Самата помисла дека одиш на приватна клиника, плаќаш толку многу пари, позитивно влијае на твојата психа и имаш некоја поголема сигурност дека се' ќе биде во ред...Ако тоа ви е потребно и можете да си го дозволите ок, но да се задолжуваш мислејќи дека таму ќе се породиш со песна а на државна ќе те остават на бокс да умираш ...не знам, секој со своето...Јас се породив на државна и се' помина во најдобар ред, искрено не знам дали плативме и колку... Е сега односот на сестрите е малку ...Ти врескаш, се мачиш, бараш некој барем да ти каже дека нели така треба-првпат ти е, поима немаш што и како, било што, утеха некоја...а тие си ја раскажуваат последната епизода од некоја турска серија и се понашаат ко да нема некој кој умира од болки до нив, но веројатно долгогодишната работа станала веќе рутина и немаат намера покрај се' и психолози да изиграваат во тој момент... На крај, единствено важно ми е да знам дека докторот што ќе ме породува е добар и искусен, другите ''ситници'' не ми се толку битни...
може да побара, ама мора да потпише дека е по нејзино барање, и дека одредени несакни последици би биле на нејзина одговорност
Може да си побараш, а со плаво картонче не се плаќа. Секаде низ државните е исто, со картонче природен и царски пораѓај е без пари.
си отидоа стручнаците за пари тоа е точно не се будали да работата за по 30 000 денари на клиника а учеле 100 години , некој бизнисмен ке зима за една нок 100 000 а они ке дезураат цели денови и ноки за бедни пари , е затоа си отидоа а тоа што го зборам не е на памет значи од најсигурни извори од клиника е , е сега има уште некој доктор тоа е факт ама и за него треба врски да фатиш да го бркаш по пријатели да дадеш некоја паричка виски едно друго. односто на сестрите што сите го потенцираат како е битен многу посебно за некоја која прв пат се порага и е потребна подршка а не некоја таму исфрустирана баба да ти се дере , сепак се работи за 2 животи а животот нема цена !!! секоја чест на некои државни породилишта во државава , во бнатрешноста каде се функционира даааалеку подобро од наша гинекологија и чаир!!!!!
Јас лично сум многу задоволна од тоа како поминав на ГАК при породувањето, не морав да имам којзнае какви врски, си го побарав докторот што го сакав, немаше никаков проблем, ниту пак ми побара нешто за возврат. А од односот, па зависи колку очекуваш - ако имаш преголеми очекувања, секако дека ќе се разочараш. Јас не очекував да ме тинтраат како кралица, сепак, не бев само јас таму, ама тоа што го правеа за мене, беше сосема доволно. И да не беше докторот - не знам дали ќе беше сè како што треба со мене и со малиот.
И јас имам позитивно искуство од ГАК, можеби бидејќи имав лесно породување (ова јас сама си го заклучив ). Да бидам искрена не ни знам кој доктор ме породи, имав една позната сестра и знам дека ми искоментира вака да ги местеше докторите на смена немаше да ти се погодат немој да се плашиш и слушај ја бабицата и докторите што ти зборуваат. Мислам дека е до психолошката подготвеност на трудницата повеќе, и јас имав слушано за муабети од типот-"убаво ви беше кога го правевте а сега плачеш" или некоја таква форма но јас не чув ништо такво. Мене ми беа многу пари да ги издвојам за да се пораѓам во приватна клиника а највеќе ме одвраќаше фактот што ризичните пациентки повторно ги праќаат на клиника. Имаше една госпоѓа во исто време со мене во болница која десетина години се мачела да остане бремена спомена некоја цифра на пари што ја оставила меѓудругото и во клиниката Плодност (ми се чини) во Битола и конечно останала бремена. Сакала нормално и таму да се породи бидејќи и таму живее но и рекле да си дојди во Скопје на ГАК со оглед на состојбата. Знам дека за многу жени е трауматично искуство, можеби јас сум имала и среќа но мислам дека премногу си земаме при срце па нема да го носам дома болничкиот кревет сепак се работи за 2-3 дена во кои среќата од штотуку роденото бебенце засенува се друго. Инаку да не бидеме надвор од темата, со плави картони не се плаќа за породување во државните клиники.
Темава дури ме испровоцира да се регистрирам на форумов. Зошто толкава осуда и критика за избор на приватна клиника. Прашање е на личен избор. Факт е дека половина од професорите од клиника отидоа во приватните и дека врз основа на стручноста на докторите нема разлика, ама разликата во третманот и условите е неспоредлива. Јас во државна не сум стапнала неколку години и немам намера ниту да стапнам. Кога можам да си платам, ќе си платам бидејки во тие денови сакам да ја имам најдобрата нега и третман од секој аспект. Се разбира дека парите ќе ми скратат од моите лични потреби и луксузи,на никого не му растат пари на дрво. Парите за одмор ќе ги дадам за комодитет, кај ќе одам на одмор со новороденче па да чувам пари за одмор? Мене и сега ми значи кога ќе дојдам на преглед што не чекам ни минута, туку одма ми доаѓа доктор со 100 % внимание, отколку во државна да се расправам за редослед со 100 жени пред врата што дошле да фатат ред во 6 часот и не пуштаат ни да прашаш, а сестрите со книшките и картоните те гледаат како да им бараш пари те шетааат на 100 места.Да можам да се откажам од здравствено осигурување и сини картони одма ќе се откажам, бидејќи не заслужуваат ни денар.
И јас се породив во ГАК. Задоволна сум од условите, апаратурата, хигиената, ама од односот на докторите сум тотално разочарана. Премногу се арогантни и безобразни. Барем тие мене што ми се погодија беа такви.
сумите во приватните клиники не се мали но што е евтино во државава ??? знам дека е претерано али.....за мене многу по претерано е некоја си тања кокев да ти побара за 5 метри тул и 1 метар ципка неколку конци и ништо друго 1000 евра е тоа е безобразлук. јас сега ке бидам невеста и шетам по бутици за венчаници и се револтирам како лугево велат дека им е скапо 1000 евра за порагај а не е скапо 800 евра за венчаница е тоа не можам да го сватам
ме интересира колку чини породување во приватниве клиники ? царски и природно ако знае некој нека пише. поздрав
Mislam za sv.Lazar citav: carski 90.000 so 5 dneven prestoj,pregledi,vakcini za maloto i.t.n I priroden so epidural samo za 60.000 so 3 dneven prestoj I isto pregledi,vakcina... Pa dali se normalni privatnive?
Не се нормални цените, ама се додека има луѓе кои даваат пари, нема да намалат цена. Да се проретчат жените кои одат приватно, да видиш како ќе им паднат цените. Ама тоа тоа ти е кај нас, ем некој нема пари ем кредити зима за таму. Баш сакам да почнат помалку да одат, ги ошурија луѓето!
Vo drzavna e vujnata na mazmi odam kaj nejze,a vo sistina imam popust 30% ili 40% ama ne odam zosto ne poznavam nikoj a I nemam mnogu pari za rasfrlanje I ako bi imala poprvo na smetka na deteto ke gi stavam otkolku da gi dadam nekoj mene da me tintra duri 3 dena Mislam deka poveke ke me gleda moj covek otkolku tug
е срцки да така е, ама кога ке размислите дали тие 60.000 ден да дадете во државна или на приватно нормално ке одите таму каде што ке имате поголем третман, но ремедика не е нормална има посебни цени за тие кои не се дрзавјани на рм и тоа многу голема разлика цццццц
за цениве по приватниве клиники во споредба со просечниот мак. стандард ептен се испозанеле ,дисукабилна е оваа тема не велам не , нели за здравјето наше а тек на нашето најмило ке речам нема цена , ама не ми останува избор немам пари одам на државно и крај , морам да ви кажам една смешка , собрани на мекици еден куп бабички и стринки имаше и коментари околу пораѓајот нели и другарка ми се избацува и вика ех ја во Систина се породив за толку и толку пари не се секавам точно на цифрата плус и со царски беше ,и овие зачудени леле и што ти правеа тие таму за толку пари таму па ние не плакавме кога се пораѓавме а сите по 4-5 деца до душа бабички не ни знаеја што е тоа Систина
Абе приватниве на таа карта играат, дека нема цена за здравје и дека можат да лупаат баснословни цени и да знаат дека ќе помине. И јас ќе одам во државна, што заради врските што заради тоа што не се плаќа. И си викам, за 90.000 денари, ако се истрауматизирам од ГАК не 5 дена туку 25 дена ќе платам рехабилитација во најдобар СПА центар
Да ти кажам за мене е паметно тоа барем сеуште не е напунета со косовари како систина (заради нив и гужвите што ги прават си отидов од таму).
ех срц јас сум изнервирана затоа што сум странски државјанин и разлика е голема у цена 1700 еу за природно породување а за царски да не помислувам.
упс да не се сватиме погрешно, јас ги спомнав косоварите (и само заради нив ми е драго ова со цениве, за да не се преселат и таму), според мене ужасни се како пациенти. е сега работата е што секој што не е од мк е странски државјанин немам ништо против другите пс. а кај го виде тој ценовник за странци?
па има на веб страна на ремедика пишува ценовник и се убаво напишано. Види ќе си знаеш колку точно ќе те чини пороѓај. позз