Сум скокнала некои коментари. Не е дека докторите поскапуваат, тие се само вработени. А голем дел од нас сепак би се одлучиле за приватно, без разлика на цената. Нормално, сите си имаме своја причина. @TeddyGrey Претходно не поскапеа во Систина, може нема ни сега. Мене само не ми е јасно што толку им се зголемуват трошоците во Ремедика. Баш ве читам за во Систина дека е посредено, нови спавачи, нови алиштата за бебињата...
Од синоќа истото го мислев како тебе. Јас лично одам ремедика ради докторите и пред бременост и сега во бременост. Не сум била во сиситина но читајќи тука е топ болница. Во ремедика сеуште со истите спавачи што викаш не е кречено од поодамна,е незнам бебината како ги облекуваат само. Како и да е не е политика на докторите според мене на менаџментот е. Докторите кој колку сработил толку ќе си земе. Жално е само со приватниве што го земаа квалитетниот персонал од клиники и болници каде што ни беа достапни бесплатно. Но виша сила тоа е. А тој што си има мака под дрво и камен ќе ги собери потребните пари. Само здрави и живи да сме
Во Ремедика од вчера се покачени сите цени, баш се јавив да прашам колку е за царски,ми рекоа 115.000 дека е,да си знам да си барам чаре,пошо со две,си знам дека со царски ќе се пораѓам. И во Систина им се качени цените од декемеври, е сега дали на сите услуги или на дел не знам.
Не е точно дека им се качени цените на пораѓаите во систина. Бар на природното не е, што значи и на царскипт не е.
Затоа реков не знам дали на се е качено или на некои од услугите. Другарка моја се оперираше хистерскопија,и она ми кажа дрка им се качени цените,така и рекле во Систина. Колку е царскиот во Систина?
Според брошурата што им е на страната 1150 евра природно, 1650 евра царски. Не ми се верува дека не е update- увано.
Еве во Ремедика новите цени се 86 000ден за спонтано и 116 000 за царски. Искрено иако бременоста ја водам во Ремедика со оваа промена дефинитивно би отишла за породување во Систина. Верувам дека не нудат ништо подобра услуга од тоа што го нуди Систина.
Според мене Систина дури се подобри, во ремедика правев некоја интервенција, а во Систина се пораѓав. Само и на нив да не им текнебда ги качат цените.
Или дека Шилегов им се закани на Чаир дека ќе ја затвори па у тој регион на Скопје ќе останат единствена клиника Па барем еден паркинг да асфалтираа да не се кршат коли кога одиме тамо кога веќе ги качуваат цените
Да си го отплатат новото крило што го изградија Ко ние да им го побаравме Нема везе, јас трето пак таму ќе раѓам