Во се ова шо се случуваше последнава година дена добро е што конечно на тапет се виде како функционира Америка, нејзината "демократија" и "слободата" на говор Инаку додека Трамп го банираат дури и кога повикува на смирување, во трендинг одат вакви работи и мува не ги лази...
Отидов да гуглам и баниран е хаштагот пред ден-два. Само гледам таа толпа што повикува на линчување, ептен и е ускратено правото на говор. Со тенкови дури отидоа да ги газат. А замисли поддржувачи на Трамп се.
Некако на две сум со ова што се случува со цензурата на интернет. Има аргументи што ја оправдуваат, ама прави и преседани кои во иднина можат да бидат злоупотребени, а интернетот требаше да биди независна структура...
Требаше и беше, пред да ви ги измислат пресветите социјални мрежи. Премногу глобална зависност и моќ, во рацете на приватни корпорации. Фала богу па Русите имаат ВКонтакте Умрена ли е нет неутралноста и формално?
Фејсбук и Твитер не се веќе пресвети социјални мрежи. Многу поголеми земји си изградија свои алтернативни социјални мрежи, а и во САД ги имаш доста. Огромен дел од популација пребега на алтернативните социјални мрежи. Фејсбук и Твитер имаат право да банираат кого сакаат, затоа што се приватни фирми. Нема љутиш.
Абе ова е малку трики. Сите со две раце ги прегрнаа, о пресветите алатки на комуникација. По други земји не знам како е, ама Филипче министерство за здравство преку ФБ води. Трамп држава преку истите водеше. Ако се приватни фирми, и велат, работиме за јавен интерес- нека го тераат јавниот интерес. Ако не, нека не водат држави и министерства преку истите платформи. И јаре и паре некако не оди
Јас ќе се приклучев да ми дозволеше Безос, ама ете не ме остава .. А многу ти е доверливо инфото, страна на википедија, која како бонус едитирана пред 5часа за компанија основана пред 2-3 години. A и што ако е десничарска? Десничарите немаат право да користат социјални мрежи? Многу левичарско ти е мислењево Она што го напиша Трамп не е ништо поразлично од твитот на Ненси Пелоси во 2017 за којшто не само што не е банирана, туку не е ни тргнат од твитер.
2019 - Matze told the news organization that although he had intended Parler to be bipartisan, they had focused their marketing efforts toward conservatives as they began to join the service. Matze e CEO на Parler. Ти знаеш повеќе од него за кого е наменета страната? Те поздравија од Америка, на чичко ти Трамп му се случи импичмент по втор пат, дури и дел од неговите сопартијци гласаа против него
Извор? Видео од интевјуто? И пак што ако е? Каков вид на криминал е тоа ќе ми објасниш? https://www.theguardian.com/books/2009/jan/11/salman-rushdie-satanic-verses
Човек на кој му беше ускратена слободата на говор поради тоа што наводно го навредил целиот муслимански свет со неговата книга. Буквално го ловеа за да го убијат. Што мислиш за банот за Фејсбук на територијата на цела Кина поради што, според нив, муслимански терористи координирале напади во Кина преку Фејс?
Какви закони вие би изработиле кога е во прашање цензурата вс. слободата на говор, на интернет? И дали воопшто треба да е законски регулирано?
Ај потенцирај ми каде реков дека е криминал? Ти и уште еден член тврдите дека Parler не е десничарска апликација а буквално се' покажува дека е, дури и сопственикот сам си кажал дека иако со првична друга замисла, се свртиле со промоција само кај десничари. Над 90% од членовите се десничари, голем дел од нив се екстремна десница. Сите банирани од фејсбук и твитер заради на пример: терористички твитови, повици за убиства, повици за насилство, сексизам, расизам, хомофобија, се приклучуваат на парлер бидејќи таму никој не ги брише и смеат што сакаат да пишуваат, независно за што е и колку лошо е. За Салман Ружди, уште една жртва на исламски екстремизам и показател за тоа дека религијата е голем канцер што треба да се искорени.
Значи се согласуваш дека ограничување на слобода на говор поради нечии повредени чувства е екстремизам, ама во исто време поддржуваш банирање социјални мрежи како во тоталитарна Кина?
Случајот со Салман според тоа што прочитав е многу сериозен, дури и со обид за убиство. Неспоредливо е, срамота е да се спореди со ова. Трамп не почитуваше правила на социјална мрежа за кои стиска I agree кога се регистрира, негово право е дали ќе се регистрира или не - ама правилата ќе ги почитува ако сака да биде на таа мрежа, тој одлучи да не ги почитува и беше баниран на истата, како и од 10 други. Тоа не е ограничуввање на слобода на говор, ниту закана по живот а најмалку пак обид за убиство.