Вака-така и Систина поскапе. И очекувано беше. Ова со наплаќањето на цтг и прегледи може дури и поскапо да излезе од ремедика.
Jas koga odev Petrovska mi rece deka borba vodat so turcite okolu (ne)naplakjanjeto na pregledite vo 9ti mesec.
Па зашто е иначе рекламана за Стопанска банка Битола, со кредит за породување... мора да дигнат цени, башка нафтата поскапе
Систина често зголемува цени. Ситно, ситно, ама често Турците? И на нашиве им одговара. На никакво јавно здравство лесно им е.
Па ваљда ќе приметат дека им се намалуваат пациенти. И сега им се високи цените, ама ај ќе "се излажеш". Ама да треба 4000 за ехо да платам, мало морген.
Јас не верувам дека ќе им се намали бројот на пациенти, особено за ехо и скрининзи. Како што ГАК ја бие лош глас, и во внатрешноста нема многу лекари, пак сите во Скопје ќе идат :/
Доста се рекламираат во Косово,Имаат побарувачка и ке си ги дигаат цените.Зошто да не? Но,државата да воведе бесплатен епидурал за сите во државните родилишта ,незнам колку би имале пациентки . Стравот од болен пороѓај е под број еден,па со епидурал во државните ке замижат на некои други недостатоци во државните за тие 3 дена,поготово ако се земе в предвид фактот дека сепак постојат солидни лекари и на ГАК и во другите градови.
Џабе епидурал, кога немаат основна почит и култура кон пациентките. Сите кои биле на државно, читам, слушам, ги оставаат сами и исплашени без никакви објаснувања за процесот и тука доаѓа несигурноста кај пациентките. Не е секогаш до докторите, добро менаџирање и те како треба на клиниките кај нас.
Да ви се умешам во муабетот снаа ми се породи во Ре медика пред 8 години и внука ми беше пред време родена во 35 недела тежеше 2 кг. беше во инкубатор 2 недели и ете ја здрава права. Многу сме и благодарни на Марина Поп Лазарова и целиот тим од сестри до доктори. Ако забременам Ре медика ќе биде мојот избор.