Женски дали од кога ќе се масирате после ве боли местото? Мене после тоа саат- два ме боли кога се движам
Незнам што има во непристојно и нехигиенски ако ставиш тампон и секојдневна... таа не те масира таму.... Прашањето ми беше дали има некои проблеми и дали има ефект ако те масира а имаш добиено....
Луѓе со што ги миете рацете откако ќе се намачкате (измасирате) со антицелулитна крема? Варикина? Разредивач? Кое чаре? Или ракавици користите? (ете, тоа не ми текнало) Обично ги мијам со чиста вода, па уште два три пати потоа со сапун за скроз да се исчисти гелот затоа што ако ги оставам малце подолго од 5 минути, почнуваат да ме чешаат дланките и тоа ненормално. И така вечерва, да бидам по конкретна - пред 5 минути - си се намачкав, си се измасирав, си ги измив рацете и си седнав на компјутееерр. И сите ја имаме истата поза, десната рака на маусот, левата на образ, ја потпираш главата и ОП, образот ме жеже. Кога да видам три прста ми се исцртале на образот, како некој шамар да ми залепил. Ни вода ни ништо не ми помага, и бебешка пудра ставив и уште ми жари местото, левата страна од лицето ми е како под анестезија.. пукнав ... А таман бев спремна да пишам некој ден во темава дека сум задоволна од гелов, сега ми иде низ прозор да го фрлам
EmGreen да не си алергична на некоја од состојките од кремата што ја користиш? Ти се појавува нешто каде по нозете каде што ја мачкаш? Мислам дека не би требало да ти предизвикува такви реакции, не ја користи некое време да ти се повлече чешањето и црвенилото, па ако е од тоа обавезно смени ја кремата. Може и да имаш реакција од нешто друго на лицето, а се поклопило со користењето на кремата. Како и да е не продолжувај да ја користиш некое време. Јас класично мијам раце со млака вода и сапун, нема потреба од киселини, али може и со некои ракавици зошто да не..
Не, не сум. Кремата и без друго треба да има ефект на пецкање, да создава благо печење на кожата и слично. Кога ја користам на нозе, многу ретко има некој видлив ефект, како црвенила или печење. Дури ми беше криво на почетокот зашто мислев дека воопшто не ми делува. Се осеќав како да се масирам со обично млеко за тело. Сега после две недели користење, одма сменив мислење. Осеќам дека драстично ми се намали целулитот, кожата почна да ми се затегнува, ми станува мазна, убава. Е сега, кремава е за тело, не за лице, па затоа го имаше тој ефект синоќа. Дека е понежно место (како и дланките), одма почна да "делува". Денес веќе не сум црвена, не ми се познава ништо, ама кога ќе се насмеам, образот го осеќам како фино да сум го испекла пет саати на сонце. Инаку ова за варикината се зафркавав, нели Спојлер Ако некој го интересира, овој гел го користам
Во Палма Вита има антицелулитни пакети ,многу се фалат од нив.Имало и вакуум и термо кебе плус лимфна дренажа ,а пакетите биле од 2 500 до 4 500 денари за 10 третмани.Една другарка моја оди и презадоволна е.
Девојки како се викаше бе масажерот од топ шоп оној со вакум? не мислам на релакс, туку на оној со пластично прозирно делче што имаше напред, со вакум. Го барав на страната на топ шоп ама не можам да го најдам, повлечен е од продажба или јас незнам под кое име да го барам Знам дека не го фалевте многу, ама ме интересира да видам што цена е, и не сакам на старо да го купам, шубе ми е
Celluless се вика. Јас го имам од лани, ама почнав многу да се нервирам зашто почнаа капилари да ми се познаваат премногу по употребата. Иако женскиве тука викаат ништо страшно не било.
^ уште еден рекламатор, сполајти. јас сатва ќе си користам и таман ќе ми биди и за евтини пари иначе кај мене имаше баајги ефект од масаживе и ми стои состојбата како што ми беше кога престанав. само што идиот сум невиден, престанав да се масирам и времето што го употребував кога гледав филм и се масирав, почнав да го употребувам да лежам така безвеза и да гледам филм без да се масирам. смотана сум скрос. се нервирам вака ко ќе престанам да правам нешто што скоро ми станало рутина, затоа што после одвај се натерувам да почнам пак.. битно со режимов на исхрана супер ми оди, се надевам дека ќе се убедам вечерва да „потрошам“ пола сат на масажи за женсково непосакувано чудо наречено целулит, барем после се што се изначитав за да се мотивирам повторно. Поздрав
Јас мислам дека најдобар ефект имаат анти целулитните масажи. Сум пробала со многу креми али не е тоа тоа друго е кога ќе те "грабне" професионална масерка. Првите 10 третмани ми беа преку еден ден сега идам во неделата 2 до 3 пати. Кај мене резултатие беа очигледни веќе после 5тата масажа
И да си користиш, јас еве ја дотрошувам Сатвата и да ти кажам добри резултати има. Сега сакам да си купам Eveline читав тука позитивни коментари
imam celulit pod zadnikot vekje vezbam podolgo vreme ama ne isceznuva taka lesno koristev kremi sekakvi koristev kafe i takvi dr raboti ali slabo ...pomos? :/
Смени го начинот на исхарна. Јади повеќе цитрони тие влијаат на разредување на целулитот, пиј зелен чај можеш и оние антицелулитни чаеви што се, пиј многу вода, намали на солта и шеќерот, пржена и мрсна храна, за грицките да не праиме муабет.
Луѓе дали само на мене ми се случува ова? Се масирам веќе неколку дека со масажер и Антицелулитен гел, ама целулитот наместо да се намалува и да исчезнува, некако ми се чини како повеќе да се познава и да го има. Дали и некој друг го има овој проблем? Луда работа
Јас исто таков проблем имам, сега одам на едно место на антицелулитна масажа. Многу е ефтино. 12 масажи за 999 ден, и веќе на првата масажа видов резултати... Акцијава трае до крај на април.
Јас се мачкам со Сатва и тоа како има резултати кај мене.Се мачкам 2 пати на ден (еднаш кога ќе станам од спиење и еднаш пред да скокам на јаже).За малку пари има квалитет производов - ГО ПРЕПОРАЧУВАМ!