1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цензура и слобода на говор

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 9 јануари 2021.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Форумов не е тоа што се Фејсбук, Јутјуб и Твитер во денешната комуникација.
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Како не е? Сите се социјални мрежи/платформи.
    Тоа што Трамп води држава на Твитер, не го менува фактот дека е социјална платформа во приватна сопственост.
     
    На AndyRad и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Не се исти. Ако те банираат овде исто како да те банирале на еден оператор. Тоа што се случи со Трамп е како да добил државна забрана за да му се инсталира било каква телефонска опрема од било која компанија во домот.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Што го спречува да отиде на Fox news или да излезе на плоштад со банер и да се искаже?
     
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Цензурата.
     
  6. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    И претходно мислам дека само во говор повика на мирни протести надвор.
    Малку е покомплицирано сега да се најдат точните постови, пошто не се знае што е точно, а што fake.

    За жал многу протести се придружени со криминални активности.

    Трамп секаде го банираa, вклучувајќи го и Дискорд.
    И и јас мислам дека ги тргна, ама откако се крена поголема врева, а претходно мислам дека едно од девојчињата и имало пишано порака дека е вознеминувана и дека манјакот ја следи irl, а Јуџинија и имаше вратено нешто безвеза, како awww не се сеќирај, ако дојди до полошо пријави в полиција и емоџис.
    Ни ја советуваше да извести родители, ни како, ни што, ни дали е на безбедно, ни ништо.
    Ме мрзи да барам, а и не ја следам, ама мислам и дека и на twitter сеуште постира pro Ana твитови, со пеперутка и се останато.
    И те како мислам дека треба да сноси некои последици.

    Скроооззз се согласувам со ова, ама во случајов очигледно е дека има друга позадина и доста јасно е зошто е исклучокот.
    Проблемот е што сме во ситуација каде пратформите служат за ширење на пропаганда на одредена група која има за должност да обезбеди заштита на граѓанинот од истата платформа, која тој ја користи за манупувација и добивање гласови.
    Мислам ме сфаќаш што ти зборувам.
    Платформите се користат за ширење пропаганда за добивање на власт, власта треба да ги ограничи платформите.
    Власта не ги гиба и ги остава да прават што сакаат, не ги штити граѓаните, социјалните мрежи контролираат што стига до обичниот народ, т.е манипулира со истиот и го насочува да ја поддржат страната што им дава апсолутна моќ.
    Двете страни добиваат.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Ај вака кога пишувате, како да имате ексклузивни информации па само hint им давате на другите.
    Објасни се до крај барем.:D

    Да дополнам, Трамп бил баниран скоро од секаде заедно со сѐ што вклучува дискусија за негова поддршка, хаштази и сл.Да, за безбедноста се работи, навистина.
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На BloodElf, theowndemon и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Трамп има изговорено далеку пострашни работи на социјалните мрежи, па не се ни мислеа да го допрат, се до сега. И пред поединци да ми препишат страна, далеку сум од симпатизер на Трамп, ама ова е директно кршење на правото на говор. Кое до вчера го имал. Уште еден доказ како политиката е вмешана у секоја сфера на нашето постоење и делување.
    Уште пострашна е цензурата со 'десничарската' платформа Парлер, која Гугл ја банираше скроз од својот маркет и Епл најавува исто. Прогласена за десничарска од Big Tech, пошто не се донори на Демократската партија и пошто не се согласуваат да учествуваат во блокирањето на слободен проток на информации, по нивен терк секако. Ова е класичен информатички неофашизам и наивно е да се мисли дека сето ова се прави од племенити побуди.
     
    На Besmrten, Bratot, BloodElf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Зошто на цинизам одговарам со идентичен тон.
    Вака кога пишуваш испаѓа како да ширам теории на заговор, а нема врска.

    Зошто?

    Сетете се на настаните пролетта со Џорџ Флојд.
    Кој беше тогаш на власт, кој ги предизвика немирите, во кој период и зошто?
    Тогаш Америка беше пред избори.

    Сега одеднаш откако се носи одлука Џо Бајден да ја преземе власта, се случува релативно идентично сценарио во Capitol Hill, на кое Трамп меѓувреме објавува твит кој наводно ,,ја шокира" твитер групацијата по што одлучуваат да го банираат.

    Не беа шокирани од мноштвото објави дур беше на власт, ама сега откако го изгуби ,,тронот" решаваат да му покажат заби, и ние тоа треба да попушиме и да го заштитиме кутриот Трамп. Аха, важи.

    Не треба многу математика за да сфатиш дека го прават тоа со намера да предизвикаат нови дестабилизации.

    И дека цензурата, контролата на интернетот, движењето, и општо сѐ друго ќе биде на прв кордон промени во тековните години.

    Впрочем и форумов е екватантен пример за неможност на слободен говор, веќе со години. Почни од тука. Ние сме далеко пред Америте. :P
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Oh well, баш си помислив читајќи ги коментарите за Трамп дека и Хитлер да беше жив во времево на социјални мрежи, со овој памет значителен број луѓе би застанале зад неговата „слобода на говор“ само за да се истакнат како посебни и просветлени, кога тука има што да прочитам, и да можеш да си закачиш нацистичко знаме у двор било потребен дел од апсолутна слобода на говор и изразување... (facepalm):drunk:

    Значи да разјасниме, кршење на слободата на говор е кога поради искажано мислење се соочуваш со закани и насилство, ти загрозуваат и ти одземаат работно место, законски те прогонува државата. А не кога скандалозен милијардер на малтене највисока политичка позиција во светот се зачленил на социјална мрежа (приватна компанија), кликнал I agree to the terms and conditions, и бива суспендиран по стопати кршење на истите правила и злоупотребување на моќта што ескалира во терористички акт (да, тие што провалија во сенат се терористи со буквално фашистички позадини и идеологии, изгледот на оној „викингот“ од виралните слики и мемиња потекнува од неонацистичка паганска секта).

    Апсолутно никаков проблем и ништо незаслужено нема во суспендирањето на Трамп, туку има два други проблеми: зошто и досега не го направиле тоа додека уште ја имал позицијата на моќ, и зошто не го направат тоа и со други опасни авторитарни лидери и системи низ светот (Турција, Иран, Кина, Бразил). Иранскиот претседател на пример шири дезинформации за пандемијата и буквално води џихад по твитер, а кинеската амбасада од официјален профил зборува за геноцидот и присилно стерилизирање на жени Ујгури како за „еманципација“... ама тоа не е Америка, па не им е доволно важно и алармантно очигледно. Говор на омраза и насилство не е слобода на говор, и за ниеден диктатор не треба да има место на социјалните мрежи.

    Проблеми со слобода на говор и цензура низ светот има, но не треба да се забегува во десничарски наративи и теории на заговор. И ова не го заборавајте :)
     
    На boomsleng, staycalm, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Yikes!
    Лидерите се избраници од народот и меѓудругото имаат задача за да го заштитат истиот од злоупотреба од страна на приватни фирми. Да носат закони во интерес на граѓаните, да вршат контрола и инспекција и да ги заштитат основните човекови права, правата на граѓанинот како корисник, вработен итн
    Во теорија де, кај нас се знае како функционираат работите оддамна.
    Ако твоите се на власт слободно прави што сакаш и изживувај се врз вработените
    Не е задача на приватна компанија да го "заштити" народот од власта која сам ја избрал и да изиграва државна изборна комисија и да одлучува дали биле регуларни изборите.
    Трамп никој не го брани, тој самиот дозволи да се случи ова.
    Ниту го жали. ниту му е гајле за него. На крајот на денот, тој бил претседател или не, имал твитер или не, пак е во поудобна позиција од сите што му се ситат моментално.
    Проблемот е во тоа што ова е едно големо аctually власта не не контроолира нас, ние ја контролираме власта, уште не ми е јасно како има луѓе што не го гледаат тоа.

    Еве го Цук поотворено си се искажа. Баш за народот е.

    All of a sudden Безос, синонимот за морал и етика, стана херојот на денешницава, што го спасува народот од себеси :x
    Ова баш Хитлерски. Обичниот народ е прост и глуп и затоа треба да се заштити од информации. Право на мислење имаат само супербогаташите!
     
    На Priroden, lovestoneddd и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Ај накратко за мрзливи ко мене:tmi:- шо било со Безос?
     
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Па многу работи
    Почнувајќи од тврдењата на вработените во амазон за условите за работа (кои не се ни од сега) по однос на норми, притисок,
    се ширеа и приказни дека во одредени складишта вработени не можеле да одат ни до вц и морале да уринираат во шише за да ги постигнат барањата и сл
    Најголемиот воен профитер испадна од коронава итн
    https://time.com/5629233/amazon-warehouse-employee-treatment-robots/
    https://www.theguardian.com/technology/2020/apr/07/amazon-warehouse-workers-coronavirus-safety
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Го знам ова.
    Прашањето беше зошто само супербогаташите имаат право на мислење, шо рекол, кај рекол.
    Не следам УС политика нит вести.
    Иначе Маск е најновиот супербогаташ, го помина Безос:?:
     
  15. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Па општо мислев за луѓето што го оправдуваат блокирањето на Трамп затоа што народот бил неразумен, не требало да чита глупости и е ок со тоа супербогаташите да го контролираат целиот проток на информациии.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Социјалните медиуми се измислени за работите да излегуваат надвор од контрола:D
    Навлечи маса, подели, поларизирај, профитирај... така некако, отприлика. Ти текнува на The social dilemma, портретирано беше и ова, меѓу другото.

    Светот никогаш не бил толку поларизиран, сите нешто се во конфликт со сите. Али битно на сите им се слуша гласот/ чита текстот/ ватевр. Врло веома битно за добробитта на секој еден од нив|(
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Сè што имав да кажам на темава кажала @Someonespecial.

    Што се однесува до границите на слобода на говор, сè додека не пропагираш некакво насилство кон друг човек или околината, збори си што ти душа сака, владата нема право да те брка. Ама не заборавај дека и другите имаат слобода на говор и не се должни да ти го дадат последниот збор.

    Ова со Трамп, сепак, нема врска со слобода на говор. Има врска со фактот што Твитер е приватна компанија која самата си поставува правила и не тера никој со сила да се согласи со нив. Дури и да туркаат агенда со тие правила, никој не му ставил пиштол на чело на Трамп да го користи Твитер, самиот така одбрал и се согласил со тоа. Има прес сала дома кај него, тоа никој не може да му забрани да го користи. Твитер не му забрани да збори, туку само му забрани пристап ,,кај нив дома". И апсолутно има право на тоа.

    Тоа што не ги применуваат истите правила за сите е засебен проблем. Ама дека му прекршиле некакво право на изразување, тоа е straight-up неточно.
     
    На boomsleng, staycalm, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Го банираат Трамп тоа е ок, така биле правилата на Твитер. Банираат демократ или некој активист на блм или лгбт тоа е расизам, тоа е нечовечки, тоа не е убо, не е хумано.. Зини земјо па голтај се по ред. Нивниот став бил избор, а твојот е кршење на правила, ете такви за слобода и демократија ни држат предавања. :tmi::drunk:
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Кое право на говор му е ускратено на Трампчо? Да сее расизам, ксенофобија, хомофобија, сексизам? Има доволно десничари по интернетот да го прават тоа место него. И понатаму ќе ги слушаме тие изјави, не се секирајте. ;)

    Цензурата исто така не мора да значи дека по default е лоша работа. Еве се надевам на форумов ќе го цензурираме некогаш зборот ку*ва (ете и се самоцензурирав до некаде, со моја слободна волја) затоа што секогаш се користи како навреда и омаловажување на жените.

    За слободниот говор веќе пишав. Само ќе додадам дека е интересно колку многу бетер ускратени права на слободен говор има низ светот (и тоа од државата, не од приватен бизнис), па не се потресовме толку. Во Саудиска Арабија ќе ги убијат ако кажат нешто против Мухамед, во Русија кривично ќе ги гонат ако носат знаме на виножито пред дете. Ама Боже сачувај, Трамп не може да куца веќе на Твитер додека е на шоља. :D
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.245
    Пол:
    Женски
    Овде се цензурира со бришење мислења каде што супер модераторката МИСЛИ дека тролам!
    Диктитура на дело.
    Секако и ова ќе биде избришано но кој виде, виде.