Никој не може со сила да ве натера да направите преглед, ако вие не сакате. Ама ако докторот се сомнева на нешто, подобро е да се направи прегледот и да е за "џабе", отколку после да биде "не виде дека има проблем". Мене тоа ми се случи во првата бременост, и ја послушав матичната, пошто почесто одев кај неа на прегледи и контроли, па го имаше муабетот зошто да даваш пари за "џабе". За на крај да испадне проблем, па испитување на приватно, и клексани на приватно, и сѐ останато во паники.
Никој никого со сила не тера за прегледот за срце, мене ми беше предложен не отидов не го направив, докторот после не ме ни праша зашто не сум била. Јас на првичната сума за породување доплатив уште зашто не задржаа плус еден ден,плус крвна група за бебето, брис од очињата, ехо на мозочето демек ради повракањето, од денешен аспект па и отпосле од кога добро размислив не задржаа за пари, ме видоа мене испаничена, исплашена, и знаеја немаше да кажам не. Не знам дали зад ова стоеше педијатарот или сестрите од неонатологија небитно бидна веке, ама ме задржаа за глупа причина демек повракало, т.е блуцкаше ко и секое бебе, па не било уходано, и магично за неполн ден без терапија престана да поврака и се ухода и се по ред. Сега да ми е паметов оди си и свиркај се од друг нека зимаат пари
Имаш опција да не плаќаш, ама треба да трчаш брзо и плус може да те фатат Инаку, знам како е, ама па јас немам мир да оставам така на случајност, дека може ништо не е. Особено за ќерка ми.
Мене ми наплатија и испитување на билирубини. Дали има жолтица или не. Без тоа испитување не можеле да не отпуштат од болница. Гледам на другиве што сте породени во систина не ви го наплатиле. Хм
Ne mi naplatija. Redovna postapka e pri ispustanje od bolnica i vleguva vo paketot. Kolku dena bevte, regular?
Малово 3от ден фати таму жолтица, многу беше жолт и веднаш му проверија билирубини, на испуштање пак, ништо не доплатив.. @wannaBeMomma четвртокот околу 20ч ме примија, понеделникот околу 14ч си отидов дома, царски бев
Незнам Кукле. На крај коа плаќавме освен царскиот од 101400 ден, ни наплатија и 1800ден лабараторија. Кога прашав дали е се во ред, се исплашив да не му е нешто на бебето, таа на пултот ми одговори дека е стандардно испитување на билирубини и без тоа не можат да не испуштат од болница. Баш се побунив дека би требало да е во склоп на цената, кога веќе е стандард процедура. Инаку моето бебе немаше жолтица, не фати ниту во болница, ниту дома. Регулар 4ноќи Тоа е. Јас едвај чекав да си одам дома, немав живци да се замарам. Ептен ми измрцварија последниот ден со бирократија. Требаше во 11-12 да си одам. Тек во 15часот си отидов. Као и да е. Јас таму бев заради докторот. Да беше Митко на ГАК и таму ќе идев. Бескрајно сум му благодарна.
Здраво женски, Почнав јас да ве читам од почеток ама некако нема врема да дочитам. Многу стари цени прочитав. Да може некој што тазе се пораѓал да пише цени од Ремедика и Систина и од било каде од кај што сте задоволни. Јас со првото дете поминав низ хорор филм во Кумановската болница, па сега сум решена да барам подобри услови.
Sistina spontano poroduvanje 70.000 carski 101.000 nema drugi skrieni trosoci, ti gi preporacuvam dr.elizabeta matevska, pancevski i palcevski...
На мене ми го наплатоја за двете близначиња Систина 101.000 врв секоја чест царски бев после неполни 10саати си ги шетав бебињата никакви болки не го осетив пораѓајот. Бескрајно благодарна
Јас се породив во Санте плус, и тоа малку пред да ја затворат болницата. Бев породена со царски зошто веќе бев 42 недели, а немав ни болки и Јегни ме породи. Многу сум задоволна од целиот третман, условите и вниманието што го добив. После 4 дена дојдов дома, супер се чуствував. Пошто сакав природно со епидурална на почеток плативме 990 евра + епидурална 120 евра, но на крај со царски завршив и плативме севкупно 1500 евра, со тоа што првите контроли и за мене и за Дарјан беа бесплатни.
Здраво, ме интересира дали некој скоро се има пораѓано во Ремедика со царски рез и колку чини? Ви благодарам
Не ми беше јасно бидејќи на форумов цитам 95000 а денес во Ремедика ми кажаа 105000 и плус дополбитени трошоци за бебчето:/
Веројатно им се зголемени цените, прашај си од кога е таа цена. Навистина е лошо кога го прават тоа а претпоставувам немаат некоја дополнителна “услуга” ставено во цената
105000денари. плус нешто ситно за прегледите. Ама секако треба да си спремна и на дополнителни трошоци (дај Боже да нема потреба). Ние останавме уште една вечер плус заради жолтица и си доплативме 3000 за бебето, 3500 за мене (и 3500 за мм пошто и он беше со нас), па така од ништо излегоа уште плус 10000денари.