Јас имам добро искуство со антицелулитни масажи и боди врапинг од 10 третмани бев топ спремна за на плажа,паралелно многу вода и витамин ц да се пие. За вакумот да искоментирам дека на времето уште пред 5 години кога не беа толку достапни и евтини антицелулитните масажи јас дома со чаша правев вакум и се масирав на бутовите така го разградував целулитот,а со апарат вакум сега во домашни услови е многу полесно . Сенза Пароле првин нанеси на телото масло за целулит и после на најслаба брзина масирај во една насока со вакумот на местото каде најмногу те боли има најмногу целулит,и таму се прават модрици и пукаат капилари колку побрзо го разградиш подобро за тебе,во меѓу време исто и за тебе важи витамин ц 1000мг и минимум 2 л вода во денот ,и зелен чај ако можеш.
Како не...бодиврапинг. Ако сте ненормални да поцркате. Плус бодиврапингот само ја цеди водата од телото,а не ги топи масните наслаги,целулитот го ублажува,но останува,колку сакаш направи. А и таа глупост ако имате проблеми со срце, ако сте клаустрофобични, ако не поднесувате топло, ич не го ни пробувајте. А за антицелулитните во зависност од целулитот, со 10 не се прави ништо. Плус 30 минути пред спиење секој има и може да си самопомогне со тоа што едноставно се прави масажата и во домашни услови и тоа со антицелулитна крема,а таму со парафин масираат. Страшно. Па со маслиново масло дома можете да се масирате ако сакате, кожата ќе ви биде како на самовила. Од искуството лани...салон за лепота и гнасота не сакам да видам,ни чујам. Страшно. Туку дали на некој друг му се случува кога се масира да осеќа како пукање под прсти од целулитот? Како тие топчињата од целулит да пукаат под кожа...
Лилит тоа пукањето е нормално, мене како што ми објаснуваа целулитот е уствари како мастика и кога се масира тој се кине и пука. Него со што е најефикасно да се масирам? Јас од утре почнувам да џогирам и сакам да почнам со масажа, морам да се ослободам барем од дел од него, па како да го изведам тоа?(ама глупо ми е прашањево)
Ако масажата е поагресивна ќе се слуша пукање, ама така и треба да биде, за да е ефикасна, да се распукаат масните ќелии или како и да се викаат...
пред некаде скоро 2 недели почнав со релакс н тоне (кинеската верзија од 400 денари од пазар) да се масирам и еве вечерва така се набљудував од поблиску, има разлика од почетокот, добро е. за антицелулитни креми ич не ми се даваат пари, пошто ако веќе плаќам скапо, нема да се мачам самостојно, ќе си уживам во терминот во салон едно 30-40 пати затоа зедов сатва од тој еден литар, па имам и за до в година како што тргнало.. ептен малку ми се троши, дека лизгав е на кожа многу и (си го претурив во пластично со пумпица) едно пумпање ми е доволно за цел бут. сета среќа шо го зедов ова масажеров, лани рацете ми паднаа се убив... вака колку толку, можда не е толку добра масажа како рачната, ама јбг, немам раце за фрлање.
Копајќи низ фиоките во кујна, барав зелен чај и наидов на еден целулит микс чај. Демек влијаел на намалување на целулитот, да се пие во текот на денот и т.н. Си направив, како и да е нема да ми наштети, чај е, ама морам да кажам не е баш вкусен Ама ајде, ако делува ќе се пие.. Да видиме.. Инаку ова со пукањево што зборите, така треба да е, јас уште и имам слушнато дека ако ти се појават модрици на местото каде што си се масирала значи дека е разбиен целулитот
Здраво девојки Што мислите за овој третман? Би го одобриле ли ? http://kupinapopust.mk/deal/index/762 Современ концепт за ефикасен третман на целулитот или популарно наречен Tehni Spa третман претставува најефикасниот антицелулитен третман креиран од Guinot институтот во Франција. Ефикасноста се состои во идеаланата комбинација на три методи во еден тртетман изведувани во Technispa апарат: • Вакуум масажа за механичко разбивање на целулитот. • Јонизацја со гел - сериуми за биолошко разбивање на целулитот. • Мускулна стимулација за дренирање на токсините и затегнување на телото.
Девојки,3 недела ја користам антицелулитната од авон и можам да кажам дека значително е намален целулитот! Ќе продолжам да го користам,пишува дека треба да се користи 4 недели.Инаку и јас кога ја нанесувам чувствувам како да пукаат и мислам дека така и треба.
во скоро сите има антицелулитни, а има и луѓе дома што си работат, најверојатно се поевтини. прашај во било кое каде што депилираат, 90% има во сите такви студија. Јас не знам кое да ти го препорачам, пошто немам искуство со антицелулитни на козметичар во Прилеп, само знам каде ги има Поздрав
Добро, ова не е можно. Од секогаш ова вака... Само кај мене ли на десната нога те под задникот оди споро губењето на ова чудо и воопшто повеќе го има отколку на левата? Се сеќавам исто прашував,не знам дали некој ми одговори. Ма ова е вчуденевидувачки феномен!!! Левата се намали значително, десната... многу,многу слабо. Не се еднакви!!! Да вмешам философија...нозете не ми се еднакви,целулитот не е еднаков,не па луѓето.
Лилит, и кај мене е така, всушност кај повеќето е така. Читав некаде за овој феномен, обично на едната нога има повидлив целулит од задната страна, под задникот, а на другата нога па напред, во пределот на надколеницата. Тоа е резултат на скрстувањето на нозете, кое сите несвесно го правиме. Тоа е главниот виновник што доведува до оваа појава. Нели, кога седиме со скрстени нозе, едната нога ни е префрлена врз другата, и ако постојано седиме така, тогаш целулитот се таложи на надколеницата на ногата која ни е „потисната“ од прекрстената нога, додека на ногата што ни е префрлена (прекрстена) целулитот се таложи на задниот дел (леле, објаснувањево ми е убиј Боже , ама ме сфаќаш што сакам да илустрирам). Колку и да звучи глупаво, има логика и верувам дека е до тоа. Јас себеси некогаш се фаќам како седам со скрстени нозе, па ми текнува на ова и одма ги открстувам Ама што и да правиме, не може секогаш да водиме сметка дали нозете ни се скрстени, јас барем несвесно го правам тоа кога седам
Па каде беше целиот мој живот?! Дет експлејнс евртинг!!! Има голема логика! Значи никогаш веќе не прекрстувам нозе,колку и да не е дамски,ама има да седам ко камијонџија,евентуално мушко прекрстување!
Исто и кај мене!! И до негде има логика тоа со прекрстувањето на нозете затоа што постојано така седам, незнам поудобно ми е Инаку видов дека кремата Eveline во ДМ е на попуст околу 250, и читав коментари тука ама никој немаше конкретно напишано дали е добра.. така да женски? Некој коментар од тие што ја користеле?
Имам малку целулит и сега решив да си ја пробам антицелулитната крема од Авон,па ќе видиме за резултатите...а и вежбам секојдневно па така да можно е и од тоа да има резултати.
и кај мене е истиот случај, би ми имало логика ова со прекрстувањево на нозеве, ако не ги прекрстував подеднакво двете јас седам со скрстени нозе, ама за брзо ми се уморува едната па ја менувам другата, и пак после првата мене повеќе ми има логика дека кога се масирам, едната рака (во мојов случај десната која ми е пораздвижена и поцврста, пошто сум десничар нели нормално) некако како да е „пофункционална“ кон едната нога, т.е кога се масирам на другата нога со левата рака, уште тогаш чувствувам дека помалку можам да притиснам со неа отколку со десната. и друга работа исто шо имам забележано е дека ако константно почнувам да се масирам прво на десната нога па на левата, за левата губам веќе сила и помалку притискам. затоа сега тргнав со друга тактика, квалитетно ја масирам едната нога денес а утре другата. и еве забележувам дека исчезнува подеднакво секаде. можат и оние што оделе на антицелулитни масажи на козметичар да кажат дали и кај нив каква е состојбата.
Уште нешто за вечниот проблем на жените. http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-g ... h-na-kafe/ Него Лилит те гледам доста активна на темава,можеш да ми кажеш што користиш за проклетствово и како си задоволна од резултатите.