Да дополнам ако останеш вечерта пред породување се плаќа 4500 и плус 4500 за прегледи за бебе (еха на срце, колк, крвна група).
Ех. Од кога вака. Цимерката цел ден беше дојдена пред породување не плати ништо.Ехо на срце и ортопед 1800 доплативме. Крвна група 1000 ден ама ние си баравме.
Се смета како плус болнички ден, затоа. Првиот пат кога се пораѓав и мене ми наплатија за два болнички дена. Првиот ден во 8ч. наутро ме примија, а се породив дури третиот ден попладне. А за останатото и ние тогаш доплативме. Имаше ехо на срце, колкови, аудио скрининг и крвна група. Можно е да имаше уште нешто, ама не се сеќавам.
Жени во Систина цените си ги одредува докторот. Затоа не се чудете на различните цени за иста услуга.
Па цениве им се доста поскапени мене ме примија во 10 вечерта и се породив утредента во 5 на пладне и ми наплатија 4500 за тоа, плус останав уште една вечер ради беба и тоа кошташе 7000 денари за собата само за мене (божем у хотел сум). Мислам дека во Систина поевтино ќе поминевме.
Не е дека те тешам, ама ако сте останале плус ден со бебето, тоа кошта отприлика 7000ден. вкупно за тебе и бебето и плус си доплаќаш 4500ден. што си сама во соба. Знам, затоа што цимерката моја исто остана ден плус ради бебето, и тогаш доплати 3600ден. за неа и околу 2000 и нешто за бебето. А да беше во апартман, ќе доплатеше плус.
Не е точно. Колку ќе платиш зависи од тоа што ќе одбере докторот дека ти правел (ехо, интервенција и сл). Не одредува он цена.
@eli25 Тоа знаев дека си се доплаќа од ноќ, зборам дека ми наплатија за предродилна дека сите се сами таму, дури откако ме земаа за бокс ме прашаа дали сакам сама или со цимерка. Мислам на толку пари глупо е да ми наплаќаат за чекањето да се породам.
Кога се пораѓаше? Лани на цимерката не и наплатија а дојдена сабајлето. Знам заедно ја гледавме сметката
Јас сепак мислам дека тие 4500ден. се за плус денот кога останала. Само сѐ зависи како е заведено во сметката.