1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цената на т.н. брза мода

Дискусија во 'Мода и стил' започната од SV1911, 2 јануари 2019.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    Пред неколку години се запознав со терминот наречен брза мода, познат како fast fashion низ светов.

    Искрено, бев запрепастена од бројките позади брзата модна индустрија: вртоглави профити на сметка на животната средина и луѓето од државите во развој кои што не само што се ниско платени, туку ги ризикуваат своите животи секојдневно работејќи во мизерни услови.

    Што е fast fashion? Брендови како H&M, ZARA и куп други кои што произведуваат нови колекции на облека и аксесоари секоја недела, поради тоа и терминот брза мода се користи како опис на оваа индустрија.

    Текстилните отпадоци се еден од најголемите загадувачи во светот моментално, ефектот кој го имаат на водата, почвата и воздухот се навистина застрашувачки. Во поново време се создаваат се повеќе организации кои што се трудат да пренесат порака до пошироката публика да излезе од тој магичен круг наречен шопинг, кој што повеќето го практикуваат барем еднаш неделно.

    Луѓето кои што работат за овие брендови се платени минимално, а најмени се преку посредници за да големите компании не можат да сносат никаква одговорност, додека самите сопственици се едни од најбогатите луѓе во светот.

    Во прилог ќе прикачам неколку информативни линкови, каде ќе можете да се информирате подетално.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Fast_fashion
    https://www.independent.co.uk/life-...-pollution-waste-sustainability-a8139386.html
    https://www.smartchinasourcing.com/fast-fashion-good-business-bad-planet-can/
    https://truecostmovie.com/ - филмов може да се најде бесплатно на пајрат беј и сличните торент провајдери.
    - кратко видео кое ја сумира ситуацијата

    Што мислите за овој проблем? Дали ова е доволно добра причина за Вас да купувате облека, обувки и аксесоари само доколку навистина имате потреба?
     
    Последна измена: 2 јануари 2019
    На LittlePinky, NoirSerpentine, Regina.Phalange и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не е бaш прaшaње кoе требa дa се пoстaви тукa. Секoј викенд шoпинг, пaрчињa oблекa кoи се oблекувaaт некoлкупaти и се "фрлaaт" зaрaди дoстaпни цени нa oблекa и oбувки спoреденo сo стaндaрдoт, не е нештo вooбичaенo зa Мк. Не ствaрaј грижa нa сoвест непoтребнo, рaциoнaлнo се купувa и е дaлеку Мaкедoнскиoт грaѓaнин oд некoнтрoлирaнo и беспoтребнo купувaње нa oблекa и oбувки.
    Oсвен aкo ти е oтвoренa темaтa зa исклучoците дa се изјaснaт.
     
    На candy.cane, Alisa22, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    На прашањево може да одговорат и од свое лично искуство и чисто хипотетички, како и на повеќето од темиве тука.

    Поентата на темава не е набивање на грижа на совест, туку информирање за последиците од преголемата консумација на таквата облека на глобално ниво.
     
    На NoirSerpentine, Regina.Phalange, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Уф колку го сакам тоа време кога патики ни купуваа само кога ќе ни омалеа или ќе се скинеа. До 23 год апсолутно не се замарав што ќе облечам. фармерки чизми (кои сигурно имаа 10 год ) маица и џемпер. Тоа е тоа. За жал го сменив тоа поради работно место. не дека е битно како сум облечена но ... едноставно не сакам да се двојам. не сакам чудни погледи. И пак немам премногу облека за разлика од некои луѓе.
    Реално превише се троши на изглед а нема потреба од такво нешто. сами со го наметнавме тоа. дур во америка во 8 сабајле некој у пижами пие кафе у маалски кафич кај нас тоа време се пиц пец средени небаре цела ноќ се спремале.
    Сепак и до човекот е.
     
    На dunika, TutiFuti, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.150
    Се пронајдов во категоријата на потрошувачи за кои е наменет првичниот пост:tmi:.
    Грижа на совест би било преостро гледање на нештата а со тоа и подготвеност за веднаш да презедам нешто околу истото, а претпоставувам нема, но ме поттикна да размислувам за малку подолгорочно и промена не некои навики можеби.



    Зошто купувам?
    Оти можам, оти ми се допаднало, оти изнудило насмевка на лицето, доловува чуство на удобност кога го носам...и да не редам до бескрај.
    Реално, ретко кој купува само она што му е вистински потребно и во број сведен на оние реални потреби.
    Дали ќе успеам да го променам светот и да го направам подобро место за живеење доколку се откажам од тоа задоволство?
    Не, нема.

    Секоја промена се започнува од себе и промена сопствените навики за да се направи домот/околината а и светот подобро место за живот. Да, точно.
    Водам доволно ``битки `` од сличен калибар на толку многу полиња, пропратени со отстапки, ``жртви``, компромиси и лишување од разни потреби. Оваа, нерационално конзумирање на брзата мода, го правам свесно и сеуште немам намера да се откажам од истото.
     
    На piglet1, candy.cane, TutiFuti и 16 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Откажување од брза мода не е за македонските плати. Зошто?
    Затоа што да се бориш против брза мода не значи да купуваш само што ти треба, туку воопшто да не купуваш од компании кои се водат под брза мода. Напротив, да извадиш 200 евра од џеб за блуза од некој познат дизајнер.
    Што правам јас за борба против брзата мода?
    Па, секоја прилика што ми се даде ја користам за да купам нешто од домашно производство. Реално, и кај нас се неверојатно малку платени текстилните работници, ама подржувам домашна економија, знам дека не работат во услови како во Бангладеш на пример, кај што умреа над 1000 луѓе од рушење на фабрика.
    Чанти купувам речиси строго од ташнарот во чаршија што сам со ги шие. Чевлите речиси сите ми се македонско производство. За облека секогаш проверувам прво по македонските продавници, е, Ваикики ми е слабост, ама ич немам грижа на совест. Не го правам тоа заради фаст фешн, едноставно со тек на време сум си изградила такви преференци и таков вкус за облека. Да имам неброени пари можеби би мислела на тоа, ама вака, тешко. Не во Македонија, а веројатно не ни во странство...
     
    На NoirSerpentine, candy.cane, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    Или пак, да купуваш сочувана 2nd hand облека, која чини многу поефтино и доколку биде купена, нема да заврши во депонија.
     
    На NoirSerpentine, Regina.Phalange, RockNroLLGirL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Немаме во Македонија соодветни second hand продавници за така.
    Во многу помали градови во Скопје, кај што имам одено, имаш second hand продавници на секој чекор (зборам за градови на Балканот, не за кој знае каде).
    Тука вработените прво си изберат за себе се што вреди од облека, после шутот оди на продажба. Од друга страна, не знам за цените, ама претпоставувам дека не се толку голема разлика (кога се сетам дека едно Мега Фешн што купува облека на кило и по аутлети, држи исти цени како продавниците чии брендови препродава).
    Едноставно, сите сакаат да печалат што е можно повеќе. Нема да ти го даде тој за џабе, ќе му стави маржа да не ти се ни исплати да купиш.
     
    На Dust, Victorian и LiliBoz им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.264
    Јас не купувам гардероба од ќеиф. Само кога морам. Мразам дотерувања. Многу би сакала да се облекувам секој ден исто и да имам униформа. Ќе штедам на време за избор на алишта секој ден и погледи од народ за тоа како сум облечена.

    Сакам евтини алишта на попуст. Панталони за 300 денари кошули и блузи за 200. Никој никогаш не ме сакал заради алишта и изглед. Разговори за: од кај го купи и ја виде ли новата колекција избегнувам.

    Но, ова од воведниот пост го сакам оти брзата мода брзо има застарена мода и попусти.

    Единствено скапо нешто ми е фустанот за магистратура. Морав да купам нешто убаво. У последни 2 саати.

    Алиштата стари ги подарувам, не ги фрлам. Некои кои не се за подарок се крпи пачаври по дома.

    Задоволство од алишта иам само за ќерка кога купувам.
     
    На NoirSerpentine, Regina.Phalange, zuto и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ја сум од овие потрошувачи, признавам. Немам грижа на совест, убаво ми е. Иако некои парчиња у шкаф што ги имам едвај 2 пати се облекле од толку што купувам. Ама убаво ми е, некако сакам многу облека и мода, ме прави радосна. :tmi:

    Плански не купувам, а последниве 5-6г, 90% од облеката ми е од овие брендови што произведуваат ваква мода. Толку сум заразена што кога планирам шопинг, правец директ во мол и купувам. Низ наши продавници не сум ни влегла. :worried: Знам дека е лоша таа навика ама на мојот стил повеќе ми се допаѓа тоа што го нуди таа брза мода. :?:

    Не ми смета, кој што може и сака да си купува, нека си купува. Поддршка за сите шопингхоличари. :D
     
    На SeaMermaid и Victorian им се допаѓа ова.
  11. Cvekence789

    Cvekence789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    И додека ние за кратко време ги празниме бутиците, на некој му стигнуваат огромни суми на пари, а некој... а некои луѓе меѓу кои и деца работат во ужасни услови, ужасно третирани, за ужасни плати и ризикувајќи ги своите животи за ние да сме дотерани........загрижувачки ;(
     
    На Regina.Phalange, sjdgo, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Иако сме свесни за опасноста на брзата мода и за оштетата што таа ја има врз околината и луѓето кои ја произведуваат (се надевам со време дека повеќе и повеќе луѓе ќе се информираат на оваа тема) факт е дека не можеме целосно да го избегнеме купувањето на брза мода во државава, поради тоа што многу од нас немаат доволно пари да си дозволат органски и квалитетно изработени парчиња облека, поради тоа што бројот на second hand/ thrift продавници е многу мал и поради тоа што кинеската роба и fast fashion компаниите доминираат кај нас.
    Пред неколку години почнав да се интересирам околу темава и да истражувам. Прво сакам да кажам дека секоја промена почнува од нас индивидуално. Многумина во темава и општо, го базираат мислењето само на тоа дека отфрлањето на брзата мода е недостигливо во Македонија, и дека не можеме да направиме ништо околу тоа, што е сосема грешно. Доколку сите се свесни што купуваат и како го користат можат да достигнат голема промена не само во брзата мода но и во потрошувачката на непотребни работи. Можеби не важи ова за сите нас, но поголем број луѓе научени се да купуваат работи константно што не им се потребни посебно сезонски работи на пр. нов декор или нови лампиони за нова година, или зимска јакна секоја зима, нов летен фустан секое лето итн. Треба да сме свесни и одговорни за она што го купуваме и да имаме по-минималистички пристап во смисла дали ни е потребно или го купуваме само дека ни носи привремена среќа и дали можеме да го користиме долго време или ќе го фрлиме после некој месец затоа што ни е здосадено.
    Во Скопје сум видела околу две или три second hand продавници, една на бит пазар која секогаш има сочувана облека и дури носи и нова облека од данска што таму не им се продавала и другата италјанска во рамстор мол што е поделена на два дела едниот дел со нова облека другиот дел со секонд хенд и онлајн страната mojagarderoba.com. Малку се но би препорачала ако имате можност да ги посетите. Второ што сакав да потенцирам е стереотипот што ако купиш облека од Зара си кул, богат и модерен а ако купиш од овие продавници си сиромашен дури па ти е срам да кажеш. Според мене ваков менталитет е поголемиот проблем. Еве за пример не сите сакаат да купуваат облека која ја има носено некој друг, тогаш зошто да не го однесат тоа што не го носат како донација во продавнициве или пак да го донираат во црвен крст. Поентата е дека без разлика дали може да се направат големи промени или не, како жители на земјава мислам дека е време да бидеме свесни за ваквиите проблеми и да се запрашаме што можеме да придонесеме па барем и ако е нешто ситно.
     
    На NoirSerpentine, Regina.Phalange и Imagina им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Дури и сонувам облека.
    Сѐ си мислам топ им било пред 70 години кога оделе кај кројач и нарачувале тоа што им било потребно, по мерка.
    Овој неконтролиран конзумеризам конечно треба да се забрани. Сакам да се лицкам и сето тоа, ама наметнат притисок е од околината... го гледаш, ти се допаѓа, и како да не го купиш, и зошто да го купи некој друг, наместо тебе... (facepalm) на крај не знаеш ни што да ѝ правиш на облеката од што се натрупала. И тоа јас имам кочници, некои ги немаат.
     
    На Regina.Phalange и nevermet18 им се допаѓа ова.
  14. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Целосно сум против брза мода. Не знам колку сте запознаени, периодов Индитекс затвора мислам над 1000 продавници. Под нив се Zara, bershka, pull&bear, Stradivarius и многу други. Повеќето од овие компании за време на пандемијата одбиваа да исплатат за веќе изработена роба од своите фабрики и да не почувствуваа притисок сигурно и ќе се извлечеа без плаќање, а од тие минимални плати луѓе и фамилии преживуваат.

    Лош е стереотипот дека за да имате издржлив плакар мора да фрлате по 200 евра на парче облека. Напротив некој од поефтините опции се да се разменува облека со пријатели, роднини, може одредено парче да го шиете, така ќе е потполно погодено по ваш вкус и надежно со тоа би го носеле многу подолго, купување производи со македонско производство, трифтинг, пресреќна сум што ова се повеќе се развива, особено на Инстаграм периодов и по навистина пристојни цени, а можете и да експериментирате со нов изглед на облека која веќе ја имате.
    Доколку барате одредено парче и не можете нигде да го најдете освен Зара, не сум против купување, земајќи предвид дека ќе вреди за сите пари, односно ќе биде парче што ќе е редовно носенo во наредните 3 години. Но важно е тоа да е најпоследна опција и да бидеме сигурни дека вреди. Нашите пари имаат огромна моќ и ние решаваме кои бизниси ќе ги поддржиме а со тоа и нивните вредности, начин на работа и стапката што ја оставаат во светот.
    Најголем проблем е постојаното купување на нови работи, во минатото, луѓето купувале максимум 12 парчиња во годината, а денес над 60 од кои едвај 20 се задржуваат после годишна чистка. Носиме само 18% од нашата гардероба, и ретко кој има толку добро составен плакар да од десет парчиња се создаваат 20 најизменични изгледи. Од еколошки аспект, исто би ве замолила да прогуглате за количеството на вода кое е потребно за создавање на една обична блуза. Сите тие хемикалии се испуштаат во реки покрај населени места, каде изумира морскиот живот преку кој овие предели преживувале, а се создава и неповторлива штета врз вода која можела да се пие. Ова би рекла е еден од најголемите проблеми, бидејќи водата за пиење е се помала во проценти, а е неопходна за сите нас.

    Ако некој уште чита, верувајте не е толку тешко да се купува облека и притоа да не поддржувате прекршување на туѓи човекови права. Брзата мода е ужасна од сите аспекти, а и самиот квалитет е понизок бидејќи се крати во сите погледи да би останале цените ниски за производство, високи за купувачите.
    Исто многу забораваат дека се користат материјали со пластика, кои при секое миење испуштаат микро пластични елементи, од облеката кои одат до водите и голем дел минуваат низ устата на рибити кои стигаат во нашата чинија. За жал се уште не знаеме кои би биле последиците од таа пластика во нашето тело.
    Пробајте да не купувате месец дена, и да бидете креативни со облеката која веќе ја имате. Каде е убавината на сопствениот стил кога околу вас има 10 луѓе идентично облечени?
    И, последно ветувам, најважното мото е Reduce, намали за себе и за сите нас, бидејќи има доволно облека за цел свет и уште малку, Reuse, за едно парче да вреди сета штета што ја создало треба да го носиме минимум 30 пати, и Recycle, најди го најдобриот начин да се откажеш од парчето и тоа да не стигне во депонија.:l:
    I cannot do all the good that the world needs. But the world needs all the good that I can do.
     
    Последна измена: 17 јуни 2020
    На LittlePinky, NoirSerpentine, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Го прочитав мислењето над моето и она за размената ме потсети на еднаш кога се зачитав дека родители одбивале детска облека (играчки, колички) од други родители со деца затоа што им било „испод чест“. Колку ли комплекси стојат зад оваа изјава, а не е дека не се имам сретнато со такви луѓе ама некогаш ме запрепастува туѓата плиткост.

    Овде да го додадам фактот дека такви родители прават и такви деца кои подоцна се исмеваат на децата кои носат облека која не е по најнова „мода“. А деца од кој дознаваат за тоа? Од родители. Многу му е гајле на малото дете во што е облечено, ама комплекси на родители прават комплекси не само на свои туку и на туѓи деца.

    Јас уживам во ретро облеките. Колку само ми се допаѓа кога ќе видам дека некој си носи нешто од мајка или татко кога биле млади. И она што изненадува е квалитетот кој го имаат тие работи. Дали може да се каже истото и за повеќето сегашни облеки?
    Нормално, овде во најголема мера игра улога и начинот на одржување. Јас се обидувам да избегнувам употреба на повеќе детергенти од она што е потребно и внимавам на тоа како ќе ги перам. Дури некои деликатни работи кои се постари не сакам ни да помислам да ги изложам на такво модерно процесирање зошто ако им се случи нешто (а нема зошто квалитетот не е како на повеќето сегашни облеки), многу ќе ми биде мака. Ама во најголема мера се обидувам барем да ја задржам живоста на боите.

    Е сега, сите овие работи ги комбинирам и со по нешто поново. Колку што можам - внимавам и горните мислења ми дадоа уште некои насоки кои сум ги подзаборавила.

    Арно ме потсети темава, имам една ВИНТИЏ :)rofl:) кошула што одамна ја немам носено, таман за утре :)
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.