1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цени за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од love23, 16 февруари 2012.

  1. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    го имам јас ценовникот, знам колку ќе ме чини, него не сум забележала за странски државјани, затоа те прашав.
     
  2. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    а со плави картони се доплака нешто за царски или :?:
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Јас породив на Гак и ништо не платив за породувањето, бидејќи имав плави картони. Се породив природно. И за царски рез не се плаќа ако трудницата има плави картони. Сакав да се пораѓам во Ремедика, ама решив да не фрлам пари за нешто кое што можам да го направам за без пари.
     
    На Vetruska, Mama25 и pepita82 им се допаѓа ова.
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    ^
    Во право си! И јас бев загреана за во Систина со керка ми пред три години ама добро е се опаметив на време ;) И така сите критични случаи, ако нешто не дај Боже се искомплицира пак завршуваат на гак.
     
  5. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ух,,јас најверојатно сум бремена,,само чекам гинекологот да потврди,,но здравје се да биде ок,,се јави еден проблем,,јас сакам да се породам во приватна болница,,ќе ме кошта околу 45 ооо ден природно ако даде бог да биде,можам да заштедам пари до тогаш ако собирам од сега,,а мажот ми не сака да слушне за тоа,,вика државно ќе одам,,зошто да давам толку пари за џабе?..он не може да сфати дека не еџабе..дека тоае ммногу важно за една жена...сите жени од неговата фамилија раѓале државно па зошто не јас,,вика не сме милионери,,итн...но јас можам да заштедам мои пари,,значли не барам ни од него ни од некој друг..како да го натерам да се породам приватно?...за држAVNA SLUшам многу поплаки,,а ако одлучам за дежавно...имма врски таму.доктори,директори на болница,менаџерски тим,,,итн,,,лично и мои познаници и познаници на моите родители,,,не знам дали тоа би придонело за некој поинаков третман...за полесно да поминам...страв ми од самиот чин.........само бог да помогне...кажете ми ваше мислење околу оваа ситуација...
     
  6. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Ако имаш толку мн врски по државниве клиники зошто да плакаш на приватно ,држи си ги врските и сигурно ке имаш подобар третман , мое мислење ;)
     
  7. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    38.900 природно + 6.000 епидурална
    68.500 со царски ... :geek:
    Во плодност во Битола...
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.592
    Пол:
    Женски
    два дена се во прашанје па какви и да се условите се издржува.според мене нема потреба да се даваат толку пари за нешто што е природен процес и од бога даден.најбитна е бабицата во целиот порогај.јас за првото се порагав во болницата во бт.без врски и познанства па имав солиден третман.не е хотел а-категорија ама дури не постоеше плодност сите таму се порагаа.а ризиците и нег.случуванја ги имаше и ке ги има и во едната и во др.болница.сите сме во рацете на дедо бозе па тој да не чува оти ништо друго не е гаранција.
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    :o За овие пари и јас ќе ве породам :rofl:
    Како што читам кај повеќето, породилниот процес не трае долго, а исто и задржувањето во болница...јас би си ги чувала тие пари за нешто друго што ќе трае подолго во животот :) (здраво, јас сум економист :wasntme: )
     
    На WORRIED.BT и Srekicka им се допаѓа ова.
  10. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    И јас би те советувала да си одиш во државна, при толку врски, ти подобар третман ќе имаш таму него ли во било која приватна болница, само што ќе си ги дадете парите за џабе. Точно дека не е сеедно каде ќе се породуваш, негата и вниманието се многу битни во тој момент и секако доктор кој ќе ти пружи сигурност, но ете, кај нас не е така по државниве, премногу родилки а малку персонал, ако си без врски нема ни да те погледнат, за жал. Да се чудиш, ја имаат најблагородната работа на светот, секој ден на свет носат нови животи а се толку арогантни, небаре одиш таму да ги тепаш а не да се породиш. Да имав врски и јас ќе си одев во државна, но немам и затоа одлуката падна за Ремедика. Скапо е, вистина, ама подобро ќе скратам нешто од мене но за најмилото нема да штедам. Едноставно се чуствувам сигурно таму и дајбоже се да биде како што треба, воопшто нема да жалам ниеден денар.
    Е сега, да ве прашам, вие што сте се породиле сега брзо во Ремедика, дали ќе може некој да ми каже која е цената? Знам дека цените се променети, не се истите од пред година дена но незнам дали сега е поскапо или поефтино. Во ценовникот мислам и дека веќе не стојат цените за породилните пакети а и да ги има уште, тоа се старите цени, па ме интересираше кои се промените сега. Слушнав дека околу 35-36та недела се плаќаат 100 евра, кои покасно се одбиваат од целовкупната сума и тогаш се договараш со докторот кој сакаш да те породува. Дали овие информации се точни? Што точно следува со тие породилни пакети? Што вклучуваат прегледите за новороденчето и мајката? Некои велат дека тука се вклучени и некои вакцини. Епидуралната колку што знам се наплаќа 100 евра, а спинална ти следува гратис. Ајде ве молам некој нека пише кој има најнови информации :angel:
     
  11. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337

    Брееј како ме нападна... :lol:
    Вака.. „проблемот“ со нас охриѓанки.. ние во Охрид немаме гинеколошко-акушерско одделение. :lol: Сите трудници мора да се пораѓаат во Струга.. во Струга од ( да не се изразам поинаку ) од Албанци не се поминува!!! Неколку мои пријателки се пораѓаа во Струга и го колнат денот кога ги примиле во болница. Услови никакви, болницата преполна, во собите наместо по 5-6 кревети по 15 и + се е полно со Албанци. 90% од нашите Охридски доктори не работат во болницата.. сите што работат се или Стружани или Албанци.. Најголем број од Охридските трудници одат да се пораѓаат во Битола.. некои кои имаат повеќе пари одат во Скопје во систина... од причина што никој ама баш никој не сака да се пораѓа во Струга. Како што слушнав од докторите во Битола.. најголем број трудници од други градови се од Охрид. Така да... да беше болницата во Охрид во ред јас ќе си се пораѓав во Охрид, во државна болница, ама бидејќи не е .. не сакам едноставно да се пораѓам во Струга од милион причини.. затоа ќе одам во Битола. Мислиш дека мене ми се даваат 500 евра за пороѓај или пак 1000 евра? :fubar:
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.592
    Пол:
    Женски
    ne napagam samo komentiram.vo drzavnata bolnica vo bt.poraganjeto e besplatno ama kolku sto razbrav ti ne bi odela tamu.toa go komentirav.i na krajot sekoj si znae kolku mu e dlabok dzebot.mm ima edna pogovorka sto cesto ja koristi"SI IMAL- SI DAL" :!:
     
  13. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Мила и да си одиш во Битола. И јас би постапила така на твое место. Вистина, не се мали пари ни 500 ни 1000 евра, ама пак од друга страна, тоа е момент кој засекогаш останува во сеќавањето на една жена, момент кој треба да биде во убаво сеќавање. За негата, посветеноста на докторите несакам ни да зборувам. И точно е дека ќе нема кој да ти обрне внимание онолку колку што една родилка заслужува, пред тебе секогаш ќе биде некој кој платил или пак е со врски таму, а твоето дете не е помалку вредно од нивните, нели? Пораѓањето не е секојдневна работа, па колку пати сме биле на одмор и сме платиле и повеќе од 500 евра и не сме си поминале убаво или пак времето не ни се погодило? И никому ништо, ете ќе скратите за еден одмор ама за себе и твоео најмило пружи си го најдоброто. Според мене, парите дадени за најмилите воопшто не се фрлени пари, кој што сака може да каже ама два живота се во прашање, тоа нема цена. Колку луѓе даваат илјадници евра за да дојдат до бебе, кој макотрпен пат го поминуваат и не жалат ни денар. Неблагодарно е да се каже дека тоа се фрлени пари или пак да се исмева некој кој го сака најдоброто за своето дете, секој има право да си одлучи каде сака да се породи. Подобри мајки не не прави тоа ако се породиме на државно без некој "посебен" третман и луксуз, како што некој има мислење за приватните болници.
     
    На TheEkaterina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Море кога ќе ме фатат болките мислам дека ич нема да ми чуе каков е лустерот или прозорецот :D Шала на страна, секој сака да е сместен во убаво, но со оглед на цените навистина за таков природен процес не вреди да се дава пари за приватно. На крајот на денот кога ќе тргнеш да раѓаш се ќе зависи од тебе и бебето колку оно бутка и колку ти даваш напони, а сестрите се тука да те водат низ процесот (така велат). А за после какви се арогантни многу ми е гајле, една другарка ја пуштија од државна за 24 часа.
     
    На anicka1anicka и macence4 им се допаѓа ова.
  15. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Јас планирам да се породом Битола во државната па ме интересира дали се плаќа и колку :) Инаку за денешниот стандарт ретко кој може да си дозволи да се пораѓа во приватна болница.И јас сакав во приватна но кога подразмислив колку работи ке завршам со тие пари се предомислив.Секако секој си има право на избор и начин на размислување.Само господ да е со нас и да ни поможи на пороѓајот се да биди како што треба а тоа дали ке биде во приватна или државна според мене и нема некоја улога.Ма во приватните гледале повеќе...и во државната ке те гледаат ако има дадеш пари :D или грешам :)
     
    На Danni79, Forko и Cliona им се допаѓа ова.
  16. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Ич не грешиш..така си е.Со Дедо Боже само па ни пари ни ништо не помагаат.
     
    На Annath и macence4 им се допаѓа ова.
  17. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Секој ќе те гледа ако му дадеш пари :lol: Е сега работата е што во државните не треба да биде така, не треба да платиш за да ти го пружат најосновното ама така е кај нас, додека не го отвориш новчаникот и да зашушкаш со пари, никој нема да те погледне. Секоја чест на исклучоците, ако воопшто ги има сеуште. И сакав да кажам уште нешто, не секој оди на приватно поради луксузот или да му биде убаво таму, у ствари незнам и дали некој би давал толку пари само поради ова, мислам дека луѓето се одлучуваат за приватните болници поради поголемата сигурност таму, поради поголемото внимание кое се добива и човечноста на персоналот. Бар јас поради ова се одлучив за приватно, а какви биле зидовите ми е најмалку битно.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Да ти кажам искрено... откако уназад веќе неколку години само слушам на ТВ како жени низ Македонија умираат од сепса.. страв ме фаќа од тие државни болници. Во приватните болници.. го добиваш најдобриот третман кој можиш да си го замислиш. Да не зборувам за чистота, за услуга, за љубезност... многу родилки се жалат од државните.. една моја пријателка која се породи во државна пред три години ми има кажувано дека соковите и овошјето докторките и го земале од соба или воопшто не и го давале. Така да... јас ќе си се пораѓај во приватна здравје Боже дотогаш.. и јас ќе си имам убав третман а и малечкото. Парите ќе ги дадеш ама за парите пак ќе добиеш нешто што нема да го имаш ниту дома од најблиските, а за во државна да не правиме муабет...
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Здравје Боже планирам да се породам во државната болница во Битола. Со плави картони мислам дека не се наплаќа или пак ако се наплаќа е нешто минимално. Како што слушам гинекологија е реновирана, во соба се по 3 или 4 жени и во соба има купатило со вц, клима, тв. Значи условите биле доста подобрени за разлика од другите одделенија. А за пристапот на персоналот незнам каков е, зависи кој ќе се погоди
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Со плави картони во ниедна државна клиника не се наплака ниту царски ниту природен пораѓај ;) и дефинитивно сите имаме различно искуство ,јас пред 3 ипол год се породив на клиника не платив ни денар ,никој не ми земаше ни сокови ниту овошје се што ке нарачав по мм сестрите или чистачките ми го носеа на кревет и како за без пари слободно можам да кажам дека персоналот имаше коректен однос !