И Сатвата мн луѓе ми ја зборат...јас ја немам пробано сеуште, но кога читкав по форумов за да си одберам од овие антицелулитниве, најдобрите искуства беа пола-пола помеѓу Сатва и Фитогал...би требало и двете да имаат ефект секако со добра масажа...
ХААААХ ..."назад ти е зимата" што би рекла мајка ми ....дај Боже да ти е таков генот па да останеш што подалеку од него и понатака ... а ти само моли се да е така!
Е чекај де,и јас си бев така. После 3 4 години ке збориме пак Затоа чувај се тамо немој премногу да се отпушташ
Девојки јас сум 16 год и сум 80 кг. а немам целолит како а? ама се ми е затегнато од вежбање значи тренирам ракомет имам голема нога и голем задник а целолит немам... многу ми е чудно ама сум горда на тоа.. има девојки кој кои се 65 кг а имаат цела нога целолит.. треба редовно тренирање, потење итн...
Јас избегавам благо,грицки,брза храна и газирани сокови,пијам вода по 1-1.5 литар на ден,се масирам со талог од кафе,вежбам 5-6 пати неделно по околу 20-30 минути но сепак имам малку целулит на задникот како вдлабнатини.Вежбиве ги вежбам околу 1 недела и верувајте околу 90 % од целулитот го нема! Освен тоа се добри за цело тело особено за задникот и нозете. https://www.youtube.com/watch?v=PWEdJRRndkQ
имам и јас целулит... одев на антицелулитни масажи, кавитација и caci quantum, имам многу добар резултат, кавитацијата е многу болна, барем кај мене беше, што дури понекогаш не можев ни да ја издржам, беа заедно во пакет сите, а кавитацијата траеше 45 минути... и намулував по 3 cm во обем... после тоа престанав да одам, целулитот не ми се врати, а има поминато 4-5 месеци, но сепак го имам уште малку, ќе пробам сега со некоја крема и со масажи дома и со талог од кафе, се надевам ќе исчезне, многу досадна работа е
I jas planiram da zemam takvo paket, pa da si odam od septemvri, samo kazi mi kolku vreme odese, t.e kolku masazi imase i kolku te cinese? ) Bravo za tebe inace
значи вака беше одев два пати... првиот пат ме чинеше 10 третмани 3000 денари, во тие третмани имав 2 кавитации, 5 масажи и 3 qwuantum, а во вториот пакет после тој имав 5 масажи и 5 кавитации, иста цена беше, само да знаеш многу е болно, посебно кога не ти е распределен целулитот, а кавитацијата е посебно болна... е сега што ќе кажам, 4 дена веќе кога пијам зелен чај без шекер, си правам дома сама антицелулитни масажи, прво масирам со антицелулитниот гел на сатва а после тоа со талог од кафе, секој ден и поцрвенувам цела, на вториот ден веќе целулитот почна да ми излегува на површина, и сега гледам дека е почнат и да се намалува, тука сигурно има дејство и претходните масажи, бидејќи не е можно толку брзо... и вежбам пола час, од овие вежби: http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/4-напредни-вежби-за-затегнат-стомак http://www.youtube.com/watch?v=T_gApyLJ ... 0C6EE6813B од другиот линк си бирам кога како, ама секако има две видеа... и гледам има резултати.... мој совет е немојте да давате пари по козметички студија, туку дома, за 1 месец сигурно ќе имате и повеќе од очекуваните реултати... само напор и ќе успеете
Талог од кафе наместо антицелулитна крема. Соберете го талогот од кафе или пак сомелете неколку зрна и помешајте ги со маслиново масло за да добиете компактна маса. Потоа смесата втријте ја на местата со целулит, замотајте ги деловите со фолија и оставете да делува десетина минути. За дополнителен ефект загрејте ја фолијата со фен, но претпазливо за да не си ја изгорете кожата. После третманот остатокот од кафето измијте го со топла вода со кружни движења. :up:
Откако цело ВЦ го направив лом со кафето, мислам дека поише целулит убив додека се кичмев над када и перев отколку кога се масирав, ама па стварно. Никако да го поврзам кафето, па и ваквото триење со него и губење на целулит. Што знам, според некоја моја логика на заразените места им треба зголемена циркулација, а за тоа може со било каков пилинг, мене ко пилингон од Лилит ништо друго не ме зацрвенува, омекнува и измазнува. Такоџе ептен скепитик сум за кремиве, другачка ми ми кажа дека во салонот кај што работи масирале со некои најобични многу мрсни креми т.е. масла и дека од суштинско значење биле потезите и притисокот на телото а не кремата. Јас откако се целулитизирав за прв во животецот, и дигнав паника не посегнав по креми (фала Богу не фрлив пари) туку се турив на редуцирана исхрана, многу вода, зелен чај, течности и зголемена физичка активност особено во критичните регии. Често пилингување со погоре споменатиот пилинг и масажи со Елдена помешана со бадемово масло, и да ви кажам нозете ми се средија, ми остана на газот малце, кај што неможев убаво да се дофатам за да се стискам и масирам. Можда е и до целулитот, мојот беше штотуку појавен па кога масирав осеќав како ми пуцкета под прстите, местото ми се вцревнуваше и покачуваше таму телесната температура за 2-3 степени. Е сега јас пак се зае*ав ослабев и се средив, али последниве месец дена пак се вратив на старо, почнав да јадам кога ќе ми се ќефне и сваштарии и вратив некое килце и малку од стомакот, и целулитчето се врати али не како претходно. Треба да почнам да спремам испит, па тогаш планирам да го средам и него.
Леле и јас почнав да се опседнувам со целулитот значи да се расчистиме само на цврст стисок на мала фатена повшина имам ама пак ми е некако незгодно и почнав да се масирам со тој антицелулитен гел на Алкалоид и ништо посебно на гз да паднам.
Си имам и јас, па од ко се здебелив уште ми е поизразен, спас од него нема. Лекот е само во слабеењето, кога ќе ослабам и него по природен пат ќе си го снема. Барем се надевам на тоа. Инаку да ви кажам, бев пред матурата некаде на средината на Мај во Афродита С на третмани, ова не сум ви го кажала до сега. Направив преглед, ме виде таа плавата(се има појавувано на телевизии) не знам како се вика бај д уеј таму ја видов и Калиопи пред да оди на евровизија ја лакираа(и тоа со црвен лак). Ме прегледа што ме прегледа, разговаравме, ми даде диета и тоа УХ диетата која претходно си ја имав држено и ми рече да пијам по 3 литри вода и одма додека бев во салонот ми даде да пијам вода и одма после прегледот договоривме кои третмани ќе ми ги прави за 4000 денари. Во тој пакет спаѓаа четири пати кавитација, боди врапинг и масажа. Арно ама, ја појдов само три пати. Од услугата сум потполно задоволна. Беа многу фини и љубезни тетките. Не видов многу други жени така како што ги опиша Лилит. Имаше, ама не беа разголени и не се жалеа, барем јас додека бев. Имаше пуштено релаксирачка музика и многу убаво ме масираше една дебелка тетка. Лежалката кај што ми правеа кавитација и кај што ме масираа беше чиста, имаше чиста крпа. Кавитацијата не болеше како што некој спомна, не знам дали дека во друг салон, траеше едно 40 минути на двете нозе, со по 20 минути на нога. При тоа ме прашуваа дали ме боли и дали сум добро. Значи имав добар третман, ама не сум задоволна пак. Од ко престанав да ги правам тие третмани, почнав да качувам тежина и целулитот ми стана многу видлив. Не знам дали се должи на тоа што ги прекинав третманите или на нешто друго, ама не можам цел живот да одам на третмани и да давам пари по центри за убавина. Ете тоа е моето искуство со Афродита С.
талогот од кафето помага, ама не еднаш или двапати да се масираш, туку подолг временски период..најубаво е пред третманот да ги исплакнеш деловите со топла вода за да се отворат порите, а по масажата со ладна вода за да може да се затекне кожата и со тоа да се смали целулитот. а исто така може да се користи и палента. да се растопи во малку вода и да се тријат нозете исто како претходната постапка. поздрав п.с. јас не сум имала целулит никогаш, во последно време почна да ми се појавува. се масирам или со талог или палента ама еднаш неделно и ем се губи целулитот ем нозете ми се мазни и затегнати.
Лелел немам проблем со ова ама сум слушнала дека треба да се пие многу вода и да се спортува, и исто така да не се носи тесно.
што мислите девојки и дали некој има искуство за AFRODITA S ,сакам да одам за антицелулитни масажи па се мисла???