Имам неколку познанички што се породија периодов таму и верувај ниту една задоволна. Две од нив иако со царски платен 5 дена дошле да ги испуштат на 2,3 ден. Расправии нормално со таа директорката. Од сестри незадоволни, педијатри исто. Не ги учеле за доење. А и ништо поевтини не се. Види ги само колку се сликаат на фб, место да работат
Дали може некоја да сподели скоро искуство за пораѓај во Плодност, Битола? Слушнав дека се поскапени цените па сакам да се информирам. Исто, ме интересира дали проверката на крвна група за бебе е задолжителна доколку мајката има позитивен RH фактор, бидејќи сигурно и тоа се наплаќа. Освен пораѓајот, евентуалната епидурална и за болничките денови што друго се наплаќа?
А како ќе закажеш кога не знаеш кога ќе се породиш? Мислам некоја членка кажуваше дека апартманот може да се користи само ако се погоди во моментот да е слободен. А дали е еден или повеќе, нека каже некоја што знае повеќе..
Може Чаир е слично, на ГАК ако има слободно во моментот ќе ти дадат, 50 евра од ден во апартман, ама 2 жени во соба, ако сакаш и има можност сама во собата, тогаш си плаќаш 100 евра на ден. Баш една до мене на ПИН со царски што беше прашуваше, и следниот ден се ослободи апартман па ја однесоа.
Два се колешката знаеше Кировски кога ќе ја породи и така си го капариса,јас кога го платив беа празни и двата.Е сега може да има гужва и да се нонстоп зафатени.
Офф, ај ќе се распрашам, веќе имам познати таму, зашто и јас сум со ниет да земам еден ради посетата. Но навистина неможам точно да знам, што ако бидне порано/покасно, џабе капарисување.
Ај можеби ќе имаш среќа,повеќето го бараат ради посетата,и според мене што е сосема исправно.Рспрашај се инаку апартманите се сосема поразлични од другите соби,Можеш и на нивната Страна да ги видиш.
Да, ги имам видено на фејсбук, фино изгледаат, но такви се и останатите или барем јас во таа што бев беше многу слична. Само плус фотеља што имаат за седење.
Да, без врска е. Ако сакаш посета демек плати си соба. Но сепак цените се неспоредливи. Еве мене лично приватна клиника ми е луксуз и фрлање пари.
Државно е сѐ, само не бесплатно. А да не зборам за оние кои плаќаат здравствено осигурување секој месец, а одат приватно. И не, не е луксуз во приватно. Туку мизерно е во државните, па затоа чисти крпи, топла вода и професионален однос ни се гледаат луксуз.