Убава тема зашто не е активна?? Цензура, тврдокорно НЕ! Право на глас /мислење има секој. Но. Со секое право, добиваш и одговорност. Дома што сакаш збори си, на куќна слава исто, но на јавен настан, јавна платформа не смееш да дискриминираш, не смееш да навредуваш, не смееш да покажуваш гениталии, не смееш да убедуваш група на луѓе дека друга група на луѓе не чини (Hitler, duh). Имаш право да си хомофоб, но имаш обврска да не се тепаш по улица, и да не навредуваш случаен минувач, исто како и нехомофобите. Имаш право да си расист, но немаш право да омаловажуваш некој поради боја, вера, раса. Освен нели дома, доека гледаш вести. Смееш да си хардкор верник, но не смееш да ги каменуваш верниците на друга религија или, неверниците. Можеш да си шовинист, ама не смееш да ја навредуваш колешката, комшиката, претседателката само оти е жена. И не смееш ни да помислиш дека жена ти дома, има помалку право од тебе. Банирање на социјални мрежи не знам како оди, каква е политиката на самите фирми, ама и те како треба да бидеш опоменат од (во случајов) МВР, ако правиш нешто од претходниве примери. За жал, право на мислење /глас имаат и "сама си го барала", и "да правеше ручек, немаше да ти се деси".. Ама со оглед дека не кршат закон, останува да ги читаме, и да се прашуваме со кој делиме воздух..