Цел живот сами

Дискусија во 'Сингл' започната од Unfaithful18, 24 мај 2010.

  1. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Убаво некој пиша, не дозволувајте очајот и стравот да ве надвладеат, особено не на ова поле.

    Не знам за вас ама мене ми е инстант red flag кога машко после два реда муабет уште не запознаени ќе ми сврти муабет за деца и брак. Кожа ми се ежи од такви мажи и жени што бараат само "жртва" која колку толку ќе им одговара за да поминат по редот.

    Кај мене е обратна ситуација, како стареам критериумите стануваат се повисоки бидејќи човек преку искуството знае точно што не сака.
    Така да моментално уживам во животот и одржувам баланс на сите полиња. Партнерот што би го избрала треба да се вклопи во таквиот ритам за да заедно растеме и чекориме понатака во животот. А не да ми донесе немир и дисбаланс затоа што сум спуштила критериуми ради годините и брзањето да се исполнат очекувањата на општеството.

    Никогаш не е доцна за ништо. И мора луѓето еднаш засекогаш да сфатат дека не секој сака брак, не секој сака деца и тоа е сосема океј одлука во која не треба да се мешаат.
    Не грижете се дали ќе умрете сами и дали некој ќе ви доаѓа на гроб, откако ќе не нема сеедно е што ќе биде после тоа.
    Познавам луѓе кои изродиле деца и дочекале внуци па починале како бездомници без никој да се грижи за нив, повеќето оставени сами во дом. Не раѓајте деца за да ве гледаат кога ќе остарете, умре тоа време и тој менталитет.
     
    На Snowflake97, Simon4e0507, Tam4yy и 16 други им се допаѓа ова.
  2. al0ne

    al0ne Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    35
    Поарно сам него со било кој.
     
    На Ѕвездена, Simon4e0507, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.714
    Допаѓања:
    14.174
    Тоа сакав да кажам, ќе умрат сами и луѓето што имаат деца и тоа не 1, туку 2-3. Познавам доста такви и кожа ми се ежи од таа негрижа. Близу мене има едно пензионерче што има над 80 години, живее сам при три сина, едниот алкохоличар, другиот домазет, третиот иселен. Нема да умре сам? Да падне, нема кој една чаша вода да му даде покрај 3 деца и толку внуци. Веројатно ова е потешко, знаеш колку си се мачел за нив, за едно големо ништо на крај. Тој што немал деца, не трошел пари за нивно школување, дом, свадби, веридби, матури, немал стресови.

    Друг случај, жена во 50 години веќе не е работопособна, при сопруг и неколку деца. Секој си го фатил патот, си гледа свој џеб, мажот и љубовница нашол. Нејзина грешка што не работела и останала домаќинка. Да има стаж, ќе зема инвалидска и решено колку толку. Сфаќам дека најбитно е здравјето да се чува, ако го немаш џабе ти се и 10 деца, да се има егзистенција, работа, оти без тоа, и 10 деца да имаш, пак ќе си лоша мајка што нема да купи едно чоколадо.

    И секогаш има кој да го погреба покојниот. Тетка ми е во Србија, нема деца, сопругот почина, гробницата, се е тоа спремно, само треба да се подигне плоча и да се спушти ковчегот до покојниот сопруг и тоа е тоа. Дури и да не отидеме, соседите ќе одвојат 1 часа да ја погребаат, оти живее веднаш до гробишта, па и пеш може да се отиде, ни кола не треба. Не е тоа важно, штом затвориш очи, готово е, битно е како си живеел дури си жив. И сите соседи кај тетка ми се сами, оти децата се иселени.
     
    На Tam4yy, Лејди Гага, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Тој што не создал, не не создал за да живееме цел живот сами. Со тоа размислување - поарно сам отколку со било кој - за една генерација ќе не нема. Не се жртвувале нашите родители и старатели за ние да го пустиме животот. Тука сите сме криви и стари и млади.
     
    На eliesaab и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  5. Freedom Fighter

    Freedom Fighter Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Монасите се сами а најблиску се до Бога.
     
  6. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Женски
    Има различни луѓе и различни карактери, некој сака цел живот да биде сам и му е убаво, и тоа е во ред, а некој сака да се оствари во тоа поле со деца и фамилија или да има само партнер и тоа е убаво и во ред.
    Нема ништо погрешно.
    Неможеме да се водиме по реперот роди деца за да те чуваат.
    Тоа нема никаква врска поише има врска до свесноста на поединецот и понатака на идните поколенија.
    Еве јас не би ги оставила моите родители сами да умрат, а да не им пружам ни вода. А ,знам и многу што до 90 години си ги гледаат родителите ко бубрег во лој.
    Апсолутно не треба да се доведуваме во очај и да бираме погрешно само да не бидеме сами по секоја цена.
    Ама сметам дека и да бараш љубов и да сакаш да имаш љубов со некој е една поубавите работи на светот и е смислата на самото постоење.
     
    На Eunoia, GirlLove, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    57.583
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да се размножам колку секој обичен човек, но вреди тоа да се направи со било кој? Сакам маж, деца, среќно семејство, но во вистинска смисла на зборот. А не дај шта даш па потоа да си го направам животот пекол, ама битно сум ја остварила "целта на моето постоење".
    Денешниве генерации, хукап културата и незнаењето ништо да се вреднува си го прави своето. Не дека порано било многу подобро, но денес ја имаме слободата да не трпиме секакво с*ање. Така да, во секој случај е подобро сам отколку со било кој.
     
    На Zorica sl, pance24, Simon4e0507 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.043
    Допаѓања:
    130.984
    Пол:
    Женски
    Тоа размислување е валидно.
    Не чини секој човек. Не треба да се биде во врска и брак со изневерувач и насилник.
    Подобро е сам отколку со таков идиот.
     
    На Лејди Гага, Melissa_39, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.714
    Допаѓања:
    14.174
    Сфаќаш дека се е релативно. Не е дека на тој со деца му е врв, песна, идеално. Среќа е да имаш добар маж, здрави, прави и паметни деца. Има и лоши деца, и насилни мажи. Релативно е. И ако некој е сам па не значи дека цел век бил несреќен и дека ништо не му одело.
     
    На Simon4e0507, Melissa_39, TrueToMyself и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.747
    Пол:
    Женски
    Децата не се чуваат за да бараш назад тие да те чуваат, не е должно никое дете да чува родители. Ако го прави тоа треба од што сака не од што мора.
    И додека била жена му жива сигурно не бил сам..
     
    На Simon4e0507, Gosh, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  11. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Леле тоа ве загрижува дека ќе не снема како македонци или дека светов ќе пропадне ако не се размножиме?
    Огромна и погрешна стега. Не живееме за да исполниме очекувања на нашите предци.
    Што да кажеме на пример за ЛГБТ заедницата каде повеќето немаат деца? Потфрлиле во очекувањата на родителите и не треба да постојат, залудно трошат воздух на планетава? Малце сурово и погрешно.

    А светот е секако пренаселен, некои држави забрануваат раѓање на повеќе од едно дете. Недостатокот на ресурси е озбилен глобален проблем, живееме во тешки времиња каде повеќето од нас не живеат туку буквално преживуваат и финансиски и психички.
    И ако така брутално гледаме на работите, зошто па би родила дете во ова труло распаднато општество каде ништо повеќе не функционира нормално? Да го оставам да се бори за достоинствен живот, да го учам на вредности кои повеќе не постојат? Да го спремам за дистописки сценарија?

    Деца не се играчка, ако не си потполно спремен и психички и финансиски за таков чекор, подобро е да ги немаш.
     
    На Zorica sl, Simon4e0507, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Машки
    Која е поентата на форумов или на било што кога на секое прашање може да се одговори дека е релативно? Затоа постојат генерализации (и мислења), секогаш можат да се најдат исклучоци но тоа се тоа - исклучоци а не правила.

    Ако не нека останат само темите од типот "каде можам да најдам" каде може да се даде прецизен одговор бидејќи се друго е релативно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    15.698
    Пол:
    Женски
    Па ти ако имаш вистински вредности преточени во карактер, апсолутно нема да ти е гајле какво е општеството. Ќе се стремеш кон тоа да го доближиш до она што си ти, да му бидеш слика и одраз на тоа што го носиш со себе и изведеш на патот кон солидно расудување. Знае ли да расудува, распознава, апсолутно нема да западне во гомнарии.

    Често гледам како сите се огледуваме кон тоа какво е општеството, еве нема да лажам и јас самата се демотивирам и ме погодува на моменти. Ама ако се држиме строго до таквите мислења, ништо нема да направиме воопшто како колектив.
     
    На Aenarion, TrueToMyself и makakosi им се допаѓа ова.
  14. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  15. Sweety pie

    Sweety pie Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2025
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да бидам сама.
    Сигурно втор пат нема да се заебам (facepalm)
     
    На Timbo, Tam4yy и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  16. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Како тоа да не ми е гајле какво е општеството? Ваљда треба да го прилагодуваш и на средината во која што ќе живее. И не е работата дека ќе западне во гомнарии, туку дека ќе треба да се бори и снаоѓа во овој свет на корупција и дисфункционалност. На многумина од нас нашите родители ни пренеле вистински вредности па еве гледам не мрднавме од мртва точка 35 години како колектив. Да преовладуваа и владееа луѓето со вистински вредности кај ќе ни беше крајот.

    Хипотетички беше муабетот во секој случај, секако дека би сакала деца ако имам прилика за тоа и би се трудела да ги воспитам и изведам на прав пат онолку колку што можам.
     
    На Simon4e0507, Gosh и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.828
    Допаѓања:
    15.698
    Пол:
    Женски
    @PaLaVa па нема баш секој вредности и затоа сме тука каде што сме (ако еве конкретно зборуваме за нас како држава). Голем дел од тие луѓе надвор глуматарат дека имаат вредности, а всушност се шупливи. „Научиле“ како да се снаоѓаат во системот и ова според мене не е никаков успех. Секој што е поразличен и почитува правила, се однесува како што треба и те како е на мета и прв се отстранува.
     
    На Simon4e0507, Lucky22, makakosi и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.714
    Допаѓања:
    14.174
    Се повеќе има себичност, додека има родителот да даде нешто е ок, кога е болен ги нема никаде. Имам тетка што изгледа 3 ќерки, на ќерките деца, иако беше болна, ич не ја штедеа, минатиот пат братучетка ми се жали како тоа цел ден изгубила да и прави друштво на тетка ми на клиника. Јадно. Корист.
     
    На Ena05, Simon4e0507, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Wow многу убаво кажано се согласувам 100%
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.