1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цензура и слобода на говор

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 9 јануари 2021.

  1. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Wooowww
    Ова баш без предрасуди, либерално, недискриминирачко, лево-ориентирано мислење и тоа донесено врз основа на користење апликација која никогаш не си ја ни отворила :clap::clap::clap:
    Баш се потребни повеќе вакви либерални мислења.:clap:
    А па фејзбук и твитер веќе колку напорно работат на банирање на проблематични корисници што повикуваат на насилство, убиства, сексизам, расизам кога нема политичка позадина, леле, леле, мора многу голема гужва да им створиле на парлер :D
    И пак, што ако поголемиот дел од корисниците се десно ориентирани? Тие не смеат да користат социјални мрежи? Доволна причина е за да се саботира аликација?
    Ќе ми посочиш кое правило го прекрши Трамп?
    Истото што го направи Трамп, го направи и негова колешка-левичарка во 2017. Нејзиниот твит сеуште стои. Зошто таа не е банирана?
    И за какво agree зборуваш? Официјално е баниран од мрежи на кои кои не бил ни корисник. Може комотно да го прогласиме за Lord Voldemort (He-Who-Must-Not-Be-Named).
     
    На OmniaVanitas и asdas им се допаѓа ова.
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Нигде не спомнав за Трамп, тоа е друг муабет. Ти се радуваш на банирање на цела социјална мрежа, нешто што го има само во Кина и Иран, за тоа е муабетот.
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Имам попаметни работи за правење.

    Значи не го негираш фактот дека Амазон, Гугл и Епл се лево ориентирани и ги исекоа Парлер пошто има тенденција да стане место каде десничарите ќе имаат простор да општат виртуелно?
    Баш така.
     
    На asdas и BloodElf им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Google и Твитер се приватни фирми. Ќе банираат кого сакаат. Нема љутиш.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.884
    А јас што реков?
    Ако се приватни фирми, не е надвор од памет да водиш држава и државни институции преку нив?
    Или каде почнува јавниот интерес?
     
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Парлер нема тенденција да стане ништо влијателно.
    Иако постојат многу умоболни луѓе, постојат и многу со здрав разум (дури и десничари) што можеби ќе се приклучат но откако ќе сфатат во какво дувло влегле ќе излезат :) За тебе не знам, ништо не ме чуди.

    Тебе ти е жал што ти скратија место каде што можеш слободно да општиш омраза без да се плашиш за бришење?
     
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Glorification of Violence policy, which aims to prevent the glorification of violence that could inspire others to replicate violent acts and determined that they were highly likely to encourage and inspire people to replicate the criminal acts that took place at the U.S. Capitol on January 6, 2021.

    Повели
     
  8. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    136
    цензура = вовед во модерен фашизам
     
    На Biljarkata, elimkd и OmniaVanitas им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.884
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Лејдилора

    Лејдилора Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Sve i svasta se slucuva vo svetot.Kakva anarhija ne e cudno ni koronava sto izleze.Mnogu raboti se prekrivaat ama vistinata ke izleze na videlina
     
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    Ова за мај прв пат слушам дека се има случено. Знам дека го банираа сега, па ако наруши пак, ќе го банираат перманентно. За жал, не чекаа и веднаш го направија тоа, а со тоа и други социјални мрежи се „охрабрија“ на тој чекор. Во меѓувреме, кејти грифит, која излезе со FX сечена глава од тогашниот претседател - нема никаква санкција, а демократите аплаудираат на таа морничава слика (замисли, да направиш такво нешто на моменталниот претседател на една од најсилните нации во светот и да не бидеш санкциониран.....баш некој фашист да ти бил овој трамп).


    Се заинтересирав и следев: никаде, во ниту еден момент не го поддржа тоа што се случи туку постојано инсистираше на мир. Дури и видеото што го направи околу тоа му го тргнаа.
    Перманентно беше баниран откако му го извртеа тоа шо го имаше напишано (или во превод - одвај чекаа).

    Имајте во предвид дека го турнаа откако немаше веќе никакво влијание. Со тоа што успеаја да банираат профил на претседател на една од најголемите сили во светот, направија огромен преседан, толку страшен што дури ми е страв од самата помисла. Повлекоа уште повеќе банирања (следуваа фејсбук, не знам веќе кој не) и со тоа дозволија демократијата да биде диктирана од силиконската долина. Многу „демократски“.
    Некои велеа дека ова е оправдано зошто поттикнувал на насилство (протест е повикување на насилство? и нема да навлегувам зошто е оф топик ама каде беа сите тие трупс за да спречат влез во зградата?).
    Цензурата на трамп почна во моментот кога имаше најмногу поддршка. Најверојатно видоа дека нема да биде лесно да го симнат па почнаа со вакви удари. Прво мислев дека е смешно кога прв пат се појавија статии за тоа како твитер ставал предупредувања на неговиот профил. После некое време видов дека продолжиле тоа да го прават.

    Тој ми беше паљачо од енормни пропорции за кој не сакав ни да слушнам, ама после неколку работи за него (меѓу кои клучните: непочнување војна, повлекување на трупи од многу земји и поттик за сорабтка со земји за кои не се ни мислело дека некогаш ќе има) почнав да сфаќам дека има повеќе отколку неговото кловновско коментирање. Демократите се покажаа како најголемите фашисти. Имаа огромна покриеност на социјалните мрежи од страна на познати личности и организираа хајки против сите оние кои ќе бидат за републиканците (вид цензура). После сите обиди да го симнат и на крај го турнаа од социјални мрежи со помош на цензура кога веќе изгуби, а оној што клоца по паднатиот - е дно.
    Откако му заврши мандатот, немаше како да им наштети, немаше што да направи против социјалните мрежи (претходно се плашеа после тоа што направи против тик-ток). Беа „a okay“ да го толерираат години, многу пред да стане претседател ама недела од мандатот и одеднаш стана многу damaging за нивната „демократија“ :D

    Многу е страшно што демократите, од нивна заслепеност (и претпоставувам медиумска извитопереност на фактите позната како CNN, а ова го пишувам зошто кога заврши тогашната дебата, тие необјективно напаѓаа врз трамп, а другите кандидати не им беа проблем = уште еден вид цензура) не можат да ја сфатат иронијата на тоа што се случи и бараат секакви изговори за да го оправдаат.

    Многу новинари се вклучија во одбрана на него, дури и такви што не беа негови поддржувачи, а тоа треба доволно да покаже за сериозноста на слученото. Дури навални (рускиот опозиционер) излезе во негова одбрана и имаше објаснето некои работи. Зошто, на крај, не банираа само негов профил туку на пола републиканци и безброј поддржувачи. Gotta love иронијата во називот „демократи“ :)

    За ова најмногу ме разочараа оние кои се сметаат за „либерални“. Изгледа им е ок, се' додека не им се случи на нив (или и тогаш ќе го правдаат дека тие самите си биле виновни, не знам, чудни се некои луѓе со себеобвинување само за да им comply на властите). Или пак од страв да не бидат осудени од демократите дека се трамписти одбраа да не го коментираат ова, што исто така докажува колку ненормално влијание има политиката, особено врз оние кои не ја разбираат и слушаат исечоци од нивните омилени глумци, музичари, активисти кои пак исто така се огромни лаици и гледаат само површно зошто немаат врска од политика (или имаат врска па користат можност за манипулирање).


    Супер идеја е за банирање додека не се смири ситуацијата. Иако и тоа е на еден начин цензура, пак е подобро од ова што се случи сега (не ми се верува дека бирам „помало зло“ but here we are).
    Слободата на говор почна да се нарушува во моментот кога луѓето почнаа да се осудуваат зошто биле различни партии. Македонијава одамна е пропадната по тоа прашање, но во последно време забележав дека тоа се случува и кај американци (САД) со кои нема шанси да се направи муабет без да го етикетираат соговорникот како нешто. Очекував тоа да го прават републиканци, ама демократите се страшна токсика. Некој ќе помне капче, велат - аха, трамп носеше капче, губи се со твоето МАГА од тука. И што сакаш муабет понатаму (ќе стаев смајли ама трагикомично е). И ова е еден вид цензурирање.
    Пандемијата си повлече многу цензурирања, банирања, you name it и со ова со трамп е отворена страшна црна дупка.
     
    Последна измена: 31 јануари 2021
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    @OmniaVanitas Баш она што го мислев.

    Најтрагично е што неосновано се исокористи БЛМ кампањата против Трамп, како тој да потпишал на секој полицаец поединечно дека е психички способен за работа, иако на пример Бајден е тој што е на функција 47-8 години.
    А иронично на се, Трамп направи најмногу за Афро-американците од сите претседатели што ги имале во последно.
    Почнувајки од најбитното т.е FSA реформите во правосудството, па до валучерите за целосно покривање на приватно образование на најсиромашните од гетата за време на корона, со што многу деца си добија многу поквалитетно образование од она што го имаа претходно. А плус им вети и инвестиции од 3(мислам) трилиони во тие области..
    Додека пак Бајден за разлика од тоа им вети дека ќе ги врати во училиштата во кои си одеа претходно и од кои не беа задоволни и за тоа определи многу поголем буџет од тој на Трамп само за корона тестови по училиштата, од кој којзнае колкав дел ќе заврши во неговиот џеб. Плус им вети и дека ќе им ги зголеми даноците на над 60 и кусур проценти. Ура!

    Хајките не беа само за поддржувачи, туку и за не-поддржувачи.
    На пример на постови на комплекс имаше и коментари дека Бијонсе и Џеј Зи треба да бидат cancelled, затоа што не го промовираат Бајден, што значи се гласачи на Трамп.
    До таму е стигнато.

    А од цела цензура најинтересен феномен ми беше Фифти сент(како гласач на Трамп, ама "не го промовирам пошто пробав и сфатив дека ќе бидам cancelled for life"), на кој сексистичкиот и мизиерен коментар за Никол најверојатно сеуште му стои, како и другата мизерија од мајтапење со дете, ама затоа пак по итна постапка му се избриша сликата од БЛМ што ја објави за време на протестите за Трамп, па му ја вратија откако се дообјасна дека постот му бил во смисла дека за БЛМ протестите имало поголема војска. Чешити!

    Јас мислам нема да им се случи нив, пошто по се ова сфатив дека некои луѓе едноставно "размислуваат" онака како што ќе им кажат да размислуваат, така да, безбедни се :D:D

    Туку го ислушав денешниот говор и разработен новиов претседател! Ти го мислиш сеуште си ја нема наместено фотелјата по желба, а тој веќе предвестува војни. Cheers! :d::d:
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Доправа ќе гледаме нови форми на 'терористи, а?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Максин сега не ја коментирате?
    За разлика од Трамп, кој повика на мирни протести, таа повика на насилство.
    "We've got to get more confrontational. We've got to make sure that they know that we mean business."
    "I don't think anything about curfew. Curfew means I want you all to stop talking. I want you to stop meeting. I want you to stop gathering. I don't agree with that."
    Последици што !?
    Коментар никој нема?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Извини што Максин повикала на протести на улици доколку се случи неправда во судењето на Дерек за убиството на Џорџ Флојд. Стварно не требала. Срам да и е!

    Poor Daddy Trump :(
     
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Ја пропушташ поентата.
    Политичко повикување на протест во период на пандемиско жариште е претенциозно и со умисла.
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Аха, а сега значи целта ги оправдува средствата, а?

    Оправдано е повикување на поголемо насилство на веќе насилна група одговорна за смртта на над 25 личности, демолирање, кражби, а сега и пукањето по обезбедувањето шо го предизвика дотичната
    што слета во туѓа држава да буцка хулигани и си се врати дома, на топло, најверојатно со приватно обезбедување и приватен лет, ама полицијата е непотребна за обичен народ и крива за се
    при што завршија луѓе во болница?
    А за луѓето што излегоја на протест поради нерегуларините избори не е оправдано, така?
    А правда за убиените од БЛМ мобот кога? Или нивните животи не се битни, само на криминалците со дебело досие се битни?

    И извини судике за кое убиство зборуваш?
    Знаеш дека твојот идол за време на "убиството" во себе имаше 3-4 пати повеќе од смртоносната доза на наркотици и знаците на предозирање ги покажуваше претходно?
    Ги изгледа снимките од bodycams што поради политички причини толку долго се криеја?
    Виде дека се однесуваше нерационално и манично и дека одбиваше да го уапсат?
    Виде дека поради таквото однесување го прашаа и него и бившата негова што беше со него во кола дали е под дејство на наркотици во моментот, што негираше и на што таа гестикулираше и одговори дека е нестабилен и невротичен?
    Виде дека се жалеше дека не можи да диши пред да го легнат на земја и дека самиот побара да го легнат на земја баш затоа?
    Знаеш дека голем дел лажат така и чекаат прилика за да нападнат и да бегаат?
    Знаеш дека беше мускулест и 1.93, а полицајците стапчиња?
    Виде дека секако се обидуваа да соработуваат со него и му понудија и да отворат прозорци затоа што се плашел да влези во кола поради клаустрофобија (иако го извадија од кола)?
    Знаеш дека повикаа медицинска екипа?
    Знаеш дека позицијата со коленото ја учат на тренинг за полиција?
    Ако не виде да си ги изгледаш прво снимките, па после со Максин да си застаниш и да си делиш правда.

    Шовен можеби е арогантно ѓубре, ама за убиство од втор и трет степен немаше основа ни да се суди, а уште помалку да се осуди.
    Неправедното судење е баш поради Максин и други политичари што искористија ситуација за да си собираат политички поени, иако се баш тие виновни за сите проблеми во општеството.
    Каде се видело политичари на уште недонесена пресуда да подгоруваат народ и да се закануваат на правосудството со насилство?
    Да, од полицијата што ризикува живот секој ден за ситно се сите проблеми, не од нив, тие хероите се, пошто плукаат по обичен народ што си ја извршува должността.

    И која ти е целтта што го вметна Трамп во дискусијата? Ако имаш за настанот нешто да искоментираш, добро, ама каква врска има poor daddy Трамп (освен нели тоа што за него се поинакви правилата) со глупостите на Максин? И зошто poor? Него го судеа?
    На рандом човек што вршеше должност му пресудија, во обичен народ пукаа, Трамп пак си е на удобно, исто како што и си беше пред политика.
    Или емпатија имаш само за криминалци што свесно и со намера упаѓаат во туѓи домови и вперуваат оружје во трудни жени пред две годишни деца, а за останати што се нашле на погрешно место во погрешно време и ненамерно изреагирале несоодветно немаш? Тие можи слободно на плоштад да се потпалат од мобот како и останатите минувачи.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Банот на Трамп пред 3 години го оправдав.
    Твитер беше и е (Х) приватна компанија, на кого не му чинат условите на користење - нека не користи, нека напушти, постојат алтернативи.
    А човеков беше претседател на сите граѓани и како вршител на таа должност, треба(ше) да знае подобро од подгревање тензии меѓу населението.
     
    На staycalm и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    22.460
    Пол:
    Машки
    Еве, сега твитер (Х) е она што членовите овде го бараа кога го банираа Трамп.

    Знаете што е подобро? Апсолутно ништо. Цензурата сѐ уште постои, само сега истата е највеќе за критикувачи на Илон. Илон нареди да се одбанираат најтоксичните акаунти.

    Говор на омраза, расизам, хомофобија, трансфобија во најголем пораст, исмевање, онлајн булинг и тн.

    Сѐ што порано беше забрането сега не е.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.