Мислам дека ја имам видено кремава во парфимерија. Стварно не знам каде се ја има, јас ја земав од дистрибутер
За кремава прочитав мн позитивни искуства и само што ја купив вчера инаку е 300 денари и ја има во ДМ маркетите почнувам од денес да ја користам инаку оваа што е залепена е за намалување на стомак, бедра и колкови и има ефект на затоплување
Па веќе дојде пролет, време да се ослободиме од сите маснотии што сме ги накачиле за време на празниците низ цело тело не само целолитот. Имам пробвано секакви креми, немам многу целолит ама од време на време се јавува горе на бутчињата и ни една крема не ме спасва освен физичка активност, редовно пиење зелен чај, освен што смирува, и дава енергија заради количеството на кофеин топи мал дел на маснотии,зголемен метаболизам и спремни сте за утринското џогирање, возење точак, ролери... нема потреба од теретана и пржење на кожата со хемикали штом времето надвот е топло. И се согласувам со предходниот пост намалено внесување на маснотии инаку ништо од посакуваните ефекти.
Јас преку една познаничка мислев да ја порачам, но нешто заебава, па бидејќи во Струмица нема ДМ маркети дали може да ја има во Cosmo?
Јас зедов антицелулитен гел од Докторс. 375 мл. за 195 денари. Многу е добар, јас сум презадоволна. Туку да ве прашам по колку пати на ден се мачкате, еднаш или двапати?
За колку пати дневно зависи од кремата, пример за Евелине пишува дека се користи 2 пати дневно но се мачкаш преку еден ден ... инаку оваа термо гелот се препорачува за зимно време а за летно има гел или крема не знам за истата работа само со ефект на ладење
Јас сега го земав новиот антицелулитен лосион од Авон,и од денес го користам Какви резултати има ќе ве известам
Дали некој има искуство со салонот за убавИна Силуете и нивните пакети за слабење и дали воопшто некој има искуство со кавитација лпг мезотерапија гипсени бермуди?
Моја другарка посетуваше лпг и имаше резултати, само што девојката се убиваше од јадење и резултатите беа минимални, ама очигледно не ни сакала она да ослаби чим си идеше контра советите и третманите. Друга другарка исто имаше идено во некој салон на стимулации некои, не се разбирам точно, и за помалку од 1 месец ја промени гардеробата, и личеше и сукња и хулахопка во боја. Такашто мислам дека нема да згрешиш ако пробаш, само припазувај, немој да оставиш се на третманите а да се однесуваш опуштено со храната.
Девојки јас отсекогаш сум имала проблеми со целулитот иако порано бев многу активна физички, вежбав во теретана, трчав, се хранев здраво и пиев многу вода.. (сега поради обврски не можам да се занимавам со физичка активност така како порано), сепак ништо од наведеното не придонесе да го изгубам. Го имав користено гелот на Докторс порано, а сега решив да се обидам со Сатва на Алкалоид. Еве има скоро еден месец како се мачкам ама кожата ми стана УЖАСНА. Целулитот многу повеќе се познава, дури и кога не ја притискам кожата. Се надевам дека избива на површина и дека ќе почне да се чисти полека, ама сепак многу грдо изгледа и малку се исплашив . Има ли некоја од вас искуство со вакво нешто, да ми каже што се случува?
Масло од рузмарин, домашен лек против целулит кој дава ефект Целулитот особено оној кој се наоѓа на задникот, стомакот, колковите и бутовите - знае да биде грозен и фрустрирачки за секоја жена. На пазарот постојат многу анти-целулитни препарати кои успешно се борат против кожата налик на портокал, но тие не само што се секогаш скапи, туку најголемиот дел од нив се состојат од есенцијални масла од разни тревки. Затоа ние ви го предложуваме маслото од рузмарин како домашен лек против непријателот број 1 за жените- целулитот. Есенцијалното масло од рузмарин, кој можете да го купите по речиси сите аптеки е диуретик кој помага во исфрлање на вишокот на вода во телото. Познато е дека ја зголемува циркулацијата на крвта и го забрзува метаболизмот. Бидејќи целулитот е резултат на насобрани масти и течности заробени во кожата, нивното исфрлање е најважно. За најдобри резултати, пред масирање најпрвин малку загрејте го маслото, бидејќи топлината ги отвара порите, па активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата. Потоа со кружни движења масирајте ги деловите зафатени со целулит барем еднаш во денот. Извор: lady.mk
Сакав да ве прашам дали знаете колку чини маслото од рузмарин( заборавив да напишам во претходниот пост ?
Ај прашање за некој поискусен... Значи една од најглупавите одлуки кои сум ги донела во мојот живот беше тоа што си ја купив таа глупоста од вакуум од Топ Шоп. Си се заебав ептен фино. Почнаа да ми се познаваат ептен капиларите после употребата. Се уплашив и престанав да го користам од лани летоска. Сега почнав пак стандард процедура со гелот од Реплек (задоволна сум си) и со трите ролерчиња метални од старо пакување од Авон антицелулитната. Арно ама по масажата кожата почна ко недај Боже витилиго да имам бело-црвена ми беше кожата. Значи не ми се знаеја тенки капиларчиња, туку апла бело-црвена кожата. Ми помина за 10 мин. арно ама не знам шо да правам. Ми е страв да не почнат апла капилари да ми се познаваат. Шо да се прави?
Имам 28 години и за прв пат се соочувам со овој проблем-целулит. Значи одсекогаш сум си била полничка, ама сум немала целулит никогаш, а по оваа тешка зима за мене почна да ми се познава на бутовите и малце на стомакот. Е сега прашањето ми е дали да си уплатам третмани, оддносно антицелулитни масажи во комбинација со body wraping, и дали би имале ефект 5 такви пакети. Ако некој има искуство нека пише. Фала
Имам искуство само со вакумот. Не знам каков е тој од Топ Шоп, јас имам еден од странство, ми го нараша другар физиотерапевт и ми кажа како и колку да се користи (си има и тој свој начин и мера на користење). Исто и мене почнаа да ми се познаваат капилари, да ми се прават синици, ама сето тоа е нормално, зошто пукаат масните ќелии. И потоа се губат со тек на време (далеку од тоа да имаш лузни). Воглавно секој третман или рачна масажа за целулитот мора да е поагресивен, и при вакумот најнормално е да се појават синици, црвенило.