобра....?во дилема сум ( инаку сум голем фан на темава :D )
     
  18. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Sum slusnala deka talogot od kafe, pomaga :D probaj , srekno :*
     
  19. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^^ Јас пак, завчера си купив Сатва. Ја користам дури 2 дена :lol: . Кожата ми зацрвенува, но дали ќе има ефект- ќе видиме (земав помало пакување- за проба). На диета сум 2 месеца, сега кога малку подослабев ми се чини дека повеќе ми се познава целулитот. Па ќе се занимавам сега со него :D .
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Јас веќе користам второ кутивче од тој на Фитогал, но заедно со јака масажа, вежбање, УН диета и со многу многу пиење вода... Има видливи резултати, но дали тоа се должи само на гелов не знам. Јас ќе продолжам и понатаму истиот да го користам... Инаку, сега првин се масирам при туширање со талог од кафе, маслиново масло и морска сол, а потоа масажа со гелот.

    Претходно, се масирав со гелот, па се виткав со фолија и вежбав, па потоа туш и масажа со талогот.

    А другиов што е на сликата не ми е познат ;)