прво браво за темава имам многу роднини кои што се сами скоро цел живот,пример дедо ми,брат на дедо од татко ми,имал жена и незнам зашто ја избркал кога бил млад оттогаш сам е и сега еве го стар,нема никој и се радува на татко ми и браката негови,на тетки ми ама не е тоа то,сам си е човекот,нема сила едвај се движи тетка ми има можеби 43 год.сама е разведена од 19 год,син е умре пред 3год,и нема никој,освен баба и дедо,и сега си бара некој,не сака цел живот да го помине сама јас мажена сум,а за тие што се сами,би советувала да најдат некој,да си го поминат животот исполнет со деца,внуци извинете јас се раскажав многу
Интересна тема. Имам блиска роднина која е сама. Има 36год. јас ја знам веќе 5 год. колку што и сум во таа фамилија и неа со дечко не сум ја видела. Сум размислувала зошто е тоа така и сватив дека е до неа проблемот-за жал. Едноставно како да е помирена со животот дека така треба да биде а и искрено и малку детски ми размислува за некои работи. Таквите личности не ми се јасни. Ке кажам дека самите си ја кроиме судбината... Јас искрено неможам да се замислам сама, фала му на господ имам и потомство - нешто што ке оставам позади себе што се вика. Сепак мислам дека тоа се некои фрустрации, проблеми, фактори или незнам што поради кои луѓето остануваат сами. Надежта не треба да се губи, ако се помириш со тоа си ја изгубил и битката....
Во денешно време таквата одлука и не се смета како нешто страшно или кој знае што... некои луѓе едноставно повеќе си ја сакаат кариерата и успешноста и заради тоа се осудуваат да не прават чекор повеќе на љубовен план... јас немам ништо против таквите одлуки на луѓето, но целта и поентата на животот е бракот, децата а за луѓето кои не сакаат да стапат во брак тоа е успешноста и кариерата иако може да го имаат истото и додека се во брак јас моментално не помислувам на брак мала сум ама некогаш би сакала покрај мене да се буди човек кој знам дека вистински ме сака
Имам и јас една роднина што не е мажена. Веќе има над 40 години. Искрено, не сум размислувала многу зошто е сама, но темава ме натера да размислам. Колку што ја познавам, дружељубива личност е, има многу пријатели, излегува скоро секој ден и има одлична работа. Можеби таа така избрала да живее, а ако тоа е нејзин избор никој нема право да и суди. Секако, тука е и втората опција-тоа да не е нејзин избор, туку сплет на околности. Тоа е веќе многу комплексна тема, затоа што сите знаеме колку е лошо да си сам. Искрено се надевам дека еден ден секој ќе си ја најде својата среќа, и дека осаменоста нема да постои во ничиј живот.
Јас мислам дека е бесмислено да си со некој само за да не бидиш сама. Ако не ја најдам вистинската личност со која би можела да основам семејство, сама ќе си основам. Деца ќе имам по секоја цена независно дали имам животен партнер или не. То е мое лично мислење. Макар шо во Македонија многу такви луѓе се осудувани поради шо ние си имаме малце подруги сваќања ама јас не ни планирам да останам тука.
Неможам да поднесам самотија. И да неможам да најдам некој со кој гледам иднина, би родила дете од било кој, немора таткото да се грижи за него ништо нема да му барам, само да имам некој на кој ке се посветам. Сепак поубаво е да се има вистинско семејство, но не се знае што може да се случи.
Не сакам да останам сама во никој случај. Но не знаеме живото што ни носи и на какви одлуки ќе не натера. Јас лично сакам да останам со дечко ми а ако поаради нешто се разделиме знам дека многу многу тешко ќе го преболам ќе ми требаат години за да продолжам понатаму. Но ако се одлучам да останам сама без партнер сигурно ќе родам детенце бидеќи сакам да имам потомство и треба на нешто да се посветиме во живото бидеќи ако немаш причина зошто утре да се разбудиш тогаш немора ни да се разбудуваш А не ги осудувам луѓето што одбрале да го поминат живото сами само не можам никако да ги разберам
Некој бира да остане сам,некој не бил,ама судбината го оставила сам...во секој случај никако не е лесно. Самотијата колку некој и да ја посакува,сама по себе е тешка... Еве еден пример од најдобрата ми другарка-нејзината тетка е мн добра,душа,срце...биле четири деца,сите женски -таа најстара.Починал татко им .Сите почнале една по една да се мажат,а таа имала грижа на совеста или незнам што,но несакала мајка и да ја остави сама.Си имала и дечко ама кога и предложил брак-го одбила и овој си заминал.Така таа цел живот со мајка и.Иако имаше и факултет-македонски јазик ,таа како да затупавеа.Знам зошто многу пати одам кај неа.Ги правеше муабетите на мајка и,стара жена на 80 и нешто години,беше тешка паника,ни велеше-леле како ќе патувате до Скопје а шо ако ви се деси сообраќајка,па ја тераше другарка ми да и звони кога ќе стигне итн...ептен закржлавеа психички. Пред две години почина мајка и.Оваа година тетка и доби рак Многу ми е жал за неа,иако оди и на терапија којзнае што ќе биде.Сите одат нонстоп кај неа,но таа се затвори.Не сака кај никој да оди,ја викаат на кафе ручек,но не велела-несакам никому да сметам и да ме жали...Замислете како и е А ете мајка ми,не по свој избор,да речеме остана сама.Не има нас,ние сме и се,рече дека за нас живее и за идните внуци.Сепак нема да е скроз сама,не има нас,нема да ја оставиме,но татко ми и фали многу.Всушност сите нас,ама ете маж и жена,си имаа ритуали-чајче пред работа,муабет,планинарења,заедно сами си одеа на одмор,викенди,по кафичи, кафанки итн...супер функционираа
Не секој ја има таа среќа да биде со љубовта на својот живот,а и секако се случуваат секакви непредвидени работи, па и кога би се омажиле со вашиот избраник не знаете што ве чека во животот. Не сакам да бидам сама,и не сакам луѓето околу мене да бидат сами.Жал ми е за нив.Сакам секој да си ја најде својата сродна душа и да се надополнува со неа цел живот.А и да не е така,за луѓето кои се во по одминати години,ги сфаќам ако си бараат некој само колку да не се сами.И нема ништо лошо во тоа. Убаво е да имаш некој со кого ќе разговараш,со кого ќе се смееш,и на некој да му бидеш потреба и да те чека од работа,од продавница,од кафе...Не може да се очекува на 45 години да најдеш некој за кого ќе ти летаат пеперутки во стомакот,ама ете може да си најдеш некого,кој исто така има потреба од сопатник во животот.Тоа е убаво.
имам роднина која има повеке од 50 години и не е мазена(има момче) работи, прима солидна плата, шета, узива во зивотот и подобро е да си сама, отколку со некој никаков во брак, а кога би останала сама или би имала 1 детенце(тоа да биде што подалеку од дрзавава), или би се посветила на својот зивот и кариера
Мене тоа ми е чудно,многу чудно,јас 2 минути неможам сама а не пак ЦЕЛ ЖИВОТ ..лелеее тоа премногу време.да имам зафатен живот добро,ама презафатен....како и да е таа си одлужила,сигурно јас нема да ја премислувам,но јас тоа не го оправдувам .НЕ !
Јас не би можела да живеам сама,и од тоа ми е најмногу страв.Дека нема да го најдам мојот сопатник па ке останам сам.Не знам дали би функционирала сама,без некој до мене.без деца и слично.Имам и јас тетка која не е мажена има близу 65 години и цел живот е сама.По табиет си е малце терсена па мислам дека и затоа остана сама.Сега и е мака и постојано се жали али возот и поминал.
temava e ko za mene Dali nekoj ke bide so nekoj ili ke ostane Sam e samo izbor . Posle mnogu propadnati vrski , razocaruvanja , odbieni ponudi za brak, nevozvratena ljubov ...itn , jas se odluciv da si go proziveam ostatokot na zivotot sama ( moze da ima po nekoj decko,koj sto ke me prifati takva ,kakva sto sum) , sakam da so setam I uzivam vo zivotot kako sto sakam jas. Vo eden razgovor so eden decko my go spomnav ova I toj mi rece deka: ke sum bila bez moral vo opstestvoto I drugite poinaku ke me gledale ... Sta reci.... Zosto vo ovaa drzava e mentalitetot katastrofalen I se osuduva ?
Јас не би можела животот да си го замислам сама . Инаку , имам вујко кој откако починаа баба и дедо он живее сам . На времето , таа што ја сакал , нејзините не ја давале и така си остана човекот ..
Јас верувам дека за секого има некоја личност што ќе ги исполни и направи среќни. Можеби таа личност ќе ја сретнеме на 20-30-40 год, ама таму е. Ама од друга страна пак , познавам доста луѓе кој сами си решиле да родат/посвојат дете или пак сами да се засекогаш. Можеби ќе се посреќни така него да бидат несреќни во некоја расипана врска или брак. Јас лично не би сакал сам да го поминам остатокот од животот.
И јас познавам.некои такви случаеви. Искрено се лажеме ако мислиме дека така ќе бидеме посреќни, дека ќе бидеме сам свој паша. Ниеден успех не вреди ако немаш со кој да го споделиш. Ако остариш, а немаш со кој муабет да си направиш. Башка и тоа е огромен стрес за родителите. Ја гледам тетка ми како се нервира и болести фати, и таа сака ќерка и да се омажи, она не е ни заинтересирана. Не ја гледам смислата на таа одлука, ама и нив не треба да им се суди, мислам дека сепак имаат причина оти се одлучиле на тоа, лошо искуство, минато и сл.
Познавам многу вакви случаеви. И искрено ми е многу криво за некои коишто неможеле да си најдат свој/а партнер/ка. Никогаш неможам да си помислам сама да бидам, да немам кој да сакам, дечиња да немам јас едноставно ќе полудам.
Животот е еден, а луѓето се различни по карактер и размислувања. Некои не можат сами да останат, но некои не се создадени за живот во заедница. Едните се исполнети и среќни кога имаат партнер за секоја ситуација, а другите од лични причини подобро успеваат и функционираат во соло-избор. Во тоа нема ништо чудно, страшно и необично. Секој има право на одлука. Подобро таа да е вистинска, па и во самотија, отколку избрзана и со последици. Лично, стапив доцна во брак.. Годините никогаш не ме плашеле. Тогаш бил моментот и не размислував дека можеби ќе бидам дел од процентот што сами го поминуваат животот. Сплет на околности ја промени ситуацијата. И да се случеше спротивното, можам и сама да функционирам.
Ја гледам темава ... да не го одберев него некогаш, а имав многу избори, животот ќе ми беше многу поинаков од една страна, од друга страна со него доживеав многу убави и вредни работи, многу тешко го преболев ама ако мораш да тераш сам ќе тераш посебно ако имаш извор за неисцрпна сила.