не е доволно само вежбање,туку и начинот на исхрана вежбање+здрава исхрана=успех исто така важно е да користиш креми и да се масираш.Се тоа заедно! За да го снемаш ке треба многу напор и труд да вложиш.
Вежбање, здрава исхрана (ако не може да се одвикнете од некои работи барем намалете ги), масажа со кафе, секојдневно или на два дена (мислам дека на сите им помага) и крема. Не може целулитот да се стопи само со крема, вежбањето е најважно.
http://www.topshop.com.mk/slender_shape ... s=17&irp=1 дали некој има вакво порачано или знае некој што порачал и дали има промени при негово користење?
Здраво девојки,јас можам само да ви кажам да не трошите пари на секакви креми против целулит бидејќи не помагаат.Најважни се здравите навики и ви гарантирам дека ке добиете многу позитивни резултати.Ке ви ги објаснам моите навики.. 1.Направите си чај од нане,камилица..или зелен чај и додадите полен,ѓумбир(одличен е за целулит) и можете да си го сипете во шише и да пиете секој ден(барем еднаш дневно) засладете го со мед.. 2.Искористите го талогот од кафето,и правете масажа на местото каде што имате целулит и по секое капење можете и со обичен лосион за тело да правите масажа(не помагаат препаратите за целулит,него масажата-ја подобрувате циркулацијата на местото) 3.Вежбајте секој ден барем по 10 мин.погледнете ги вежбите на фемина за затегнување на задникот итн.но не пропуштајте вежбање секој ден 4.Избегнувајте газирани пијалоци,мрсна храна,чипс не само што ке заштедите пари ке си помогнете и себеси..Не си ги забранувајте овие работи избегнувајте ги. 5. Движите се што повеќе ,не се двоумите дали да излезете на кафе,да прошетате,да си ја расчистите собата Сите го знаете ова,само треба да се примени секојдневно.Во упорноста се крие решението со овие навики не само што значително ке го снема целулитот,ке приметите и чистење на кожата,повеќе енергија итн.. Се надевам дека моите совети ке ве потикнат,и ке ви помогнат поздрав.
Мој совет ви е да внимавате што јадете. Јас имам малку целулит, така да лесно ми е да ги набљудувам промените. И верувајте, исхраната е најважен фактор. Не треба да јадете леб, благо, газирани сокови, пржена храна. Освен тоа, пожелно е да пиете вода, а храната каква и да е, не смее да биде многу солена, бидејќи солта се врзува со водата и така настанува целулитот. Јас со многу строго придржуањекон овие правила, за 3 недели го чистам целулитот од нозете.
Не знам колку е големото пакување јас малечкото го имав, околу 500 ден. беше. И стварно има ефекти. Јас плус со фолија се мотав. Е не да печеше, не да се вцрвуваше ..Ама сега на минимум го сведов.
Jас исто така не гледам смисла од кремовите, ефект има само од исхрана, вежбање и упорност. Сето брзо или е привремено или воопшто не помага!
Целулитот нема врска со телесната тежина. Ете јас имам едвај 50 кила ама пак имам малце на бутовите. И забележав дека имам само во зимно време. ЛЕте нонстоп возам ролери или велосипед и воопшто немаме, и јас и сестра ми. А зимно време, не се движиме толку, + тесни хулахопки и фармерки и ете, си се појавува. Искрено, во кремиве не верувам. Неможе да си исчезне сам од себе без никаков физички напор. Ај да се згрее ќе почнам да вежбам и ќе го нема. А дотогаш ќе се масирам со талог од кафе.
целулитот мислам дека се отстранува само со вежбање, сум слушнала дека и со талогот од кафе, но немам испробано
го имам пробано талогот од кафе,ефикасно е,но треба секој ден да се масираш..а мислам дека многу е важна исхраната и секако вежбањето
Девојки, здраво.... Сакав да ве прашам дали некоја од вас има правено третмани со радио фреквенции - јас да, меѓутоа не се сеќавам да му се сневиди на колку дена размак еден помеѓу друг третман смееше да се прават - дали на секои 2 или на секои 5 дена? Поздрав ***
Од кремовите има ефект, но тој ефект се добива ако правилно го употребувате кремот.. на пример со масажи, со трчање потење истовремено, и здрава искрана многу спортување секако, кремот го забрзува процесот на топење на мастите.. но доколку оставите сам да делува кремот, а вие да уживате и да јадете се што ви се допаѓа, е тогаш нормално дека нема да има ефект .. Јас употребував крем против целулит од АVON зелениот што е незнам точно од кои состојки беше, и имаше ефект секако, а сега го нарачав од АVON тој од најновиот каталог за април. Се надевам дека ќе биде подобар бидејки има во него растение зрна кафе, и уште две други растенија не се сеќав точно како се викаа но главни состојки се против целулит..