вака замислете дека имате 80год и замислите си како седите на некоја тераса или парк и сега со тие 80год сетите се на нај важните работи што сте ги доживеале работи кој тогаш со 80год ви стават осмех на лицето работи кој сте нај поносни со нив работи кој ке се секавате на нив сетите се на лугето со кој сте го минеле времето работи кој ке ги оставете зад себе што оставата зад себе кое наслество го оставате ваши деца ваши внуци сетите се на моменти кој ви стават осмех на лице кој се тие моменти на што се нај радо сега секавате на 80год и сега вратете се на годините сега што ги имате 30 или 40 колку и да имате и размислете малку
Имам роднина која не е мажена. Проблемот главно беше во неа бидејќи трчаше по маж пијаница и се обидуваше да го смени па тогаш да се оженат и така остана немажена, кој ја третираше многу лошо, а можеше да биде со некој кој ја сака и почитува. Затоа, во случајов не оправдувам што остана сама бидејќи сама така си направи, а сега се кае што останала сама. Сите помлади роднини ги замара да ја дружат бидејќи е сама и сега сфаќа дека цел живот потрошила на некој глупак. Од друга страна пак, друга роднина, беше со некој кој неколку пати ја имаше изневерено, не ја почитуваше воопшто и сакаше да биде со неа само кога друга некоја не сакаше да биде со него. Но, нешто што многу ме иритираше е што таа вторава роднина беше спремна да се ожени со овој, иако знаеше дека тој цел живот ќе ја третира на истиот начин, имаше став дека многу мажи си гледале други жени, ама битно е што во брак биле со една и со неа си креирале фамилија. Значи, заради тоа што сакаше да има деца и маж и свој дом, беше спремна да се понижува цел живот. Демек, он што сака нека прави, јас ќе си имам деца и нив ќе си ги гледам и за нив ќе трпам. Не. Од овие две личности научив многу. Сега, на 21 година не ми ни текнува за деца ниту кога ќе видам некое слатко детенце, мажење и фамилија и не планирам да раѓам деца уште цели 10 години. Имам долга врска, и да, еден ден би сакала едно мало да ми трчи наоколу ама за 10 години не знам што ќе се случи со нас двајцата, и иако ме радува таа помисла на негово дете, не сум спремна на тој товар сега и за 10 години знам дека нема да чувствувам никаков мајчински инстинкт и мое право е дали ќе родам или не воопшто во мојот живот. И не знам зошто толку се осудувани жените кои не родиле деца. Имам пат пред мене кој сакам да го одам и никој нема право да ми рече дека сум кариеристка, себична или не знам што бидејќи приоритет не ми се деца и фамилија. Едноставно не ми е приоритет да се оженам и да родам. Не се чувствувам така. Мајка ми си има став, најди си работа после завршување на факултет, ќе се ожените со дечко ти и ќе ми родиш внуци. Ама јас имам различно мислење и нема да родам под притисок на околината (мама сакала внуци оти сите нејзини пријателки веќе имале внуци). Околу оставањето на наследство т.е деца не осудувам никој. Сметам дека секој треба да си прави како што си чувствува и знам дека нема да бидам со некој само за да се оженам и остварам фамилија. Наречете ме пребирлива и скржава ама не сакам единствена цел во животот да ми претставуваат деца. Јас сакам да ги имам еден ден, еден далечен ден, ама сакам да ги имам со вистинската личност покрај мене. А во случај да не ја сретнам таа личност, ако толку сакам деца и сум финансиски моќна ќе посвојам и готово. Јас нема да дозволам едно дете да израсне во семејство со несреќни родители. Да родам дете само затоа што сестра ми, брат ми, другарките имаат семејства и деца? Тоа нема да се случи. Зошто да не се реши проблемот ако сум сама и посвојам деца? Ќе имам некој на кој ќе му дадам дом, љубов, внимание и се друго што е потребно без да бидам малтретирана и понижувана од некоја личност со која не сакам да имам дете. И, ако на 80 години сум сама, без деца, тоа нема да ми пречи ако сум успеала да остварам се што сум сакала во животот. Ја сакам самотијата и воопшто не ми е страв од неа. Дури и сега, времето поминато во самотија, без други луѓе ми е многу скапоцено. Ако треба ќе се враќам во празен стан, сама ќе пијам кафе ама нема да се понижувам и да трпам нечии фрустрации. Зошто би било толку тажно ако сум сама? Подобро ќе бидам сама, ќе си живеам како си знам и умеам, отколку да бидам во несреќен брак и несреќни деца.
Нити ги судам,нити ги правдам тие што се сами цел живот.Можда се разочарале или од некаков страв,дали човекот што че биде со нив че биде и за некои поважни одлуки и дали че ги поддржува.Ја мислам дека денеска,а и од стално било,женското и во брак да трча по мажот,ако мажот работи во друг град,мора тамо и жената,а сепак тоа да не и одговара.Друго,проблем поврзан со раџање деца-ако ја не сакам да родам дете,незнам што е тука лошо и зашто ги осудуваат сите други.Не е целта децата,туку живеењето и разбирањето меџу тие двајца.Има и други работи,поголем број од машките кога че се оженат,сакаат да живеат со родителите,мама да биде со него и,како што е во поголем дел од случаите,да се расипе работата мецу нив,заради тоа инсистирање живот со мама на мажот.Заради тоа што,изгледа им е поважна оценката на мајките за жената,затоа не влагаме во други авантури.На крај,тоа е така зашто постои страв,дали че те поддржува и че застане цврсто на своите одлуки,или че остави и дозволи мајка му да му одредува и да му се маша во тој дел од животот.
Некои избираат да бидат сами зошто не го нашле она што го барале. Некои се во врска или брак колку да не останат сами. Не можеш лесно да одлучиш што е правилно што не. Знам само дека стварно среќни се оние кои нашле се што сакале во партнерот и покрај него и со негова поддршка успеале и она што сакале во животот. И покрај тоа пак не е црно-бело. Има нијанси за чиишто одлуки сме одговорни самите и нашите приоритети. Може малку е романтично од мене ама мислам дека за секој има по некој, за секое тенџерче-поклопче. Нема откажување тука.
Ако човек е среќен и задоволен сам, зошто да биде со некој ? Не е правило дека секој човек мора да биде во брак и со деца. Секој си има право да си живее онака како си сака. Како што никој не сака да му се мешаат во врската, во бракот, така и тој синг не сака да му се мешаат.
Да убаво е да се размислува како во стари години седи со својот сакан,но што е со тоа ако го помине некој животот каде што нема љубов ?Тогаш тоа не е ниту живот,поубаво сама да го поминеш животот него ли со некој што нема никакви чуства спрема тебе..јас имам маж и дете и кога би можела да го вратам времето никогаш не би се омажила искрено би останала сама но среќна затоа што ќе нема кој живците да ми ги вади..единствено не ми е криво за моето ангелче што си го имам
Да точно е секој си има право на свој живот каков ќе одбере, НО осаменоста е најтешка болка за еден човек, секој/а заслужува сродна душа да има покрај себе, а тоа дали ти си допаѓа неговиот/нејзиниот карактер со тек на време ќе се средат тие работите ќе си легне на брашното како што викаат. На крај на краиштата ништо не е НИТУ треба да биде совршено бидејќи тогаш врската/бракот би бил досаден.
Па подобро ќе бидам цел живот сама него да си направам проблеми да не можам да живеам на раат. Цела филозофија е кој најмалку ќе страда во животот, имање деца и брак ке страдаш кога тогаш само прашање на време, нити ќе може да си исполниш цели во животот се ти паѓа во вода за некои деца таму како кој знае што да ќе станат поготово во Македонија.
Шо ти е филмов со мислењево? Од кај знаеш дека некому не му е цел ова во животот, да си има деца и фамилија, за страдање, секако се страда во животот, тоа е дел од него, не можеме да избегнеме страдање по секоја цена. И последната реченица ти е врв, за некои таму деца што нема да станат ништо тука, тоа не се за некои таму деца, туку деца на луѓето кои избрале да ги имаат и тоа што се во МК не значи дека нема да станат ништо. Ако ти си исфрустрирана од животот и имаш негативно мислење за се ,не значи дека сите луѓе се должни да бидат така мрачни и скиснати како тебе. Читајќи ти ги мислењата ми изгледа како да ти фали нешто у животот, како да си несреќна и да имаш проблем, мора да поработиш на себе.
А што е живот на раат за тебе? Да не се замараш со ништо? Да шеташ? Да трошиш само за твои задоволства? Дури и да не си сингл, не мора да значи по дифолт дека мора да имате деца. Дури и да имате деца, не значи дека нема да си ги исполните целите во животот. Може да си ги исполниш целите па да родиш..но себичните луѓе не би го разбрале тој процес на живот во заедница..
Не е за себичност Даст, јас подржувам некој ако нејќе да има деца, ако сака да е сам и да живее сам и да нема партнер, се е право на избор, ама да тврдиш како девојкава што напишала дека брак и деца се страдање и дека не може човек да си оствари цели во брак и децата ќе се пропаст е стварно безвезално тврдање и навреда за некој. Може не мислела да се изјасни вака, ама треба да научи подобро да се изразува, ако не и било целата вакво мислење.
И јас поддржувам луѓе кои не сакаат да имаат деца. Децата се голема обврска и бараат многу труд. Не е само роди го и само ќе се чува. Но... Имањето партнер не значи дека мора да имаат и деца. Некои луѓе си се доволни еден на друг, а и двајцата не сакаат деца. Тука уствари на темава децата воопшто не се ни тема.. Тема е имањето/немањето партнер. И потенцирам партнер а не сопруг затоа што една хартија некогаш значи многу, а некогаш ништо.. Да имаш партнер значи да го делиш секојдневието со него.. да си помагате, да си бидете поддршка еден на друг. Не знам што е ако не е себичност, несакањето да споделиш секојдневие со некого. Немам друг збор освен себичност. Да си во врска или брак, не значи дека нема да си ги исполниш целите, напротив ако си со правата личност уште полесно ќе ги исполниш..
Поентата да бидеш сама те сфаќам. Ама имањето деца дека е страдање.. Со ова кажуваш дека секој што одлучил да биде во брак и да има деца, дека се осудил на пропаст. И што ако се во Македонија? Децата од другите држави се попаметни од нашите?
@Dust не знам и јас не разбирам како може некој да сака да биде цел живот сам, јас сум личност која не може да биде, цел живот имам партнери до себе(мада и моево не е убаво, да скокаш од една у друга врска) ама ги подржувам ако тоа е нивни избор, не гледам како на себичност, оти имам другарка која ете нема партнер со години, не е уопште себична, многу е отворена и друштвена, се гледа повремено со мажи ама вика дека на крај на ден сака да си оди дома и да си легне сама и дека така и е најубаво. Ама апсолутно не те спречува партнер и деца да се оствариш во животот. Се согласувам.
ova e za onie sto se pravat mn pametni......site si imaat maka jasno sekoj ima pravo na svoj izbor....jasno... NO ne osetile tie sto se pravat pametni deka ne mozat sami,,,,,,,kako e da bidat celosno sami bez roditeli bez vrska dolga sami sami skros e togas da vidam dali taka ke pisuvaat.....i se nadevas deka ke sretnes nekoja koja ke ti go stopli srceto i potpolni seto to sto go nemas i na kraj nekoja ke dojdi i uste tolku ce te skrsi....... no nikogas nemoze da zgasni zelbata za dobar partner/a za sami nie ne sme stvoreni
Ако е личноста исполнета и срекна со самата себе ,не мора да има некој за да биде срекна.Тоа е индивидуален избор.Искрено поарно сама отколку да имам турбуленции не сум зависник да морало да имам некој .
Шо е со патетикиве? Гилт трипање на луѓе шо не мирисаат многу многу други луѓе мач? Дај жити сѐ сподели ја формулата по која се створени сите ебани луѓе на планетава, ако имаат исти желби и цели.
Твојот живот е само твој за живеење и ако сакаш да си го живееш сам, тоа е океј, воопшто не е себичност, не му ускратуваш или одзимаш на друг било што. Всушност: Воведов е преполн со осуда. Прво и основно, нема ништо лошо животот да го (поминеш?) живееш сам. Едно е лично да ти е незамисливо, друго е дали е во ред или не. Зошто не би било во ред? Кој како сака нека си живее. Второ, некои луѓе едноставно не им се радуваат на деца. Тебе можеби тоа ти звучи ладнокрвно или што знам, но не му е на секого цел во животот да биде во брак или да има потомство. И тоа е сосема океј. Со сето тоа што го кажав, лично јас иако секој ден имам потреба одреден период да бидам целосно сама (а понекогаш и со денови), сепак не би сакала да живеам сама. Но не затоа што општо го мислам тоа, туку конкретно затоа што имам личност во животот со која сакам да си го живеам мојот живот. Кога не би ја имала, веројатно би ми било сосема океј да си живеам сама.