Кај кој доктор беше и како помина? Дали си задоволна од се? Кај кој доктор беше и како помина? Дали сизадоволна од се?
I mene me interesira toa dali potoa dodavaat nekoi skrieni trosoci.....Inaku i jas planiram da se poragam vo remedika, zakazavme za vtor skrining tamu kaj dr. Elena Petrova pa ke vidam kako ke pominam, a za poragaj zdravje go planirame dr. Jovan Efremovski.
Знам дека темава не е баш соодветна ама ме интересира во приватниве после пораѓај дали е дозволена посета? Некаде прочитав за во систина дека таткото може било кој период од денот да дојде... а деца пуштаат или?
Една другарка се породи во Ремедика, гледав на слики и сестра и и внучето (помало од година) сите беа во болница
Другарка моја се породи таму пред 2 години природно и беше презадоволна. Ја видов цената, за момент помислив и јас ама си имам доверба во мојата докторка и цела болница и не би мењала сега. А и не сум слушнала некој убав збор за таа докторка таму. Плус друга другарка беше на некои прегледи таму, сестрата не можела вена да и погоди, додека таа барала вена, на друга сестра и пукнал шприцот со крв од претходниот пациент... Искрено, пре би во Чаир.
Здраво, читав многу коментари на форумов дека Санте по секоја цена и без индикации породуваат со царски рез. Дали има можеби некој пример за спонтано породување таму или е ова погоре генерално вистина за болницава?
Колку се доплака за проверка на крвна група на бебе во ремедика? Rh негатив сум, прашувам ради инекцијата што би требало да ја примам после порагај, ме интересира и дали инекцијата е вклучена во пакетот од 115 000 за царски..?
Проверка на крвна група е 1000 ден. Јас кога прашував за цена ми кажаа дека се вклучени 5 ноќевања за царски и прегледот на бебето. За се понатака си се доплаќа. За Рх факторот ништо не ми спомнаа.
Прашувам за Ремедика - Во доплатата од 3000 за бебето, надвор од 115 000 за царскиот, што спаѓа? Дали на бебето му проверуваат тироидни хормони? Сега видов во коментарите погоре дека се доплаќа за крвна група. Мислев дека тоа се подразбира дека теба да спаѓа во некој основен пакет. Посебно па ако мајката е негатив крвна група, тоа е нешто баш основно. Второ прашање - ги боцкаат со К1 ? Ако има некоја тазе породена мајка да сподели, благодарам
Во тие 3000ден се скрининг за слух,ортопедски прегледи,крвна слика(повејќе пати проветуваат ке си пиши во картонот) за К1 дали боцкаат незнам немало потреба кај моето,а и не пишува дека испитале за тироидна,(освен ако пишувало во историјата на болница па да сум заборавила) За крвна група се доплаќа Да се едитирам за К1 сигурно ја даваат штом педијатарот кажува по 8 дена да се дава д3 со к1 доколку е на доење,но не сум платила плус
Јас се породив пред 4 месеци во Плодност. Платив 71000 ден. Природно породување 28000 Епидурална 12000 Еден болнички ден 6500 јас останав 3 дена со царски мислам е 5. Имав плус доплатено за бебето 9000 Фототерапија 6000 И постојан надзор 3000 зошто е родено пред време. За мене имав плус 600 ден резервираер на крв. Тебе секој ден ти проверуваат крв и температура. Кај бебето се прави скрининг на мозоче ехо на колкови испитување на тероидна боцкаат и ампула К1 и 2 вакцини.