според мене машките сакаат да бидат ловци....да бегаш...да бидеш недостижна...да бидеш мистериозна...да знаеш што сакаш од него а најпрво од самата себе...да се сигурни дека си само негова но сепак да неможе да те поседува....
Цел живот оставана..... не се секирај ќе си дојде твоето нема да биде цел живот вака сега одреден период не се впуштај во такви работи со тек на време се ќе се среди
Цел живот оставана..... Нема да се секира и ќе седи со скрстени раце чекајќи цел живот среќата од небо да и падне. Насловот си кажува доволно, "цел живот оставана", значи ја оставале цело време, значи нешто не е во ред со неа, со нејзиниот карактер, однесувањето... Незнам... Можам и јас да велам дека во ред се понашам со дечко ми ама не се понашам. И му имам речено дека се чудам како ме трпи. Ако седи и да не се секира ептен далеку ќе стигне. Место да земе да почне да се менува да види што чини што не, вие убав совет и давате... Седи си и чекај си, ќе си дојде.... Е неможе од небо да падне и да си дојде... Во животот треба сам да се избориш за сопствената среќа.
Цел живот оставана..... Прочитај ми го првиот пост поубаво и ке видиш што не сум направила за да не биде тоа така...за жал и не сум единствената со таква ситуација
Цел живот оставана..... а на кого е лесно ... имам 22 ... имам сменето неколку машки со надеж дека тој е вистинскиот сега на 17 јули дигнав раце ќе си чекам ако дочекам ако не здравје имам братучетка има 29 и е немажена ... некогаш е подобро да си сам ... верувај ... со последниот дечко имав проблеми тој се дрогираше и ме тепаше така да ... УЖИВАЈ !
Цел живот оставана..... Најголемата машка лага е таа - "Јас сакам девојка која е своја, има цврсто изградени ставови и принципи, знае што сака и е независна" ... ма немој! Сега Господ да ми се симне од небото и да ми рече дека бара таква придружничка ќе го погледнам сомничаво. Можеби тоа повеќето го велат, но не го сакаат. 8 од 10 машки си ја бараат мамичка во девојката, сакаат да е своја, но пред се' да е САМО негова, да има цврсто изградени ставови, ама јавно и отворено да се восхитува на неговите, да знае што сака, ама и да знае дека неговото во поголем број на случаи е подобро, да е независна, ама не.... чекај, како независна? Зарем тој не е нејзиниот принц на бела крава, спасителот? "Кај одиш, со кого, каде, како, вака ли ќе бидеш облечена, јави ми се од фиксен кога ќе дојдеш дома, невротични испади, по некоја не-намерна шлаканица, ама душо јас те сакам најмногу од се' на светот, кој ти е ма овој, е не може да излегуваш со машки колеги" ... И во таа плејада на мажи, нормално дека постојат нормални, фини, културни, воспитани, но се малкубројни и вистинска реткост, и за да се најде таков мора прво да се помине низ лај**та. Затоа имаме сите по неколку БИВШИ дечковци (тоа е тој процент 8/10) и имаме или ќе имаме сите ЕДЕН вистински, кој ќе не усреќи. Поентата ми е дека не може целосно да е твоја вина. Можеби не си го пронашла се'уште. Но, убаво вели Оффспринг - од небо нема да падне. Луѓето што се околу тебе нормално те познаваат повеќе отколку ние тука, ако ти укажуваат сите на некоја грешка, сигурно е до тебе, корегирај ја, ублажи ја, смени ја. И трпение и верба во себе, ќе го најдеш. Разликата е што некој го наоѓа на 16, некој на 22, некој на 30 и кусур години, ама за секое тенџере има и капаче. Поздрав
Цел живот оставана..... само едно имам да прокоментирам на темава....на профилот ти пишува дека имаш 19 години, а насловов на темава ти е ЦЕЛ живот оставана....ако е тоа вистина, не е логично имаш САМО 19 години и тек имаш почнато да живееш, животот е пред тебе 1, 2, 3...ете и 4 дечковци да ти раскинале и те оставиле не е трагедија и не е крај на светот, имаш уште многу пред тебе и време да дознаеш како функционира тој нивни машки свет (отприлика да дознаеш, зошто ние жените многу многу и неможеме да ги разбереме) и да изнајдеш начин како да го задржиш оној што го сакаш
Цел живот оставана..... И мене ова прво ми падна во очи! некако не можам да го поврзам насловот на темата и возраста на девојката! Зарем на 19 години да се биде толку разочаран и да се сами етикетираме како ,,доживотно оставени,,???????? Јас само ќе се надоврзам на муабетот на девојките пред мене...Не се сложувам дека постои еден тип на маж спрема кој ние треба да си го прилагодиме однесувањето! Постојат различни мажи,со различни размислувања,различи вкусови,мажи кои посакуваат различни жени(цврсти,ладни, наивни попустливиени), постои маж кој ќе те посакува тебе само треба да го препознаеш и да го зачуваш за себе! Имаш само 19 години и забавата во твојот живот туку што започнува
Цел живот оставана..... Трендафилка, почнав да го читам твојот пост, и си реков „АААААААААААА, ќе се караме!“ Ама потоа се извади со тврдењето дека не се сите машки како што си ги опишала на почетокот од постот, така да нема карање ! Е сега, знам дека на жените им е многу лесно да разберат кога ќе им доловиш со пример од „Сексот и градот“.... Се сеќаваш ли дека имаше една епизода каде Кери се прашува „Дали постојано жените налетуваат (привлекуваат) на ист тип на мажи?“.... Може тоа е проблемот на девојчево, потсвесно го привлекува тој тип на мажи кои ќе ја остави.....
Цел живот оставана..... Имав читано една книга за ова.Психолошка беше.Некоја жена постојано привлекувала мажи кои ја тепаат и злоупотребуваат.Кога почнала да размислува поинаку дека неа не и требаат такви луѓе,дека заслужува нешто подобро и во мозокот да си ствара друга слика за самата себе и за она што го сака многу работи се промениле! Во право си зоки-поки
Цел живот оставана..... Da ne se povtoruvam....totalno isto....cak mozem plus da dodadam deka sekoja vrska mi bila "od onie so zafateni",znaci sekogas vtora i na kraj sve mi dojde preku glava i prekinav sekakvi kontakti.Veke godina i pol sum solo i mi e super,nisto ne mi fali..osven sex sekako.Ne znam ni kako dojde do vakva situacija,ali ete......Ne sum grda osoba,drustvena sum(moz a ne na prv sostanok,ali ete.....od sekogas sum ostvaruvala samo po eden sostanok i deckovcite po vtor pat ne se javuvaat!!!!Ne znam ni sama zosto,gledam da ostavam vpecatok dobar,na kulturna osoba...sekako razgovorite se opsti na prv sudar!!!!.Ama po se izgleda ako imas slobodno odnesuvanje ke imas sansa za vtor pat......barem znaeme site maskite sto baraat i kakvi baraat!!!
изгледа дека нема некој конкретен одговор ... а јас мислев дека само јас сум затрупана во такви проблеми... вака ке ви кажам нешто на кратко па можеби некоја од вас ке се пронајде... ...имам еден другар со девојката се заедно скоро година дена.Со него сме многу блиски и ми кажува се.Така муабетејки за нивната врска ми кажа дека не можел веке да ја поднесува,сакал да раскине со неа.А причината била тоа што таа никогаш не знае да му каже НЕ било за што да се работи и се што ке каже тој за неа е ОК,а тој не сакал таква врска... Значи според него девојката не треба секогаш да прави тоа што тој ке каже значи треба да има и свое јас затоа што може да стане досадна...Јас не го оправдувам оти мислам дека таа тоа го прави затоа што го сака...Не знаам како ке ме сфатите ама ако некоја се принајде во овие неколку редови нека пише,а дека сум оставана и јас можам роман да напишам...
И јас бав таква. Само што на крајот испадна дека со оној со кој најмалку имав надеж имам сега прекрасна врска. Не знам што е финтата, ама ке ти кажам да не очајуваш и што е најбитно: дај му надеж и на некој што се интересира за тебе. таквиот повеке ке се труди, а и ништо чудно да ти се допадне и тебе. некогаш треба време да се развие нешто
Никогаш не губејте надеж зошто надежта последна умира! Ама сепак умира Еее ај како да не се разочараш
Никој не те заслужил доволно за да остане со тебе до крај. Можеби момците не биле спремни да имаат сериозна врска со тебе... има време и за сериозна врска, прво гледај запознај го тој што ќе сака цел живот да го помине со тебе
Јас мислам дека ќе си дојде кога ќе треба да си дојде. Само да не бидеме ладни спрема нив, малку поддотерани, љубезни и никој би немал храброст да не остави.
Ejнџел, можеби и премногу се замараш барајќи ги грешките во себе. Премногу си самокритична и без оглед на тоа колку мислиш дека си убава девојка тоа истото очигледно не си го докажала доволно себе си` па патиш од намалена самодоверба. Првенствено треба да ги усогласиш срцето и умот, и само така ќе научиш како вистински да се вреднуваш себе како личност. Освен тоа, не си ставај премногу на срце. Млада си, а тоа се само минливи фази и етапи низ кои сите сме подложни помалку или повеќе. Не се измачувај толку со љубовта, и нека не ти биде приоритет. Обиди се меѓувреме да се занимаваш со некое хоби, да излегуваш повеќе и да се дружиш за полесно да ги пребродиш овие психички бариери на претерана самокритичност. На крај краева запомни дека погрешните избори се само составен дел од нашиот живот, и не секогаш главно зависат од нас туку и од многу други влијаниа.
Леле насловот на темава нема врска значитек ви почнува животот сега а темава е цел живот оставана ,тука мора некоја постара да пише како цел живот била оставана која сега има 60 год нема смисла да пиши некоја на 22 како била оставана цел живот
I da imam 10,pa i 20..30 godini,od pocetok na zivotot do denes toa znaci cel zivot bez razlika na koja vozrast sum. E sega sto ako ovaa konstatacija e na pomala odnosno nezrela vozrast togas e malku prerano za da se brza so zaklucoci. No sepak koj i da ja upotrebi recenicava "cel zivot ostavena" ne ja napisal sigurno od arnini i od sto ne se pocuvstvuvala taka..
Девојката пред 4 години пишала, а вие болни за внимание и огромен број на мислења ја оживеавте темата, па и совети и давате. Како не ве мрзи да "копате" толку не знам.