za da nemash celulit,treba da namalish so kafe,shekjer i sol,inache pred banjanje so kruzhni dvizhenja masiraj gi delovite kaj shto imash celulit nekolku minuti,so talog od kafe ili maslinovo maslo,i posle izbanjaj se,IMA REZULTATI
имав голема мака со целулитот и еве еден начин кој мене многу ми помогна се надевам и вам... значи немојте да се залажувате дека само кремата ке ви помогне па каква и да е 1,редовно вежбање на деловитекај што имате целулит 2,било која крема за целулит(бидејки ги имам пробано скоро сите со ист ефект се) 3, и најважно од се е секоја вечер пред легнување по еден исцеден лимон да се напиете.... и можете да јадете и пиете што сакате ..... ова е вистински начин за спречувањ појава на целулит.....пробајте па кажете резултат позз
дали некој го користел до сега циметот за намалување на целулитот и каква реакција има јас еднаш пробав и целите нозе ми беа жар црвени сигурно еден сат интересира ме дали тоа е нормално и ако знаете некој гел за туширање против целулит што го имате користено да ми го препорачате
Вежбај, трчај, спортувај, не јади брза храна, не јади два чааса пред спиење, од сабајле кога ќе станиш прво напиј се една чаша вода. Ако си тешка помалку од 60 kg треба да внесуваш до 1800 калории, ако си меѓу 60-70 kg, треба да внесуваш најмногу 2500 калории дневно.
Кафето помага во отстранувањето на целулитот Намсто скапи третмани, креми и лусиони, целулитот може да го надминете со помош на кафе, велат експертите на еден британски институт за убавина. Секако пиењето на кафе нема да ви биде од голема помош, но кофеинот од кафето, да. Инаку кофеинот го напаѓa масното ткиво и го разградува во течност. При купувањето на креми против целулит проверете и ќе се уверите дека во составот на секоја крема има кофеин. Природен пилинг за тело ќе добиете ако измешате талог од кафе со крупна морска сол и со смесата го истриете телото, кое после третманот ќе биде глатко и сјајно. Ова сега го прочитав. Неколку пати сум пишала дека си правам јас со кафе.. не сум пробала и со морска сол, следен пат така
Си порачав од Грција антицелулитен сет на Quatre saisons и морам да го пофалам.По само една недела видно ми се намали целулитот и пресреќна сум. Прескапо е ,ама се исплати.
Си порачав од Грција антицелулитен сет на Quatre saisons и морам да го пофалам.По само една недела видно ми се намали целулитот и пресреќна сум. Прескапо е ,ама се исплати.
Другарка ми ми даде мала кесичка од оваа антицелулитна крема Eveline за да ја пробам Кожата веднаш ми се вжешти, како да сум седела на термо печка! Досега ниту една крема не имала таков ефект на мојава кожа. Се мислам дали да ја купам, на странски форуми читам пофалби, ама си реков и овде ќе прашам. Ја користел некој?
Јас ! Ау, поужасно нешто, здравје. Иако на неа си пишуваше дека има таков ефект, ама ова е ненормално бре. Мене толку многу ми се вжешти кожата, мислам температура качив. Остај тоа, па и паралелно ме чешаше ненормално. А јас сум прилично толерантна личност за физичка болка и неподносливост. И дадов дури 2-3 шанси и на крајот ја фрлив. Па кој би користел вакво нешто бре ? Па уште пишува на неа, крема на годината за 2011, како не.
Ухх, конечно можам да се пофалам и да си дадам сама на себе еден high-five! Целулит њамам веќе, исчезна скроз на скроз! Без креми, масажери или што ти знам јас! Само вежбање и ништо повеќе!
Кремовите и сите тие масажи едвај можат да помогнат.. Девојко почни си со теретана,трчање или било каква физичка активност.. без потење ништо нема да постигнеш
Тоа на сите ни е јасно. Никој не очекува дека ако се излежува и јаде што ќе му текне, а притоа си се шлапка со креми, ќе постигне некој резултат. Еве јас вежбам секојдневно, внимавам на исхрана, ама некоја антицелулитна крема не би била на одмет. Ако ништо друго, кога ја ставам кремата се масирам неколку минути, а тоа секако има ефект.
Кожата е пофина на допир и се чувствува позатегната уште при првата употреба, ама сепак е малку од 2-3 пати ставање да се зборува за ефект.
Тоа е тоа што го зборував низ постовите , дека може да исчезне скроз без креми и масажи и триста чуда, еднаш си го докажав самата, еве ти го потврдуваш, а ќе си го докажам и уште еднаш - и овој минималниов има да го снема со вежбање! Браво за тебе, се се сака, ако се може тоа барем си го имаш потвредно сигурно.