Дејнџел не знам што се потресуваш толку. Да не пишеше ти немаше ни да ја забележам датата. Освен тоа кога ја отворив категоријата ''љубовни проблеми и совети'' беше со намера да помогнам некому. Темава беше меѓу првите, па махинално кликнав и отворив. Болна за внимание сигурно не сум, поготово не за виртуелно, со членови со кои можеби никогаш не би остварила контакт во приватниот живот. И следен пат размисли пред нешто да пишеш, и навредиш некого.
Валерин не си ти таа што копала по темите за да ја најде, ти излегла и си ја отворила. Зборев за девојката пред тебе. Тоа е прво, второ. Не знам како девојката со нејзините 13 години (ако има толку) се смета компетентна да дава совети на вакви теми.
Нека си стои темава и нека биде активна , баш памтам и тогаш се појавија и неколку случаи како мојот и мислам дека може советите дадени тука да бидат од помош на некоја друга девојка Од тогаш навака да речам се среди малку ситуацијата имав долга врска која исто така заврши и неколку кратки кои завршија . Но живот иде даље не се стои во место Дај Боже сите да си ја најдат љубовта и да си се омажат @crimson Јас сметам дека нема ништо повредно од семејство Сега сум во чудна љубовна ситуација , ама мислам дека овој човек можеби е тој правиот чуда се случуваат кога веруваш во нив
Koнечно приказна со среќен исход! Инаку Ејнџел, малку оф топик одам се надевам ќе ми се прости. Значи, те читам од кога си зачленета, башка јас и ти сме постари членови на форумов и многу ми е драго што сега бар на ова поле колку - толку стојат стабилно работите. Знам кога пишуваше околу тоа низ какви моменти си минувала во детството, и многу ми е мило што сега на некој начин си изнашла начин некако да го пребродиш тоа, бар за нијанса. Само храбро, ти стискам палци!
Јас кога во видов насловот си реков оставана од мајка татко мислев сираче си. После ги отворив мислењата и цел живот оставана од дечковци??? Абе не се замарај, ти не си единствената што е твое ќе си дојде, сосема случајно.
Не е сјајно никогаш нели ? Само тука е борбата да се успее во тоа што го сакаме да си го имаме поред себе Уште да ја официјализираме меѓу нас ќе можам комотно да кажам дека ако човек верува дека ќе биде добро ќе биде ! Еве во рок од 5 год , дипломирав , се вработив по струка , запознав прекрасен човек . Сакам да кажам никогаш да не се откажувате од ништо ! Се ќе си дојде на свое ! Срц потајно сакам да се сретнам со истите тие што ме тераа да бидам на дното , да видат дека сум на врвот ! И баш ќе ми биде драго да прочитам дека и ти сите твои цели и желби си ги остварила
Вината е кај тебе во секој случај. Или не знаеш да бираш мажи или има причина зошто човек да бега од тебе.