1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цени за породување

Дискусија во 'Бременост' започната од love23, 16 февруари 2012.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Пепита, тоа зависи и од луѓето. Ние сме на пример мал град точно знаеме кој сме и што сме.. затоа и се случуваат такви ниски работи. Дедо ми лежеше на геријатрија... му носевме што е зборот од пиле млеко.. бидејќи не не оставаа да го храниме ние.. тие наводно му ја давале храната. Булшит... неколку пати ги фативме како храната тие ја јадат.. сме однеле ние.. после нас отишла баба ми и кажуваме односовме тоа, тоа, тоа итн.. не носи ништо као демек јаден е.. оди таа, храната никаде.. Нечовечки од нивна страна. Така прават кај нас... скоро на сите одделенија..
    Малку сум офф топик.. се извинувам. :)
     
    На Miss-HeLL му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Девојки абе пак ќе си прашам јас, најнови информации за цените во Ремедика има некој? Услови, рати, ова она, знае некој како иде? Сега имаат некои нови цени и услови, не се тие од пред година дена, па ме интересираше оние што сега брзо се породиле да ми кажат како иде плаќањето, што е вклучено во цената итн... Фала :$
     
  3. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416

    Рано ти е тебе уште :D Мене уште малку ми остана Бидејќи ке се породувам Бт во државна ке ти кажам какви се условите и како имам поминато :) позз
     
    На okcenzi и Afrodita25 им се допаѓа ова.
  4. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    Мила јас ќе се пораѓам таму, ама уште не сме правеле муабет со докторката во врска со тие услови и рати што ги спомнуваш. Иначе на нивниот веб сајт имаш комплетен ценовник ;)
     
  5. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Не бе мила, ценовникот ако стои уште е со старите цени. Јас последен пат кога бев кај докторката ми рече имале некакви промени, ќе сме зборнеле околу тоа во 35та кога ќе одам, ама мислев некој ако има понови информации да ни пише да си знаеме. Знам сега дека се оставаат 100 евра нешто како капар, каде што ти се вклучени прегледите до породувањето (од 35та недела па натаму), цтг, а незнам за брисевите.
     
  6. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    128
    оф појма немам баш во 32 сум на преглед и ке прашам, обично разговараме од преглед за преглед. А според тој ценовник до сега што сум правела прегледи цените биле тие, е сега за породување ако се сменети-незнам. пс. 100 евра мислам дека ти е за цтг :)
     
  7. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Незнам сонце, ајде баш кога ќе одиш во 32ра недела распрашај се па ќе ми кажеш најточно како е. Инаку денеска бев на часовите за трудници во државна, не шетаа низ родилните сали, кај бебињата и мајките и искрено се изненадив, очекував дека ќе биде по крш некако, се си имав претстава дека се е таму старо, нечисто и баш напротив, пријатно се изненадив. Единствено што не ми се допадна беа ќебенцата во кои беа завиткани бебушите, стари и парталави, но се надевам можеш да си носиш од дома и облека за бебушот и ќебенце или не? И да, се живо видовме, само доктор никаде немаше :lol:
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    еххе и нее баш нешто многу реновирано, т.е нее воопшто, реновирана е само родилната сала и таа ја користат за сликање кога има некој :devil: а собите не се ништо посебно, креветите се сунѓер цели, неможиш да седниш а не пак да легниш, кебиња има по едно искрено никакво донација од војската. јас искрено бев во апартман демек , само две бевме во соба, ама дуваше од сите прозорци, се шо имав ставав да не ми дува :( а и во вц-то се шетаа бубачки ,мијалникот беше затнат да не можиш раце да се измиеш, штом било во апартманот вака, сигурно е полошо во другите соби каде се повеке жени. клима не видов, еххе
    а персоналот е катастрофа нормално има исклучоци, ама се ретки, искрено мн поубо ке поминиш со чистачките тие повеке ке те гледаат, а сестрите и докторите ке идат само ради реда.
    за плакање не се плака ништо, ама сакал некел ке му дајш пак пари на тој шо ке те пораѓа, на бабицата , на сестрата зш ич нема да те погледнат ( ова ти го кажувам од искуство )тие така си се научени
    е ова е вака во бт во болницата за жал, а на тв кажуваат дека е сјајно :devil:
     
  9. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    А љубичица ти дека со царски беше во апартман? Ќе си земам постелнина од дома ако дозволуваат :D . Како помина со докторите, кој те породи, од тоа ми е страв многу кој ќе се погоди
     
  10. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Колега му се породи сопругата таму и заради инфекција на очињата со бебенцето остана 4 дена, им наплатија 75 илјади мкд. Пред тоа го спремале дека 100 илјади е целата процедура, но затоа што се било природно и без проблеми го фатило 75 илјади. Искрено мене тоа ми е премногу, со тие пари ке опремам цела соба за буцка. Но, секој со своето, како си сакате. :*
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    афродита 25
    еххе незнам дали дозволуваат да си земеш постелнина од дома. инаку мене ме прими докторката васа и ме држеше со болки 17часа :( за на крај да ме превземе др јовица иванов и заедно со синот негов, незнам тој како се вика, ме породија, за докторот имам само пофални зборови, цело време ме посетуваше после порагајот.
    инаку јас незнам зошто ме ставија во апартман , незнам дали дека со царски, а не ни прашав :?:
    е сега секој има различно искуство со докторите, мене додека бев таму на посета ми поминаа речиси сите доктори, нели секој ден е друг од сабајле, и можам да кажам дека таа васа, и иванчо се катастрофа однос никаков немаат со пациентите.
    ако те интересира нешто др прашај ;)
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    137.277
    Пол:
    Женски
    битолчанки ве гледам ве има доста на форумов.се што вредеше и малку во болницата од страна на др.и и сестри го собра др.таше,од овие што останаа само кај никола велјановски би одела,така и планирам за една недела да одам кај него на приватно,па здравје боже да го барам за порогај.пред 7 год.се порагав таму и тогас условите беа никакви ама од персоналот бев задоволна а за од дома ствари сега мислам дека се си носиш дури и оние подметачите за под чаршаф.и облека за бебето ви препорачувам да си земете од дома .
     
  13. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Еве јас ке ви кажам како најтазе породена таму. Реновирана е само родилната сала и само таму има телевизор, а од собите 1 и 2 се за природно породени ( јас таму лежев ) се катастрофа демек џамој нови има и тие се расипани и дува од секаде, креветите железни крацкат аман боже, како што кажа и либичица сунгери цели катастрофа, секое сабајле од таа чистачката шо чисти ке си бараш чаршафи нови да ти носи, вц немам коментар можите да замислите кога собите не се во ред не е ни вц то, бидејќои во соба 1 и 2 нема вц таму ( арно не пуштаа во другите соби да одиме вц и да се тушираме ) тоа се собите 3, 4 и 5(заедно) во тие има вц во самата соба :!: во собата 3 видов има клима во 4 и 5 нема е таму се малку поарни вц еата за разлика од другово и вода за туширање има само сабајле пре да иди посетата да си се спремаш.
    За персоналот катастрофа никој не те погледнува не пари шо сакаш дај му не ти идат бре не те фермаат, мене од ко ме префрлија во соба во 10 и 30 дури другиот ден ко беше посетата дојдоја да видат дали сум станала, цела ноќ никој а дали можев, неможев бебето дали плачи, спие никој ама баш никој, не само ноќе туку и денски не ти идат ама барем ги слушаш по ходникот како се движат па можиш да ги викнеш ако ти требат.
    Инаку за пораѓајот и за лежењето нормално не се плаќа ништо ;)
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Ануле и Љубичица а клизми од аптека се земаат, како оди тоа и дали треба за бебето алишта или само пелени и за посета дали дозволуваат во секое време?
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    да клизми треба да си носиш две, јас ги купив од еурофарм
    за бебето не ти требаат алишта, само оние за одење дома шо се, а ти требаат памперс, влажни марамчиња и павловикева маст
    е сега за посета пиши таму време ,ама никој не гледа на тоа, кога сакат си идат, еххе фала богу шо беше така, па мажево мое беше цело време со нас во соба :D
    додуша можи ке дојди некој ке ги избрка тие шо се на посета, ама пак ке си влезат ;)
     
    На Afrodita25 и macence4 им се допаѓа ова.
  16. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Да клизми ке си земеш од аптека не е страшно мене мм од аптека ми ги зема дента, за бебчето како што кажа ljubicicaa само памперс, влажни и павловиќева и не се секирај за бебуш секој ден ти носат алиштенца чисти, а и ако ти е повратено како моето шо беше ке си побараш ке ти дадат или ако видат дека е валкано ке ти донесат самите. Барем замене беше така се погоди таа сестрата :lol: А посети многу многу не пуштаа особено не до кај 3 сато дури се таа една чистачка шо многу вриштеше ако видеше некој и една плава сестра со краткичка коса кој е главна :rock: . Ако видеше некој веднаш го бркаше, ама тие пак ке си влезеа. Е зато после 3 сато кога сакаш, ако е вратата затворена ке станиш и ке си ја отвориш и ке си влезат ;)
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Моја пријателка пред неколку месеци се породи во плодност, презадоволна беше од целиот третман, со посебна диета креирана од таму, трудничка школа, значи се од се...Се беше убаво се додека не се доби сметката, фала Богу што нејзиниот сопруг имаше јако срце и ја преживеа цената... :D
     
  18. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Еве една информација за сите оние што планираат да се порѓаат во Ремедика. Бев вчера за брисевите во 36та недела што се прават и докторката ми вели, за пораѓај каде планираш и јас велам овде, веќе се договорив со докторот кој сакам да ме пораѓа, запиша термин, го направивме првото цтг и во петок треба повторно да дојдам за следното. Добро. Ми ги направија брисевите, ме ѕирнаа на ехо, бебуш добар, се супер, плодовата вода како што треба и следи шок, ми ја даваат фактурата и внатре цената за брисевите и + 6000 денари. Велам зошто ова? Па како капар дека ќе се пораѓаш овде, во тоа се вклуцени цтг прегледите и ехото, и на крај ќе ви биде одземено од сумата. И јас, ама како, вчера со докторот мој правевме муабет за пораѓајот, рече не се наплаќа цтг-то и та ми вели а па сигурно заборавил да ви каже. Ме пратија на некое боцкање да се испитала крвта за што јас не ни имав појма дека треба и ајде на шалтер за наплата. Се препотувам таму, велам незнаев за овие 6000 денари, ништо не ми беше спомнато пред тоа од докторот и таа нема проблем, потпиши овде (обврзана сум да си го платам долгот од 6000 ден во рок од 7 дена), ми зедоа фотокопија од лична карта и ајде пријатно, се гледаме во петок. И да, пред тоа ја прашувам докторката што треба да се понесе за порагај, ништо, само несесер за лична хигиена, добро, а што е вклучено во тие 70 000 денари, 3 болнички денови, основните прегледи на мајката и бебето и пораѓајот. А епидурална, пишува на сајтот дека спаѓа во цената, а не не, за тоа се доплаќа + 6000 ден. :| Ок, го прашувам истото на шалтер ми велат е како, вклучена е епидуралната ама не се вклучени прегледи за мајката и бебето, тоа се доплаќа :| Добро, овде некој знае за што се плаќа? За што се оставаат толку пари? Цела бременост ја водев таму, сите прегледи ми се правени таму и сега уште плати 6000 денари, гаранција дека ќе се пораѓам таму... Еден вели не, друг мора, ме ставија пред свршен чин со фактурата во рака, јас и мм стоиме збунети и така. Па еве за сите кои планираат да се пораѓаат таму, прво да си се распрашаат убаво се што ги интересира да не ве изненади некоја фактура на крај и да прашам некој друг имал вакво искуство? Навистина се одбива таа сума од крајната цена? Да не излезе на крај да си го платам пораѓајот од 70 000 + овие 6000 денари сега + 6000 епидурална + прегледи за бебушот кои колку што знам треба да следуваат со самиот пораѓај и што уште не... Некако до вчера бев задоволна од односот и се ама после ова вчера, како на пазар да си, ни се знае ни кој пие ни кој плаѓа а ни колку треба да плати... :x
     
  19. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Значи јас се породив во ремедика. 6000 ден оставаш како капар за пораѓајот и после ти ги одземаат од крајната сума.
    Значи царски е 90 000. Јас дадов 6000 некаде на почеток на 9 месец. На крај кога си одев доплатив уште 84 000 денари. Е сега во редовната цена за приредон пораѓај никаде не пишува дека епедуралната ти е влкучена во цената. Во цената спаѓа СПИНАЛНА, која се разликува од епедуралот.
     
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Породување / Normal labor and spontaneous delivery 70.000,00 ден. 1.721,00 €
    • Epidural Anesthesia • Episiotomy suture • Cervical rupture suture • Manual removal of placenta • Manual revision of uterine cavity
    • Forceps delivery • Vacuum extractor delivery • Breach delivery • Twins - vaginal delivery

    Sectio Caesarea – Породување со царски рез / Caesarean Section 95.000,00 ден. 2.336,00 €

    Еве, ова е кај нив на сајтот, најновиот ценовник од 22.03.2013, значи од пред месец дена. Никаде на шалтер кога ќе прашаш за цените не ти кажуваат дека се плаќа прво 6000 денари кои после се одбиваат од цената, ама добро, чим кажа тебе ти одбиле значи така е. Само ме чуди, за оваа цена која сега им е покачена, зошто повеќе не ги вклучуваат основните прегледи за бебето и мајката? Зошто и тоа да се доплаќа? И јас ако добро читам пишува епидурална, не? Порано знам дека не следуваше епидурална, таа се доплаќаше 6000 денари а спинална вклучуваа во цената. Е сега, докторката ми рече не не, епидурална не е вклучена а на шалтер ми викаат дека е а и во ценовников пишува дека е, па ме интересираше што ли на крај ќе излезе дека е вклучено а што треба да се доплати |(