Наводно поскапено е за 20,000ден. Нема смисла ако не понудат барем нешто плус од тоа до сега што нуделе.
Мајкички сакам да се породам во систина. Првото дете го родив во државна во Штип пред 6 години, сега за второто сакаме на приватно. Ми рекоа во систина имеле пакети за породување 103 000 денари ама треба да одберам доктор. Имате ли препорака или било каков совет е добредојден?
Што зборите за цениве ова не е нормално.Па приватно породување,колицки,креветче и цел пропратен материјал со се прегледи и терапии едно бебе кошта 4000 евра најмалце Какво време дојде ние постоиме за приватниве клиники а не они за нас
А што е најстрашно, најлошите случаеви пак на ГАК ги носат т.е не превземаат одговорност за нишо... и после се нешо од ГАК се наоѓа за објавување на вести, епа нормално кога преку ден 100 души им поминуваат, пороѓаите како на лента им се.. тоа е..
Знам за жал така е.Море ќе стиснам заби за 100.000 ќе издржам.А кога ќе видиш како ти е пишано така ќе биде дал приватно дал државно.
Не знам како ќе ме сватите лепотици ама што е многу многу е.знам дека се работи за нашите деца за нас ама 103 000 денари па тоа се пари бре луѓе во оваа тешко време во оваа сиромаштија.а тоа е само пороѓајот каде се другите работи количка креветче алиштенца па не му е доволно нашето млеко ајде формула памперс влажни козметика и што ли уште не.
Бебе е инвестиција. А мила што да кажат тие што и пред да го добијат се имаат изнафрлано купишта пари за воопшто да го имаат. Ехххх... Ама вреди!
Да и тоа затоа ме иритира уште повеќе кога знаат докторите колку многу се мачат луѓето и трошат пари за да имаат дете а тие уште и ги зголемуваат цените наместо да им се најдат во пресрет да им помогнат тие им одмаагат и ги задолжуваат по банки итн.
Страшнооооо! Место се да иде за добробит на детето во секој смисол, комплетна негова издршка , ваму парите за некој бизниси што си тераат...ама тоа е, животот е таков.
Ја не ве разбирам. Цената е таа. Сакаш одиш, сакаш не. Ваљда си направиле истражување пред да покачат. Све поскапе, та за луксузиве. Ова бар не е задолжително.
Епа затоа и поскапуваат. Јас баш реков, и 100 000 да беше природно, пак ќе платев. И они си го знаат тоа.
Значи ти си крива за се, од тебе почнало Ајде бе пари се, ќе се заработат пак! Само здравје да не служи!
Хормони Теди Јас од прееска дрдорам низ дома. Ајде мајка ми ми истрпе, мм веќе вториот пат кога коментирав ми вика “Дај бе Мини гледај филм, доста веќе. Колку е толку е. Нема да поефтинат ради муабетов” . Ти кај се породи? Не памтам