Fala mnogu za informacijata Па ваљда добро ги разбрав. За самиот пораѓај и за 6 дена е толку. Нешто дополнително нема, ама кало и да е повторно ќе се распрашам.
Аууу, не знаев дека толку рипнале со цени во Ремедика. +10 000ден. е тоа на старата цена. Таму водам бременост и поскапени им се малку цените, но за некои 100-200ден. Баш ќе прашам нареден преглед.
Па и јас ја водам таму бременоста и дека при крај сум па прашав колку чини, ама многу се рипнати цените. Баш ќе прашам да не имаат нешто дополнително вклучено во цената. Зошто станува збор за голема разлика
Не знам што би вклучиле дополнително во цената, ама поскапо е и од Систина, а факт е дека тие се поопремени. Искрено, ако е така, ова може да влијае многу на мојата одлука каде за пораѓај.
И во ремедика се вклучени. Јас веќе се пораѓав таму пред неколку години и доплатив за тие неколку дена што лежев пред да се породам и ехо за колкчиња. За ехото и не ми е битно да е таму, и така не планирам да одиме кај нивниот ортопед, ич не ми е по ќеиф. Треба да проверам, ако ја чувам сметката, што доплативме, ама знам дека дополнителниот престој најмногу кошташе.
За ремедика.. претходно цтг, ехо и слично пред пораѓај вкличено е во цената или посебно се си плаќаш? Јас треба наредна недела да одам таму за разговор за породување па да знам што да очекувам.
Сега прашав во Ремедика105000 е. Заехо, цтг е 6000 ама го одзимаат од тие 105000. Во цената е вклучен пораѓајот и педијатриски преглед за бебето и гинеколошки преглед. Се доплака околу 2, 3000 за прегледи за бебето , за слух и уште некои испитувања. Ако треба дополнителен ден е 4500.
Јас се пораѓав таму, царски плативме 95.000 со се тие 6000 аванс. Е за мене плус имаше 3500 за ден лежење пред да родам, тсх хормон 750 и црп 300ден. За бебе плус 2200 за некои плус испитувања тоа си одеше на посебна сметка. Вкупно плативме со се авансот и сите плус испитувања 101.750, од извештај ти пишувам пред мене е 95.000(царски)+3.500(ден лежење пред раѓање)+750(тсх)+300(црп)+2.200(бебе) =101.750 Значи чиста цена со се аванс без плус испитувања е 95.000, така пишува тука Царски рез 95.000. Инаку докторот кој ме водеше и ехо не ми наплаќаше мене, извештај не ми вадеше за ехото па не плаќав, а ако имаше потреба обавезно ме гледаше на ехо. А инаку по правило ехото се плаќа, не спаѓа во цена. За бебе плус лежење беше 4500, за мајка 3500. Но со бебе не лежевме плус, само јас сама пред да родам. Имавме еден месец прегледи за бебето и имав еден гинеколошки преглед месец по раѓањето.
Да, ремедика сега ептен скоро поскапеа, јас следнава недела сум на прв скрининг, прашав 4500 ми рекоа дека е без приска, се ќе излезе поскапо од систина ваму
Еве и од мене потврда за ремедика, 77 000ден. спонтано со три болнички денови и 105 000ден. за царски со пет болнички денови. Се доплаќаат од 1500-3000ден. дополнителни прегледи за бебето (кардиолошки, ортопедски и др.) Кој сака сам во соба, си доплаќа 3500ден. од ден, единствено тоа е останато од стари цени.