Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    Морам да се согласам со anabel-a,девојки само везбање за да ви исчезне целулитот скроз,а со кремите ем си ја уништувате кожата и целулитот по некое време се враќа.Сепак ова беше само мое мислење ;)
    Кажувам од сопствено искуство :)
     
    На whit3.cat91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. whit3.cat91

    whit3.cat91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Денес си купив од Веро Афродита хеланки кој ке ги користам со крема против целулит додека вежбам се надевам ќе има резултати, и покрај то со везбам незнам од кај ми излезе целулит на задникот.. Така да последна надеж .. и ќе користам Серум против целулит од Орифлејм сестрами е многу задоволна од него го корисеше во летото
     
  3. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Иако не верувам во кремите сепак барам совет од вас ..Имам на задникот и малку под него на нозете ...Како да го отстранам ?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Со трчање, возење точак и кардио вежби за задник и бутови. И многу вода, без сол во исхраната. А ако сакаш крема јас би ти ги препорачала на Афродита, на другарка ми многу и помогнаа.
     
  5. biibaa

    biibaa Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    ke moze li da mi kazes koja krema od afrodita sakam ovie denovi da kupam ali nesto efikasno da e sum koristela povece ant.sredstva no nemase nekoj golem efekt
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    [​IMG]

    Таа првата ја користеше другарка ми :)
     
  7. whit3.cat91

    whit3.cat91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    и јас првата ја користам и задоволна сум
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира ова го има некој користено мислите дека може да има ефект од него ?
     

    Прикачени фајлови:

  9. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Ме интересира дали некој има користено Медобил и оној масажерот Relax&Tone и дали има резултати. Има добра понуда на една од нашиве страници за попуст, Медобил + Relax&Tone за 2100 денари, па би сакала доколку некоја има искуство да сподели, за да знам дали да лупнам толку пари или не :)
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    fitnes/relax-tone-t514/?hilit=relax еве посебна тема за масажерот. Разлистај ја и ќе видиш дали вреди 2100 да дадеш кога можеш и за многу пониска цена да го купиш, освен ако сепак сакаш медобил, па така демек гратис ќе ти го дадат масажерот.
     
  11. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски

    не ти го препорачувам, многу пукаат капилари од него.
     
  12. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Ее фала ти многу, не знаев дека има посебна тема за тоа :D
     
  13. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Давојки да це прашам нешто..Нормално е на 14 години да имаш целулит..??? Јас имам малку и тоа видов пред еден месец и мајка ми мѝ купи една крема од орифлем па сега нешто повеке околку тоа да ми кажете.. Поздрав однапред :*
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Па штознам :?: мислам дека и јас на таа возраст имав :nod: ,и сега имам и тоа баиги :!: ,но не ми е тоа некој комплекс како на многу девојки,штознам некако не ми пречи :?: :^) :)
     
  15. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    На ALe546 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Имам слушано дека добро било против целулит талог од чисто турско кафе да се стави на посакуваните места и потоа со oна проѕирното да се превитка ногата, потоа треба така да отстои и да се одмие со млака вода

    (никако да ми текне како се вика тоа, знам храната се витка во тоа, како заштита лелел ) :lol: :@ :x
     
  17. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Најлонска фолија :) Инаку и јас имам слушнато за ова и го имам применувано. Потоа кожата е многу мека и мазна. А дека се намали целулитот, искрено многу и не забелжав. Можеби затоа што за кратко време престанав да го употребувам :D
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ПИЛИНГ СО КАФЕ

    Да, кафето може да ви помогне да се ослободите од целулитот, но не ако го консумирате, туку ако го користите како пилинг. Кофеинот кој го има во кафето е активна состојка на многу креми против целулит.

    Наједноставен начин да ја искористите моќта на кофеинот од кафето е да го употребите талогот.

    Ако имате 10 минути...

    Соберете околу половина шолја талог од кафе и одете под туш. Најдобро е да се туширате со топла вода затоа што таа ќе му помогне на кофеинот да продре подлабоко во кожата.
    Земете во раката талог од кафе и со помош на кружни движења масирајте ги засегнатите области (задникот, бутовите).
    Масирајте околу 5 минути, а потоа измијте го талогот.
    Најдобар ефект се постигнува ако го измиете талогот со ладна вода. Ладната вода ги стегнува порите и ја прави кожата позатегната.
    Ако имате 40 минути...

    Земете половина шолја талог од кафе и во неа додајте 2 кафени лажички маслиново масло или масло од рузмарин.
    Постелете стари весници на подот и со помош на кружни движења втријте ја смесата во кожата на местата каде што забележувате целулит.
    Со помош на проѕирна кујнска фолија замотајте ги областите на кои ставивте од смесата.
    Седнете и релаксирајте се. Во периодот од 30 минути додека делува кофеинот, вие пуштете си музика, прочитајте неколку страни од некоја книга или изгледајте една епизода од омилената серија. Релаксацијата докажано помага против целулитот.
    На крајот, измијте го талогот со млака или ладна вода.
    По третманот со кафе веднаш ќе забележите дека кожата ви е помазна и помека, а со тек на време ќе забележите дека целулитот се намалува.

    !
    Важно:
    Чистете ја веднаш кадата затоа што може да потемни од талогот.
    СУВО ЧЕТКАЊЕ

    Четкањето на кожата е ефективен и едноставен начин да го намалите целулитот. Со четкањето се подобрува циркулацијата, но исто така и се отстрануваат мртвите клетки од горниот слој на кожата. Како резултат на тоа ќе добиете помека и помазна кожа, а целулитот ќе започне да се намалува.

    Земете четка за тело со меки влакна и започнете да ја четкате кожата додека е сува. Најдобро е да го правите ова пред туширање.
    Тргнете од стапалата и движете се нагоре, кон бутовите и задникот. Не употребувајте силен притисок.
    СОК ОД ЛИМОН

    Сокот од лимон помага во топењето на целулитот. Во чаша исцедете сок од еден лимон и дополнете ја со млака вода. Доколку не поднесувате кисело, додајте и една лажичка мед.

    Пијте вака приготвен сок од лимон 2-3 пати дневно. Консумирањето на сок од лимон само по себе нема да ви помогне да се ослободите од целулитот, но во комбинација со масажа, четкање и други методи дава одлични резултати.

    ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

    Се смета дека и јаболковиот оцет може да помогне во разградувањето на целулитот:

    Орално. Во една чаша вода додајте 2 лажички јаболков оцет (најдобро оцет од диви јаболка). По желба можете да го засладите со малку мед. Консумирајте ја оваа течност еднаш дневно.
    Локално. Измешајте јаболков оцет и маслиново масло во однос 3:1. Масирајте се со смесата 7-10 минути дневно.
    Започнете уште денес да преземате мерки против непријатниот целулит за да можете безгрижно да го покажете своето тело кога ќе дојде летото.
    еве нешто од нет што најдов против целулит :D :D
     
  19. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    женски де бе кажете некој крем до кај 200 ден против целулит..
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Имам целулит за жал, како повеќето други на моја возраст. Не е многу ама страшно ме нервира. Од како знам за себе пазам како се хранам, течности внесувам, редовно сум спортски активна и пак си стои како што си е од секогаш. Едно време ми го фалеа балзамот против целулит од Алкалоит и тоа ставав. Ама кога ќе се намачкав со балзамот, пече боли корне, ама ај си викав штом така пече значи делува. Не бре пак си стои исто, значи спас од целулитов ми нема
    [​IMG]