Да се надоврзам со муабетот од ланскиот снег. Момци/девојки, ако не научите да живеете сами, голема е веројатноста дека ќе се заебете во изборот на партнер во иднина. Очајот ќе ве доведе да одберете некој тежок сељак/кучка или опајдара само сами да не сте. Ќе си го оправдувате изборот со нереални аргументи, абе добар е, не е лош, знае фин да биде, итн. Ако го совладате останувањето сами никогаш нема да се плашите да се вратите пак да бидете сами. Многу полесно ќе прекинете нефункционална врска која ве гуши или замара или штетна е за вас. Ова особено ќе го осетите на 30+ години кога биолошкиот часовник ќе тропне на врата и притисокот за да основате фамилија ќе стане напорен како дијареа на битен состанок. Тука најчесто се прави катаклизматичната грешка на партнер. Од луѓето што ги знам што ги направиле најкатастрофалните избори на партнер, очајот бил број еден зацементиран на врвот. Очајот е многу моќно чувство. Очајот од бидување сам нарочито. Ако не си еден од среќните избраници ти остануваат две опции: 1. Избор на каков таков партнер 2. Помирување и избор да останеш сам Комотно можам да кажам дека тешкото мнозинство ја одбира првата опција. До сега во мојот адолесцентен живот сум ја имал таа среќа да работам во сали за свадби и што сум бил на свадби како гостин дали за 3-4 вака неутрално од страна би кажал дека тие луѓе се компатибилни и треба да се во брак. Кога разубедував еден мој близок другар да не продолжи со една која мислев дека не е за него, одговорот му беше - „Ама знаеш со сите е така... Еве погледни го Мартин, на пиво да се видиме не можеме без да ја праша жена му и таа да му даде одобрение, види го Петко, итн.“ Муабетот ми е поимањето на врските кај статичниот македонец е - Така е секаде, жена/маж е, тоа му/е работа да те нервира и сите имаат големи проблеми. И тоа е аксиоматски прифатено како вистина. Е после имаш разводи, караници, манипулирања, избегавање на доаѓање дома и остали себекастрирања до точка до која другар што не те видел некое време не може да те препознае каков човек си станал. Само што проблемот е што ти не си ја направил промената за да бидеш посреќен. Ти си ја направил за да не бидеш сам. Со гомна ќе се мачкаш само да не останеш сам. Е до толку е моќен очајот и стравот од бидување несингл кај македонецот, и општо. Самотијата е тешка положба за да се справиш со неа. Ептен тешко е да се навикнеш на тоа, а уште многу потешко е да научиш да уживаш во неа. Ама па затоа има една огромна предност. Ако ти тргне со самотијата, помали се шансите да згрешиш во изборот на партнер. Тогаш ќе влегуваш во врска само ако со личноста со која сакаш да влезеш ти е поубаво отколку што ти е убаво и сам. Тогаш ќе си поставуваш логички прашања како на пример - „И сега се чувствувам топ, дали со Петар или Петранка ми е уште подобро? Дали си го задржав идентитетот откога сум со него/неа? Дали имаме слични интереси и допирни точки? Дали расправиите и недоразбирањата се минимални и подносливи? Дали оваа трампа сам-несам вредеше?“. Како што пишав во првиот параграф, ако научите да живеете во самотијата, без проблем ќе раскинете штетна врска затоа што се враќате пак на истата самотија во која пливате супер. Нема што да ве плаши, нема што да ве очајува, нема да донесете лоша одлука поради емотивен набој и стање. И тоа е впрочем исто така најважно, да не носите одлука под емотивен набој макар и сте добиле на лото голема сума на пари. На крајот сепак е личен избор и избирате дали да сте сам/а отколку дај шта даш само да не сте сам/а. Оправдани се и двата избора само што лошото кај вториот избор е што обично иде со лагата кон себе и другите дека - Тоа е љубовта на мојот живот. Не е точно. Не постои такво нешто како - Љубовта на мојот живот. Постојат само личности кои ти се помалку или повеќе компатибилни. Дури и ептен да се наредат коцките и наталната карта и да си најдеш ептен погоден некој, дали можеш со гаранција да кажеш дека во Аргентина, Москва, или Калифорнија нема некој со кој би ти било и многу многу подобро. Дури ни шансите дека во радиус од 50 километра сигурно има уште барем неколкумина со кои повеќе би се одговарала од овој до тебе што е сега не се мали. Проблемот во денешницава е што нема како да дојдеш до нив и нема да се сретнете, тоа е најверојатната опција.
Знам и луѓе кои воопшто не шетале, туку љубовта си ја нашле во комшии и се пресреќни. Знам и такви кои со сплет на околности заминале многу далеку баш поради брак, иако тоа не го планирале. Како треба да биде така ќе биде.
Не се тешете со тоа - како треба да биде така ќе биде. За да биде онака како што на нас ни одговара, треба да се поработи на случајот. Не да чекаме од горе господ да ни го фрли господин совршен во наши очи..
Не е тешење. Туку мислам дека се се случува со причина. Еве моја познаничка се омажи на 40 години со човек од маалото кој не го ни забележувала претходно, и се ок. Не мора да си многу шетан за да најдеш партнер. Друга пријателка која нон стоп е меѓу луѓе, живее во Скопје, шетала и шета и не може да најде партнер и секој ден е се поголем отров, па се прашува зошто е сама. Некогаш коцките се редат лесно, а со сила ништо не бива. Има девојки кои со години угодуваат, угодуваат на првиот што ќе го сретнат, оти се плашат од самотија, и на крај клоца добиваат.
После сите разочарувања кои ми се случија до сега вклучувајќи повредени чувства и уништена самодоверба, ова е изгледа единствениот разумен избор. Цел живот сами и не звучи така лошо, кога ќе се сетам низ што поминував.
Не се разочарувајте ако сте сами. Искрено и јас многу би сакала да бидам сама ,подобро отколку да одам со некој што не вреди ни 5 денари. Имам јас другарак во Америка што живее е исто така сама и не ѝ треба дечко. Имам брачеди возрасни немале ниту дечко ниту девојка па среќни се. Имам брат и тој ужива во животот без да се замара со девојки. Па тоа е најпаметен избор. И јас сум поминала низ повеќе разочарувања во поглед на врски што ме тера да не се заљубам во никого повеќе.
Моето прашање е како да се постигне тоа ниво на конфор во самата самотија? Јас можеби од средно се чуствувам осамено и цело време во глава ми се врти дека ќе остсанам сам цел живот, но сеуште не можам да го прифатам тоа целосно. Постојат периоди кога уживам во самотијата, мотивиран сум да правам нешто, но потоа следува период каде не се чуствувам убаво и имам чувство како да ми фали нешто, дали разговор, дружба, партнер, љубов, внимание и се разочарувам, ќе си речам ајде ти сам ќе останеш цел живот, но длабоко во себе не го посакувам тоа и се плашам.
И јас пробувам да се навикнам на тоа дека цел живот сум сама и пробувам да се помирам со тоа. Ама ми иде тешко. Ме прави нервозна, напната и ништо не ми се прави. Истиот проблем го имаме. Ако може некој нека ни помогне
Најмногу може да си помогнете самите себе. Да бидете поотворени за комуникација. Да пробате да се адаптирате на нечие однесување или да го прилагодите на вашето. Да имате разбирање за некои постапки(во границите на нормалата) како и да кажувате што ви смета на фин и културен начин за да ако има несогласувања да се надминат. Ние тука можеме само совет да дадеме и мислење. Со среќа
Da bides sam i da se cuvstvuvas osameno ne e isto, mozes vo tolpa lugje da se cuvstvuvas osameno i obratno. Jas mozam sama dolgo vreme i ubavo mi e no ne vo sebicna smisla deka ne mi treba nikoj, od duhoven aspekt sum ispolneta i udobno mi e vo sopstvenata koza.
Имам јас луѓе околу мене но се осеќам осамено кога станува збор за партнер. Тоа ми фали баш и многу ми влијае на расположението.
Ако ти фали од аспект да се чуствуваш комплетно и исполнето тогаш е во ред. Но ако причината е дека само ти си сингл во друштво тогаш не треба да брзаш. Студентка си одиш на факултет на журки имаш енергија така да има места каде што можеш да запознаваш луѓе. Само треба да си отворена и комуникативна и верувај ке му паднеш на некого во очи
Во иста ситуација сум. Човечкото битие не е создадено да биде само, едино ни останува да правиме работи кои ни го тргаат вниманието. Лека полека ќе се помириме со се
Не може човек да се помири со фактот дека ќе остане сам. И зоштоо?? Тоа што размислуваш за ова укажува дека не уживаш во самотијата, само се трудиш да најдеш начин да не се чувствуваш осамено. Јас уживам во самотијата ама никогаш не размислувам за тоа дали ќе останам сама или нема да останам, ме плаши помислата што кога ќе имам партнер, дали ќе можам да се прилагодам со него, нема да имам толку слободно време за се, нема да имам време да ги правам работите што ги сакам, да се посветам на тоа што го сакам, а од друга страна сум и доста принципиелна личност, самата помисла на партнер ми создава анксиозност. Иако сум сама не се чувствувам осамено, не ми фали друга личност покрај мене за да се чувствувам исполнето.
Значи над 30+ имаш само два избора 1. Избор на каков таков партнер 2. Помирување и избор да останеш сам? Јас поголема глупост не сум слушнала ако ова сакаше да го кажеш. Според тебе некој на 32 нема никакви шанси да најде некој/а што му одговара и да биде во среќен брак? Јас на 29 сум можела ама на 30+ немам шанса да најдам каков што сакам?
Измеша сега многу, ај по ред. Најчесто менталитетот во Македонија сакале или не, признале или не, е тој. Земи ја сликата на мнозинството, откако ќе наполнат 30 години ги фаќа лека полека очајот, влагаат што се вели во триесетти години, се уште не нашле сродна душа или идеален партнер и тука ја прават катастрофалната грешка. Ќе го земам од аспект на мажи и ќе ти ја претставам сликата. Одеднаш, по некоја случајност се запознава со некоја. Не е тоа што му одговара на негов personality. На помлади години сигурно би рекол не. Ама сега условите се поочајни. Па машко како машко направената одлука мора да си ја "израционализира" за да може мирно да спие. Па не е така лоша, ќе ја засакам/ќе ме засака, ќе се смени со тек на време (не се менува со тек на време), ај кога ќе роди и ќе стане мајка (ни тогаш), абе судбина е не знаеш каква ќе ти се падне, нема идеално. Како бре како ќе ти се "падне"? Што е ова лото 7/39, гледам супер бинго, томбола? Не. Овде збориме за очајот, кој како фактор кај мнозинството се појавува баш на тие години (триесетти) и кој е решавачки во изборот на партнер. Никаде не е спомнато дека тебе баш на 30+ години ти остануваат овие два избора, може и да бидат порано ако очајуваш, а може и воошто да не биде. Најчесто е токму на овие години. Познавам лично луѓе кои имале по 40 години и нашле идеален партнер, но никогаш не дозволиле да паднат во очај. Бидејќи се научиле да живеат сами, не дозволиле очајот да ги преовлада сега се среќни со партнерот, затоа што не избрзале во самиот избор.