VAKA DA VI KAZAM JAS NAKRATKO , ODEV NA ANTICELULITNI MASAZI 10 , 3 PATI VO NEDELATA , ZNACI MASAZITE SE POMALCE NA POCETOKOT BOLNI NO POTOA MI BESE UBAVO , REZULTATI IMA DEFINITIVNO , NE SE ISCISTI CEL NO SO USTE 10 MISLAM DEKA KE BESE ISCISTEN , EDNISTVENO NESTO SO JAS NE SAKAM E TOA STO IZGUBIV VO OBEM , A NE SAKAV , MISLAM TOA E NORMALNO KOGA SE TOPI MASNOTO TKIVO , ZNACI AKO SAKATE DA IMATE EFEKT ZEMETE MASAZI , POSLEM I DOMA MOZETE SO ANTICELULITNI KREMOVI , MNOGU VODA 2L NA DEN , VEZBANJE I IZBEGNUVANJE NA SOLENA HRANA JAS ZNAM SE STO I KAKO TREBA AMA NEKAKO ME IMA FATENO MRZA I NISTO OD OVA NE PRIMENUVAM POVEKJE
клучот е во исхраната,масажите и кремите имаат дејство но тоа не е трајно,според мене треба да се има умереност во се,колку што може да се избегнува солена и масна храна,многу вода и зелен чај и секој слободен момент да се посвети на движење(низ дома,пешачење,трчање точак, ролерки)било што што ке ве раздвижи..да се има една постојаност во тие животни навики,а не сеа за во лето за на одмор или некоја свадба се форсираме да се стегнеме и ослабиме,после се вракаме на старо и уште полошо се чувствуваме! не е лесно затоа што треба време за преадаптација,но по неколку месеци ке сватите колку вредело..барем јас така искусив!
Пробајте со вегетаријански начин на исхрана барем некој месец и најверојатно ке ви помогне. Јас долго време сум вегетеријанка и никогаш не сум имала целулит или вишок килограми. Родив две деца и не се поправив воопшто и сигурна сум дека тоа се должи на начинот на исхрана.
Колку што сфатив целулит не си имала никогаш, а вегетаријанка не си цел живот..така да кај тебе не ќе да е до вегетаријанството само, во нешто друго е тајната на немањето целулит ?
Вегетаријанка сум неколку години, значи кога не сум била вегетаријанка сум била дете (имам 24) и нормално е децата да немаат целулит. Не тврдам со сигурност, ама ништо нема да изгубите ако пробате, напротив.
Не можам да се согласам дека немаат целулит, секако не кога се мали дечиња ама веќе после 13-14 год. и стрии и целулит се можна појава секако главно поради неактивност и нездава исхрана.
Жени ццц со што се оптеретуваме,смешни сме Се оптеретуваме, зборуваме, џиткаме пари по креми,масажи,вежби, се потресуваме пред одмори а најубаво би било да си се припазуваме да си внесуваме помалку сол при јадење, да си вежбаме за здравје а не поради тоа што сме имале целулит тоа мислам дека е најарно. И јас се замарав едно време, та вежби,та ова, та она и на крај кога отидов на одмор на плажа искрено не ми ни текна на целулитчето на газенцето . Кај и да се свртиш од подебелки до најслаби сите си го имаме, па затоа главите горе, купачите на вас и оп-цуп да си го носиме со стил така и така му нема лек. Мене повеќе ме нервираат стриите смотани отколку "портокаливе" (<--тајното име за целулит) на задникот. Така да на плажа си ги криев стриите а си ги сунчав и бањав "портокалите" па сите си го имаме кој кило-две кој повеќе, многу ве е гајле жени сме.
Ни креми ни масажи ни курци ни палци .. само трчање,спорт .Ако не спортуваш тебе џабе ти е крем & масажа џабе!!! Затоа патиките на нозе и ајт трчајте
Неколку поста погоре од твоето мислење јас го напишав моето искуство со Афродита С. Фини се се како што треба, убаво си ја вршат работата, нормално за да имаат муштерии, ама нема никаков ефект. Треба на секое да одиш, сите пари таму да ги фрлиш, нон-стоп да правиш третмани, зошто по завршувањето може да ти се направи уште поголем целулит. Барем кај мене беше така, кога ги прекинав третманите ми излезе уште поголемо количество.
Женски кафе!! Талог од кафе навистина помага.. барем кај мене имаше ефект. Не дека јас имав нешто многу целулит ама дури после првиот пат скоро и да немав.. пробајте немате што да изгубите. Јас сега си се правам преку 2-3 дена и навистина од целулитот ни трага.. уште стиите да ги средам и готово
Јас сега почнав да го користам овој гел па ќе видиме какви резултати ќе има,само мора и внимавање на храна колку толку и пиење течности.Во врска со масажите,сама се масирам колку што можам,а масажата во ред е да е професионална меѓутоа битно е само да се забрза циркулација така да ќе си правам сама не ми се фрлаат пари .Го користел ли некој друг овој гел,сакам да споделам искуство? поззз
Тие креми, чаеви и слични работи се бесполезни... Еве одам на третмани, значи биостимулација, вакум, загревање на тело и можеби сум направила до сега 20 третмани и имам минимални резултати, така да треба мноооогу упорност и како што кажа Angela12345 и многу вежбање
Бидејки вежбам често немам голем проблем со целулитот. Имам тук-таму но сепак не е нешто што ме загрижува премногу. Сепак, женско како женско, се мора да ни е совршено Денеска купив една антицелулитна крема која по некоја случајност исто така е ефикасна и за стрии, и за слабеење и затегнување. Кој ме е читал по другите теми сигурно е сватил дека маки мачам со моите бутови . Никакви диети ни вежби не помагаат. Слаба сум секаде и затегната, само во нозите не сум. Сакав да прашам дали некој ја има користено кремава (или барем има слушнато нешто за неа) . Јас ќе почнам да ја користам и по некое време ќе ви пишам резултати Спојлер Евелине Слим Екстрим 3Д - крема за слабеење и зацврстување. Анти целулитна крема за слабеење и зацврстување на рацете, бедрата, стомакот и задникот. Ефикасна против целулитот, ги измазнува стриите и спречува нивно повторно создавање. Ја намалува појавата на масно ткиво. Го забрзува метаболизмот и на тој начин го намалува масното ткиво. Намалување на целулитот до 60 %. Дерматолошки тестиран.
По упатство на ова, ми тврдеа дека може и дома да се направи боди врапингот. Еве ви линк. http://www.squidoo.com/body-wrap-at-home А рака на срце,па и не е некоја филозофија... Па доволно е да се испомачкаш со нешто,да се завиеш у фолија,да пикнеш 4-5 шишиња со врела вода,евентуално термофори или електрично ќебе,да обложиш со фротирка и ако ти стиска да си одлежиш поштено. Јас не фала,ми немаше ефект ама баш ич,а и срце ќе ме стегнеше,аритмии ме пукаа,ама кој сака,повелеле.
Спојлер Lilit-ке jaс тебе би ти забранила да се обраќаш во (анти)целулитни теми! Ова чудовиште дефинитивно кај мене почна да се решава со практикување на спорт, па поттик ми е да продолжам за да не ми се врати изгубениот и да ми се стопи останатиот.